Кардашијан повторно гола

Ким Кардашијан Вест нема проблем да се соблече пред камерите. И додека нејзиното прво голо селфи кое го направила пред огледало, предизвика бурни реакции на интернет, одтогаш објави уште цел куп такви фотографии и тоа без никаква посебна причина.

Но, овојпат имала причина. Кадрашијанката на Инстаграм ја најавила својата нова мејкап колекција, "Cherry Blossom" со фотографија на која позирала целосно гола, покриена само со цветови од цреша, според која е и именувана колекцијата.

View this post on Instagram

When you're like I have nothing to wear LOL

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

Наскоро пристигнува мојата нова колекција "Cherry Blossom Collection", која е инспирирана од мојата љубов кон прекрасните розови дрвја (темата на забавата, по повод раѓањето на Чикаго, беше цвет од цреша)", напишала Ким во описот на фотографијата и открила дека за нејзината нова мејкап колекција, ја инспирирала нејзината најмлада ќерка, која во јануарии оваа година ја родила сурогат мајка.

Ким на фотографиите носи мејкап од нејзината најавена колекција, која ќе биде пуштена во продажба на 14-ти семптември, на службената страница на нејзиниот бренд "KKW", пренесува "Daily Mail".

Ова не е нејзина прва колекција, која одлучила да ја најави со голи фотографии. Така го претставила и својот прв парфем, чие шишенце било обликувано според нејзиното тело, а гола ја најавила и нејзината светкава колекција за тело. 

Top