Руската Ким Кардашијан тврди: Мојот огромен задник е чиста генетика!

Русинката која силно посакува да изгледа како Ким Кардашијан негира дека имала било какви операции со кои го "унапредила" своето тело и покрај драматичната промена во изгледот. Трансформацијата на Екатерина Галиченко (20) за помалку од три години е повеќе од очигледна.

Девојката стана вирална во својата земја благодарејќи на Инстаграм профилот каде себе си се претставува како "руска мачка" и фитнес специјалист која креира прекрасни фигури. 

 

Но, Екатерина се соочила со негативните коментари помеѓу кои се и оние шокирани со нејзиниот изглед на тело, како и советите од другите млади жени за како да станат клонови на Кардашијанките.

 

Медиумите ги пронашле нејзините фотографии од 2016 година, па се наведува дека тогаш оваа девојка била убава и атрактивна. Но, сега повеќе потсетува на злобен лик од бајка. Критикувана е бидејќи има импланти по целото тело.

 

Екатерина која има 40.000 следбеници на Инстаграм вели дека прашината која се подигнува поради неа во медиумите се прифаќа како "со доза хумор", но планира да ги тужи медиумите кои инсистираат на тоа дека има направено пластични операции.

 

"Не сум имала ниту една операција. Мојот изглед е резултат на тренинг", вели таа. "Кога станува збор за моите гради, имам добра генетика. Секако, малку ги средувам своите фотографии, како и сите популарни девојки на Инстаграм, но не зголемувам ништо", тврди таа.

Top