Доналд Трамп со нов гаф, шефот на Apple го нарече Тим Епл

Тим Кук и не е баш сосема непознато име во бизнис светот. Сепак, станува збор за директорот на една од најголемите светски компании.

Меѓутоа, Доналд Трамп, синоќа шефот на Applе за време на службениот состанок пред камерите го нарече Тим Епл, додека тој седеше покрај него, а пред самиот Тим стоеше плоча со неговото име. 

Трамп го згреши името на Кук за време на состанокот во Белата куќа, каде се дискутираше важноста на технологијата во образованието. Додека зборуваше за големите инвестиции на Apple во САД, тој рекол:

"Тоа многу го цениме Тим Епл".

 

Top