Бред Пит се појави на роденденската прослава на својата поранешна сопруга

Американскиот глумец Бред Пит се појави на прославата на 50 роденден на својата поранешна сопруга Џенифер Анистон.

Забавата се одржа во Лос Анџелес во сабота навечер, а Џенифер го прослави 50 роденден во друштво на своите пријатели во хотелот Sunset Tower. 

Американските медиуми пишуваат дека Пит до хотелот пристигнал во затемнет SUV и дека само што излегол од возилото веднаш влегол во хотелот за да ги избегне фоторепортерите.

 

 

Помеѓу останатите гости на забавата беа и Елен Диџенерис, Кејти Пери, Орландо Блум, Роберт Дауни Џуниор и Барбара Стрејсенд.

 

Бред и Џенифер ја започнале врската во 1998 година, а се венчаа во 2000 година. Тие без сомнение беа еден од најпопуларните холивудски парови сè до разводот пет години подоцна.

 

Разводот беше финализиран во октомври 2005 година, а Бред неколку месеци подоцна започна врска со Анџелина Џоли со која глумеше во филмот "Mr. and Mrs. Smith". Тие беа заедно 12 години, а се венчаа во 2014 година, додека во 2016 се разведоа. Имаат шест деца, Пакс, Медокс, Захара, Шајло и близнаците Нокс и Вивиен.

 
 

 

Top