Реалното шоу кое ги помести границите за голотија на телевизија

Во ова реално шоу учесниците 24 часа шетаат голи во потрага по љубов.

Доколку мислевте дека сте виделе се во реалните шоуа, се лажете. Реалното шоу "Адам ја бара Ева", чија изворна земја е Холандија, ги надминало сите реални шоуа, без никакво претерување, бидејќи во него сите учесници се голи. 

Во ова реално шоу учесниците се носат на остров, каде веднаш се соблекуваат и остануваат сосема голи, и тоа додека ги гледа цела Европа. Да, добро прочитавте. Како од мајка родени престојуваат на островот, мажи и жени, а во меѓувреме меѓу некои од нив се раѓа и љубов.

 

"Адам ја бара Ева" прв пат било прикажано во 2014. година. Сезоната вообичаено имала по 8 епизоди снимени на различни острови. Учесниците во првата сезона биле сместени на Пацификот, а втората на Филипините.

Тука има и познати личности, но и "сосема обични", а сите се без облека од утро до мрак, во потрага по љубов.

 

Досега натпреварувачите можеле да се забавуваат на остров, а во оваа сезона ќе се забавуваат на јахта, на отворено море... Оние кои стојат зад проектот веруваат дека ќе има уште повеќе секс.

Една од познатите личности е германскиот модел, водителка, пејачка и дизајнерка - Џина-Лиза Лофник.

 

Шоуто е емитувано во неколку европски земји: Холандија, Германија, Франција, Финска...