Сестрите Хадид со своите гради и го украле шоуто на настан во Њујорк

Каде и да се појават Бела и Џиџи Хадид заедно, сите погледи се насочени само кон нив. Ништо поразлично не било ни вчеравечер на гала вечерта "Business Of Fashion 500", одржан во склоп на модната недела во Њујорк, кадешто славните сестри привлекувале внимание со длабоките деколтеа.

Иако не се баш модно усогласени, двете ги истакнале градите и на настанот се појавиле држејќи се за рака, што било доволно за сите останати присутни да ги стават во втор план. А дури и да не била во друштво на својата постара сестра, Бела секако ќе се најдеше во центарот на вниманието, поради својот необичен аутфит.

 

 

Помладата сестра Хадид, искомбинирала бел топ со корсет и специфични ракави, со панталони со трегери во истата боја. Изгледот го надополнила со светкави чизми и бели кожни ракавици, без прсти, со што бројните странски медиуми, со својот аутфит ги потсетила на покојниот крал на поп музиката, Мајкл Џексон.

 

Џиџи носела широк жолт "Brandon Maxwell" комбинезон со копчиња, кои ги откопчала до папокот и деколтето дополнително го нагласила со низа од долги ланчиња. Комбинезонот во струкот го стегнала со ремен и го искомбинирала со сандали во неутрална боја. Освен со деколтето, вниманието го привлекла и со својата проѕирна ташна, односно со шишето шапмањ во неа. 

Top