Зошто скоро сите легендарни анимирани ликови имаат бели ракавици?

Веројатно сте забележале дека легендарните анимирани ликови, како Мики И Мини Маус, Шиљо, Ушко Долгоушко и Пинокио, секогаш носат бели ракавици?

Прашањето зошто многу легендарни анимирани ликови носат бели ракавици, се поставило уште во анимираниот филм „An Extremely Goofy Movie“, од 2000-та година, кога Боби Зимеруски, пријател на главниот лик Макс Гоф, ги погледнал своите раце и рекол: „Што мислиш, зошто ние секогаш носиме ракавици?“

Тогаш немало одговор, но затоа неколку години подоцна, аниматорот и професор на Универзитетот во Њујорк, Џон Кејнмејкер, посочил дека постојат три причини зошто многу класични анимирани ликови носат бели ракавици.

1. Цртањето ракавици штеди време

 

Кога се појавила анимацијата, уметниците после некое време сфатиле дека многу е полесно да нацртаат ракавици, отколку да цртаат раце со сите детали на нив. На тој начин цртањето ракавици било брзо и поедноставно.

2. Белите ракавици повеќе се истакнуваат

 

„Во црно-белите анимирани филмови, црните раце беа многу тешко воочливи со црните тела на ликовите“, открил Кејнмејкер. Затоа, аниматорите им ставиле бели ракавици, за рацете повеќе да им се истакнат.

3. Волт Дизни сакал на ликовите да им даде човечки карактеристики

 

Во својата биографија до 1968-ма година, „The Disney Version“, самиот Волт Дизни дал одговор на прашањето зошто одлучил Мики Маус, како прв анимиран лик кој го создал, да носи ракавици.

 

„Не сакавме да има раце на глушец, бидејќи беше замислено да има многу човечки карактеристики. Затоа му ставивме ракавици“, објаснил Дизни.