За жал многу пати сум била жртва на хакери! Глумицата не може да се ослободи од порно видеата

Скарлет Јохансон една од најплатените глумици во Холивуд остро ги критикуваше хакерите кои го злоупотребуваат нејзиното лице на порно страниците.

Во 2012 година еден хакер беше осуден на десет години затвор, бидејќи објавувал голи фотографии од Скарлет и други славни личности. Меѓутоа, денес голем проблем станаа и "фејкерите" како што ги нарекуваат Американците, кои со помош на вештачка интелигенција ја монтираат главата на славните личности на телата на порно ѕвездите. 

Скарлет за овој проблем говореше во интервју за Вашингтон Пост. Како што рекла, не постои начин на кој таа и нејзиниот тим можат да се ослободат од таквите сексуални записи.

 

"Мислам дека тоа е бескорисна потрага, главно поради тоа што Интернетот е огромна темна дупка која се јаде сама себе. Секоја земја има свои законски прописи кога станува збор за користење на туѓи фотографии. Тоа значи дека можете да бидете во состојба да ги срушите сајтовите кои ја злоупотребуваат Вашата фотографија во некои американски градови, но веќе за Германија важат други правила. Дури и ако Вашите фотографии имаат авторски права, истите тие закони не важат во странство. За жал, многу пати сум била жртва на овие злоупотреби", вели Јохансон.

"Го предупредувам секој кој е ранлив да се заштити", порача Скарлет.

 

 

Top