Лука Дончиќ пред мечот со Лејкерс се опушта со песни од Тоше Проески

Лука Дончиќ моментално е една од најголемите НБА-ѕвезди поради фантастичните партии „зад барата“, а додека вози автомобил, се релаксира со песни од македонски пејач.

Секако, се работи за Тоше Проески. На својот „Инстаграм“ профил, кошаркарот на Далас Маверикс често објавува видеа додека вози и слуша музика, а последното е од нумера на најпознатиот македонски пејач.

„Игри без граници“ свиреше во автомобилот на Лука, додека тој возеше низ Далас. Нумера на Тоше Проески во минатото се слушаше и на меч во НБА-лигата, кога на дуелот меѓу Сакраменто Кингс и Мајами Хит од разгласот ечеше „Чија Си“.