Насловните страни во Југославија: Некои личеле на списанија за возрасни, а некои...

Ви ги претставуваме насловните страни од списанијата во 80-тите и 90-тите години во поранешна Југославија. И секоја од нив ќе ја покаже најтажната страна на рекламирањето.

Станува збор за насловните страни на "Računara" и "Personalnih računara" или во превод "Компјутери", на кои, сосема логично нели, доминирале женски тела. 

Провокативно облечените манекенки влегувале во очи, а дури подоцна ги забележувате и компјутерите на насловната, пишува "Blic".

 

Злоупотребата на женското тело во рекламирањето е честа појава. Постоела некогаш, а постои и денес.

Тоа што ваквите фотографии привлекуваат внимание и продаваат никако не е оправдување за ваквите маркетиншки потези.

 

Сексистичкото прикажување на жените само се зголемувало од месец во месец.

Жените во рекламите биле тука да "го покажат својот најголем квалитет" - сексапилот.

 

Никако не им паѓале на памет некои подобри идеи, а има безброј.

Алгоритмите, техниките на програмирање и деловите од компјутери оделе "рамо до рамо" со жените во костими за капење.

 

На некои насловни страни воопшто и да немало компјутери.

На некои фотографии градите биле во прв план, а гради имало и до најавата за интервју со Бил Гејтс.

 
 

 

Top