Глумицата ја потврди врската со Кара Делавињ: Можам да ја видам твојата...

Ѕвездата на ТВ серијата "Pretty Little Liars", Ешли Бенсон на својот Инстаграм профил потврди дека е во љубовна врска со глумицата и манекенката Кара Делавињ.

Имено, Делавињ на Инстаграм објави фотографија од филмскиот фестивал во Торонто, под која Бенсон искоментирала: "Моја" и "Можам да ја видам твојата..." поставувајќи емотикон од суши кој во светот на Интернетот симболизира вагина. 

Делавињ во видеото кое претходно го објави на Твитер признала дека под фустанот не носи долна облека.

Јавноста долго се сомневаше дека 26 годишната Кара и 29 годишната Ешли се во врска, а дамите тоа почнаа и јавно да го покажуваат. Тие неколку пати биле фотографирани заедно на вечера или во шопинг.

Ешли пред врската со Кара имаше машки партнери, одосно Рајан Год, Тејлор Лаутнер и Нејт Волф.

 

Top