Брус Вилис пијан со помош на телохранителите напушта елитен лондонски клуб

"Досега бев трезен, но сега сепак размислувам зошто да не се напијам една чаша вино од-време на-време? Не значи дека веднаш ќе станам зависник, сега ќе се напијам една, две чаши вино за време на ручекот", рекол неодамна Вилис.

Американскиот глумец Брус Вилис (63) е познат по тоа што сакал "да потоне" во алкохол, а така беше и за време на неодамнешната посета на Велика Британија. 

Имено, фотографите успеале да го уловат во незгоден момент додека пијан напуштал елитен лондонски клуб. Толку се опуштил што му била потребна помош од телохранителите за да успее да стигне до автомобилот.

 

Ова не е прв пат глумецот да се опушти со повеќе чаши алкохол, иако со години не пиел алкохол.

Дека крушата под круша паѓа покажува и фактот дека по неговите стапки тргнале и неговите ќерки Рамер (30), Скаут (27) и Талула (24) кои ги доби додека бил во брак со глумицата Деми Мур (56). Така пред една година најстарата ќерка на Вилис признала дека се одвикнува од алкохол и дека со месеци е трезна.

 

"После долго патување, можам да кажам дека никогаш не сум била толку горда на себе", напиша Рамер на социјалните мрежи, а голема поддршка ѝ биле нејзините млади сестри, бидејќи и тие поминуваат низ слични проблеми.