Популарните актери целосно голи и на минус снимале провокативни сцени во Атина

Центарот на Атина бил блокиран во раните утрински часови за потребите на снимањето на филмот "Понеделник".

Себастијан Стен, ѕвездата на филмот "Капетан Америка" и "Одмаздници", и неговата колешка Дениз Гаф, снимиле провокативни сцени на улиците на главниот град на Грција за потребите на филмот "Понеделник". 

Двајцата сосема голи вчера возеле мотор, во раните утрински часови. Филмот ја следи приказната за двајца Американци кои живеат во Атина и на грчките острови.

Бидејќи температурите биле премногу ниски, Себастијан и Дениз сигурно се смрзнале, со оглед на тоа дека на себе немале ни парче облека.