Дали сте знаеле дека постои скриена слика на “Тоблероне”? Една мајка не можела да поверува што видел нејзиниот син на кутијата

Една корисничка на Твитер останала во шок кога нејзиниот син ѝ покажал што воочил на чоколадото “Тоблероне”.

Стефани на својот 9-годишен син, за празниците помеѓу другото му подарила и чоколадо “Тоблероне” кое малечкиот никогаш претходно не го пробал. Меѓутоа, вниманието не му го одвлекло само вкусот на чоколадото туку и скриената слика кој тој ја воочил во логото. 

Имено, детето забележало дека на логото на пакувањето, покрај планината се гледа и мечка која е подигната на две нозе.

“Мојот син денеска за прв пат проба “Тоблероне” и ме праша зошто има мечка на него. Јас: “Која мечка?”. Денеска за прв пат дознав дека постои мечка на пакувањето на “Тоблероне”, напишала таа на Твитер, а потоа направила и мало истражување во кое дознала дека чоколадото потекнува од швајцарскиот Берн, познат и како град на мечките.

Нејзината објава поттикнала расправа на “Twitter”, а многумина признале дека иако со години уживаат во тоа чоколадо, никогаш не ја воочиле скриената слика на амбалажата.

 

Top