На мисица ѝ се запали главата пред сите! Се запалила во мигот кога ја прогласиле за најубава

На африканската убавица Доркас Касинде ѝ се запалила периката во моментот кога требало да ја преземе круната по прогласувањето на победата.

Тој драматичен момент го одбележал финалето на натпреварувањето за Мис на Африка. 

Убавицата добивала честитки од минатогодишната победничка Гасенгве Балопи од Боцвана, кога искра влетала во нејзината перика и ја запалила. Уследиле ужасни крици, бидејќи делувало дека девојката можела да целосно да се запали.

За среќа, Доркас минала без повреди.

"Добро сум. А мојата коса...и таа е добро. Сега добро се чувствувам. Ви благодарам", напишала таа на Твитер.