Холивудска ѕвезда во голем скандал: Русинка објавила фотографии од голиот Сноу: "Со мене ја изневеруваше сопругата и пред и по венчавката"

Рускиот модел и актерка, Олга Власова, се пофалила дека, откако во Луксембург го запознала 31-годишниот Кит Харингтон, со јунакот од хит ТВ серијата "Game of Thrones" завршила во кревет.

Власова на Твитер објавила и фотографии на кои Кит е сосема гол - а истите, тврди Русинката, настанале пред свадбата на актерот, односно додека Харингтон бил свршен со колешката од серијата Роуз Лесли, а аферата, рекла Олга, продолжила и откако актерскиот пар во јуни оваа година го кажал "судбоносното да". 

Кит овие денови остро ги отфрлил тврдењата на руската манекенка.

"Наводите во оваа приказна се сосема лажни. Никогаш не сум бил во Луксембург, а дотичната Олга Власова воопшто не ја познавам", порачал популарниот Џон Сноу преку својот менаџмент.