Кајли Џенер го надмина Марк Закерберг и влезе во историјата!

Кајли Џенер штотуку влезе во историјата на најмлада милијардерка на сите времиња. Да, добро прочитавте, милијардерка!

Благодарение на социјалните мрежи, популарноста на своето семејство, ријалити шоуто, сопствениот козметички бренд „Kylie Cosmetics“, 21-годишната ријалити ѕвезда стана милијардерка.

Нејзината вредност сега далеку ја надминува вредноста на останатите членови на нејзиното семејство - мајка ѝ Крис, сестрите Ким, Клои и Кортни Кардашијан, како и татко ѝ, Кејтлин Џенер.

Кајли со ова неверојатно постигнување го надминала и основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, кој својата прва милијарда долари ги заработил на 23 години.

„Ништо не очекував. Не можам да ја предвидам иднината, но, чувството е незаменливо“, изјавила Кајли за магазинот Форбс, кој прв го објавил нејзиното запишување во историјата.

„Убаво е да се носите со тој факт“, рекла таа.

Според листата на Форбс, само брендот „Kylie Cosmetics“, кој го започнала во 2015-та година, е вреден 900 милиони долари и е во нејзина потполна сопственост.

„Се појавив на неколку места, работев вообичаено на социјалните мрежи и ми успеа“, рекла Кајли за својот успех.

Мајката на 1-годишна ќерка е уверена дека за нејзинит успех најзаслужни се социјалните мрежи - 175 милионите следачи на Инстаграм, Снепчет, Твитер и Фејсбук.

„Тоа е моќта на социјалните мрежи. Имав многу добра позиција и пред да започнам да работам било што“, рекла најмладата милијардерка за Форбс.

Top