Хит од соседството: Професор од Вараждин се збогувал со учениците настапувајќи како Фреди Меркјури

Професорот Томислав Цвртила се збогувал од своите ученици во Музичкото училиште во Вараждин на начин на кој тие веројатно никогаш нема да го заборават.

Креативниот професор по соло-пеење на училишната приредба ја извел песната “Bohemian Rhapsody”, имитирајќи го фронтменот на групата Квин, Фреди Меркјури. Снимката од неговиот настап набрзо стана хит на социјалните мрежи – таа буквално ги преплави Фејсбук и Јутјуб. 

“Пред да Ве почестиме со фотографии од вчерашниот концерт, мораме да ви ја покажеме веројатно најкреативната маска на нашиот наставник Томислав Цвртила. Наставникот Томислав со учениците ја изведе “Bohemian Rhapsody” и ја воодушеви присутната публика. Исто така, со ова се опростуваме од наставникот кој заминува на друго работно место и му посакуваме многу успеси”, порачале од училиштето со фотографии од професорот “Фреди”.

“Плачев додека го гледав видеото, има надеж за нашите деца”, коментирале корисниците на социјалните мрежи, а учениците од Вараждин, пак, му порачале на професорот: “Не заминувајте никаде, останете со нас!”.

 

Top