Најмоќната жена во светот на фудбалот има уште поубава сестра

Ванда Нара (32) е една од најпознатите и најопасните жени во спортот. Не, не се бори во кафез или ринг, таа своите борби ги води на социјалните мрежи и со гостување во емисии, а толку е силна што успеала да раздрма еден клуб.

Аргентинката со години се грижи за кариерата на својот сопруг Мауро Икарди, а во своите борби за она што смета дека му припаѓа на нејзиното семејство е подготвена да оди толку далеку што Интер мораше да реагира, да го отстрани фудбалерот од екипата и да го смени од позицијата капитен. 

Во татковината баш и не ја сакаат, посебно откако се омажи за Икарди во 2014 година, а поради неа Мауро не е ни популарен во Аргентина. Многумина сметаат дека е афера, а потоа и бракот со Ванда е причината поради која со години не го повикаа во репрезентација.

 

Не е класична сопруга на фудбалер, бидејќи секогаш сака да биде во прв план, да донесува одлуки, да ги носи крајните одлуки. Покрај тоа што важи за деловна жена, Ванда привлекува внимание и со својот изглед. И самата е свесна колку добро изгледа, а тоа го покажува и еден детаљ - на маската за нејзиниот мобилен телефон има својата фотографија.

Убавината на Ванда не е случајна, а тоа го покажува и нејзината помлада сестра Заира Нара (30) која во Аргентина работи како модел. Зад неа има неколку врски со спортисти, а ја паметиме и како поранешната вереница на Диего Форлан. Парот беше заедно од 2009 година, се вериле, но Заира ја прекина свршувачката во последен момент.

Top