Енди Мари „по грешка“ објавил рендген снимка од половиот орган

Некогаш најдобриот тенисер на светот, Енди Мари, објавил фотографија и рендген снимка кои настанати после операцијата на колкот, која била пред неколку денови.

На првата фотографија тој е прикажан во болничка постела, а на втората е рендгенската снимка од неговиот колк. Иако тоа можеби не би го очекувале, рендген снимката на фановите им станала многу интересна и целосно им го одвлекла вниманието од тешката операција и болката која ја претрпел Британецот.

Имено, неговите фанови се уверени дека на снимката јасно се гледа неговиот полов орган, кој не престануваат да го коментираат.

„Дојдов тука поради снимката од пенисот. Разочарана? Не“, напишала една девојка. Привлекле внимание и коментарите на Балканците.

„Драг Енди, ти имаш поголем 'топ' од мене'“, се пожалило едно момче.

Мари засега не се огласува на снимката, но исто така и не ја брише.

„Сега имам метален колк. Се чувствувам измачено, но се надевам дека ова ќе биде крајот на моите болки“, рекол после операцијата во Лондон. 

Top