Променила седум профилни фотографии, а со една привлекла 87 мажи!

Манекенката Хајли Лин со години запознавала мажи преку страница за состанување, но никако не успевала да сфати што најдобро поминува кај нив.

Затоа одлучила да испроба неколку стилови на профилните фотографии и да види каква ќе биде нивната реакција.

„Поминав шест месеци учејќи дека малите промени на профилните фотографии и во описот можат да направат голема разлика во типот на мажи кои ќе ги привлечете. На пример, ако сакате секс, звучи очигледно, но мора да покажете дека сте желни за добра забава. Треба да го истакнете деколтето и да изгледате како да ќе пукнете од смеа“, вели таа.

Додава дека секогаш е мудро да ставате фотографии на кои изгледате младолико, односно да ги сокриете своите вистински години.

„Ако сакате богаташи, тука најдобро поминуваат русокоси. Кога имав руса коса, привлеков многу спонзори кои сакаа да ме однесат на вечера и вино, пред да ме одведат во кревет“, открила Хајли.

Најмалку заинтересирани мажи имало кога објавувала фотографии на кои носи очила и кога немала воопшто шминка.

„Се обидов да изгледам како деловна жена, но мажите кои тогаш ми се јавуваа беа многу здодевни“, вели таа.

Еве како поминала со останатите фотографии.

Бринета со бујни гради 87 луѓе

 

„Оваа фотографија доби најголемо внимание, но повеќето мажи беа заинтересирани само за секс. Воглавно ми се јавуваа млади мажи, кои сакаа да разменуваат секс-фотографии.“

Party русокоса - 43 луѓе

 

„Ми се јавуваа постари мажи, со многу љубов. Излегов со двајца, а еден ме однесе на прекрасен викенд во хотел со пет ѕвезди. Беше во 50-те години, што е малку старо за мене, но сеедно, беше добар љубовник.“

Целосно своја - 35 луѓе

„Се покажав во најприродно издание и ја открив целата фигура, не само градите. Ми се јавија помалку мажи отколку на фотографијата со деколтето, но повеќето беа сериозни кои сакаа сериозна врска.“

Жена од теретана - 25 луѓе

 

„Ми се јавуваа мажи кои сакаа да се дружиме во теретана, што беше убаво освежување.“

Деловна жена - 8 луѓе

„Мислев дека ќе привлечам паметни и отмени мажи, но всушност беа многу здодевни, па ова баш и не успеа.“

Со очила - 4 луѓе

„Отфрлете ги очилата ако барате партнер преку интернет, бидејќи нема да ви се јават баш многу луѓе. Сепак, овие четири мажи кои ме контактираа се покажаа како многу драги. За жал, немаа баш многу љубов.“

Без шминка - ниту еден

„На интернет никој не сака да ве види во природно издание, па затоа сепак барем малку средете се.

Top