Меланија флертувала со Путин на свечената вечера? Рускиот претседател: "Оставете ја Меланија на мир"

Претседателот на Русија, Владимир Путин, ја бранел првата дама на САД, Меланија Трамп, која корисниците на социјалните мрежи ја обвиниле дека флертува со него на официјалната вчера во текот на Самитот Г20 во Буенос Аире

Путин одлучно го сопрел обидот на новинарот да го наведе на разговор за сопругата на американскиот претседател, Меланија Трамп. 

Интересот на новинарот за односот на Путин кон првата дама на САД настанал поради гласините на социјалните мрежи. Интернет корисниците обрнале внимание на тоа како Меланија го гледала рускиот лидер на официјалната вечера во Буенос Аирес. Некои нејзините погледи дури ги сфатиле како флертување.

Меѓутоа, Путин џентменски ги прекинал сите трачеви, барајќи да не се зборува за неа.

"Оставете ја Меланија на мир", одговорил рускиот лидер.