Ја покажала ѕвездичката "таму доле", мажите полуделе по нејзините гради кои излегувале од бикинито, а потоа со наредната слика...

Поп ѕвездата Рита Ора, првите денови од 2019-та ги минува на Малдивите од каде милионите фанови кои ја следат на Инстаграм ги чести со жешки фотографии во секси бикини. 

Како и обично, станува збор за повеќе од безобразни кроеви кои едвај ги покриваат интимните делови, па така градите повеќе се "надвор" отколку под розовата ткаенина, а долниот дел од бикинито е толку мал што секое движење во него е многу ризично.

 

Но, да не сакала да ги покаже, Рита воопшто немало да ги става тетоважите таму долу, а иако ова не е прв пат да ги истакнува, тие не престануваат да интригираат, што мажите во коментарите на Инстаграм често истакнуваат.

Рита во розовиот костим позирала кога се освежила во водата, а Косовката изгледа и повеќе од добро.

 

Меѓутоа, фотографијата која потоа ја објавила во најмала рака ги згрозила мажите кои и се воодушевуваат.

Имено, во истото бикини позирал и нејзиниот најдобар пријател Ник Гримшо, британски телевизиски и радио водител.

Иако познат како многу духовит, забавен и екстравагантен, многумина сметаат дека ова е сосема без вкус.

 

 

Top