Американскиот портал тврди: Џенифер Анистон чека дете со Бред Пит?

На што сѐ се спремни медиумите за да продадат што повеќе списанија, добијат повеќе кликови или да ја зголемат гледаноста, најдобро покажува последниот пример на “US Magazine”.

Имено, споменатиот портал објавил “информација” за бременоста на Џенифер Анистон, а како татко на детето го именувале нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит и додале фотографии од ултразвукот. 

“Таа им се фалела на пријателите дека е бремена и дека сите едвај чекаат да го видат нивното бебе”, тврди изворот на порталот.

Додека читателите биле во шок, менаџерите на Пит и Анистон брзо ги негирале овие тврдења, а извор близок до актерката тврди дека оваа вест многу ја потресла.

“Не можела да верува дека луѓето можат да се спуштат волку ниско, таа навистина е повредена. Останала шокирана кога ја видела насловната страница”.

 

“Навикната е да чита разни глупости за себе, но тврдењето дека е бремена од својот поранешен сопруг и фотографија од лажниот ултразвук била капката која ја прелеала чашата. Не можела да поверува дека некој може да оди волку далеку”, додал изворот близок до Џенифер.

US Magazine” напишал и дека Џенифер и Бред отсекогаш сакале заедничко дете и дека наводно се многу среќни бидејќи тоа конечно се случило.