Ким Кардашијан со неверојатна изјава: „Бев издрогирана на сопствената венчавка“

Токму кога помисливме дека повеќе ништо не може да нè изненади, Ким Кардашијан во последната епизода на ријалити шоуто „Keeping Up With The Kardashians“, проговорила за својот експеримент со дрогата.

Старлетата во епизодата открила дека била издрогирана на сопствената венчавка, но не кога се венчала за Каније Вест.

Имено, Ким била на екстази кога се венчала за својот прв сопруг, продуцентот Дејмон Томас, но и кога и на нејзината славна секс снимка со музичарот Реј Џеј, која всушност ја лансираше меѓу славните.

„Првиот пат бев на екстази на мојата прва венчавка. Вториот пат кога земав, снимив порно снимка. Значи, ништо добро не излезе од тоа“, им раскажала Ким во ријалити шоуто, на сестра си Кендал Џенер и поранешното момче на Кортни Кардашијан, Скот Диск.

 

Но, Кардашијанката нагласила дека таа „дива“ фаза кратко траела и дека сето тоа е позади неа.

„И понатаму сакам да се забавувам, но не на тој начин“, заклучила Ким.