Се разведува најбогатиот човек на светот: Со месеци ја изневерувал сопругата, а наскоро ќе бидат објавени „жешки“ фотографии

Американскиот милијардер Џеф Безос, најбогатиот човек на светот и основач на компанијата Амазон, се разведува поради поранешна водителка со која што ја изневерувал својата сопруга четири месеци.

Ова го тврди американскиот таблоид “National Enquirer” од каде што најавуваат дека наскоро ќе ја објават целата скандалозна приказна со жешките фотографии на насловната страна.

Безос вчера потврди дека се разведува од сопругата Мекензи после 25 години, а потоа американските медиуми започнаа да шпекулираат околу причините за разведувањето на најбогатиот човек на светот.

Само неколку часа подоцна, “National Enquirer” објави дека Безос бил во љубовна врска со поранешната ТВ водителка Лорен Санчез. Новинарите на таблоидот го следеле Безос заедно со неговата љубовница во пет американски сојузни држави, двајцата биле забележани во приватни авиони, лимузини и хеликоптери.

Наводно Безос и Санчез биле забележани во хотели со пет ѕвезди, на интимни вечери и романтични прошетки.

 

„Насловот кој ќе го објавиме на нашата насловна страна ќе биде – Фотографии од прељубата која стави крај на неговиот брак“, објавија од “National Enquirer” од каде што тврдат дека имаат „безобразни“ фотографии, валкани пораки, како и еротски, експлицитни и жешки фотографии.

„Њујорк Пост“ пренесува дека Безос го издал соопштението дека се разведува од својата сопруга со цел “National Enquirer” да не го објават први тоа. Тој весник потсетува дека Лорен Санчез се уште е во брак со познатиот холивудски агент Патрик Вајтсел, иако веќе подолго време биле разделени.

Санчез која што има две деца со Вајтсел и едно од претходниот брак, со Безос се зближила наводно минатата есен.

Од друга страна, Џеф Безос и неговата сега веќе поранешна сопруга имаат четири деца и богатство од вртоглави 137 милијарди долари. Заедно ја замислија и ја основаа една од највредните компании на светот – Амазон.

Top