Линдзи покажа како ѝ изгледа задникот после паѓањето: „Каква боја ќе биде утре?“

Откако ги загрижи фановите после тешкото паѓање на супервелеслаломот на Светското првенство на шведскиот Супер Боул, убавата скијачка Линдзи Вон, одлучила да се пошегува на сопствена сметка.

Имено, таа на Инстаграм споделила фотографија на која позира покрај колешката Лорен Рос, а на фотографијата покажува гол задник во танга, на кој може да се забележи голема модринка.

„Последица од нашите паѓања од вчера. Едвај чекам да видам каква боја ќе биде утре“, напишала Линдзи покрај фотографијата.

Додека некои ѝ посакувале побрзо закрепнување, други се развеселиле од погледот на разголениот задник, а еден од следбениците ѝ порачал дека треба да го бакне за побрзо да ѝ помине.

Линдзи, која го најавила своето повлекување и рекла дека светското првенство во Шведска ќе ѝ биде последно, брзо се јави и после самот паѓање, а на своите обожаватели им даде до знаење дека е добро.

„Кога реков дека сакам да создадам спомени од својот последен натпревар, баш и не мислев на ова. За среќа, не се случи ништо полошо од модринки, набиени ребра и вкочанет врат“, напишала таа. 

Top