Бујната македонската пејачка провоцира на социјалните мрежи

Пејачката Марина Тошиќ го заврши својот летен одмор во Египет, а ги почасти фановите со секси фотографии и жешко видео.

По успехот на заедничкиот проект на Марина огледан во  дуетот со бугарската пејачка Димана, насловен “Нека го боли”, атрактивната русокоса во мало, ама одбрано друштво најпрвин го прослави 26-иот роденден…

Балони,  торта, свеќички и куп скапи подароци за пејачката која насмеана до уши и раскопчана до папок, блескаше од среќа и задоволство, зрачејќи околу себе сексапил.

Но тоа не е ништо во однос на она што Марина го покажа некој ден подоцна. Очигледно, најдоброто од себе го чуваше за поегзотичните дестинации на кои пејачката се најде… Монако, Монте Карло, Ница, Египет, Хургада… По работа или приватно, во женска или машка придружба, само таа знае!

 

Top