(0 гласови)

Исламската држава полека успева да се реорганизира во Ирак и станува „Ал Каеда на стероиди со подобра воена техника и многу повеќе пари“, предупредуваат разузнавачите.

Како што пренесува британски „БиБиСи“, милитантите претставуваат закана, па дури и поголема од Ал Каеда, и тоа само две години откако оваа терористичка група изгуби огромна територија во Ирак.

Терористите моментално купувале возила, оружје, храна и опрема, откриваат курдските и западните разузнавачки агенции.

„Имаат подобра воена техника, подобра тактика и многу повеќе пари. Во можност се да купат возила, оружје, храна и опрема. Технолошки, многу се понапредни. Многу е тешко да се справи некој со нив“, изјави Лахур Талабани, курдски функционер за „БиБиСи“.

Како што вели тој, сега Исламската држава се претвора во „Ал Каеда на стероиди“.

„Гледаме дека активностите се зголемуваат и веруваме дека фазата на реорганизирање на групата е завршена“, додаде тој.

 

Како што објасни, терористите ја поминале оваа година во Хамрин планините, обидувајќи се да го обноват тоа што останало од распаднатиот Калифат кој беше поразен од страна на Курдските, ирачките и коалициските сили предводени од САД.

Курдските разузнавачи веруваат дека ИСИС има околу 10 илјади членови во Ирак, односно околу 5 илјади активни борци и се стравува дека нивен „ветер во грб“ се неодамнешните немири во ирачкиот главен град Багдад.

(0 гласови)

И покрај договорот за воспоставување на прекин на огнот и продолжување на повлекувањето на трупите од контактните линии, украинските вооружени сили и натаму собираат големи количини на воена опрема во Донбас.

Преносот на воената опрема го забележале очевидци на територијата која ја контролира Украина. На кадрите може да се видат советски борбени возила, повеќенаменски амфибиски оклопни транспортери, тенкови, војска, мобилни болници. 

"Го видов овој воз на една од железничките станици на пат кон Донбас! Киев користи огромни возови со опрема и тенкови, па затоа господа, подгответе RPG, ATGM и се што имате! Само да знаете дека ве мразат сите во Киев", вели очевидецот кој видеото го пратил на една група во Донбас.

Покрај тоа, службеник на прес службата на Народната полиција на ЛПР, Иван Филипоненко, на брифинг рекол дека набљудувачите на OEBS минатата недела забележале недостиг од 65 единици воена опрема и оружје во складиштата. Податоците за тоа биле објавени на официјален извештај на Мисијата.

"Набљудувачите забележале отсуство на 10 тенкови T-64, 11 единици хаубици D-30, 16 минофрлачи 2C9 Nona, 10 противтенковски топови MT-12 Rapir и хаубици 2C1 Gvozdik", рекол тој.

(0 гласови)

Турски "Daily Sabah" и "SOHR" од Лондон јавуваат дека на основа на повеќе извештаи било потврдено дека американската војска пренела тони злато од подрачјето во Сирија кое Исламската држава го држела под окупација.

Според изворот кој разговарал со курдската агенција BNA, американските сили префрлиле околу 50 тони злато од подрачјето кое претходно го држеле терористите на Калифатот во источниот сириски регион Деир ез-Зор. 

Турците го следеле овој трансфер бидејќи се заинтересирани за дел од златото кое американските сили му го дале на сирискиот огранок на Курдската работничка партија, односно милицијата YPG.

Златото наводно е пренесено од поранешната американска воена база во Аин ал-Араб, позната под курдското име "Кобане".

Американските сили земале и 40 тони златни плочки кои терористите на ИСИС ги земале од ирачката провинција Мосул како воен плен.

Локални извори кои разговарале со сириската новинска агенција SANA тврделе дека американските трупи златото го преместиле во големи сандаци.

Според извештаите, информацијата за тоа каде се наоѓало златото, Американците ја добиле од заробените лидери на ИСИС.

Тврдењето се поклопува со извештајот на таканаречената Сириска опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија, која наведува дека YPG со поддршка од американската војска префрлиле 40 тони злато кое терористите на ИСИС го оставиле во Деир Ел-Зор.

Ако ја земеме во предвид моменталната цена на чистото злато на берзите, каде килограм се продава за нешто повеќе од 47.000 долари, 50 тони би вределе околу 2,3 милијарди долари.

Сега, покрај сириската нафта, на која заработуваат околу 30 милиони долари месечно, на воениот плен треба да се додадат и овие нешто повеќе од 2 милијарди долари вредно злато кое Американците го земале од Сирија и Ирак, пренесуваат турските медиуми.

(0 гласови)

Во очекување на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април, наредната година, дел од најголемите политички партии во земјава почнаа да ги соопштуваат условите за можни коалиции за идната влада.

Али Ахмети од Четвртиот конгрес на партијата одржан изминатиот викенд во Скопје, на кој беше реизбран за лидер на ДУИ, порача дека без почитување на Рамковниот договор како и на договорите со Грција и со Бугарија не треба да сметаат на евентуална коалиција со ова партија. Трите договори рече ги смета за затворени прашања.

– Нема ниту простор ниту време за да гледаме назад, ова се затворени прашања и обезбедуваат една посигурна иднина на РСМ. Секое настојување за ставање раце на овие три елементи ќе биде соочено со отпор и нас нема да не има за партнери, бидејќи се доведува во прашање иднината на нашите граѓани и идните генерации, вели Ахмети.

Тој додаде дека ДУИ е во комуникација и соработува со сите политички партии, разлики имало, има и сега, но рече, разликите не смеат да ги стават под прашање интересите на општеството и државата. Најави и победа на претстојните предвремени избори.

– На 12 април ќе го имаме првиот предизвик. Сигурен сум дека како што сме запишале за 18 години – 16 победи, ќе следи нова на 12 април. Како субјект, движење кое знаеше етнички и политички да балансира во овие простори, така на 12 април нема да победи ДУИ, туку ќе победи државата, ќе победат граѓаните на РСМ затоа што сме знаеле да менаџираме да балансираме, да се соочиме со големи потешкотии и со успех да ги надмине, порача староновиот лидер на ДУИ.

Претсдедателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски викендот во интертвју за радио Слободна Европа, во врска со можноста за коалицирање со ДУИ, посочи дека доколку ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите, имаат принципиелен став дека ќе коалицираат со секоја политичка партија која ќе ја прифати нејзината платформа, односно политичка програма.

– Ќе седнеме, ќе разговараме, ќе преговараме и зошто да не и ќе коалицираме. Немаме преференци кон ниту една, имаме релации со сите политички партии коишто се претставници на Албанците, имаме со политичките партии коишто не се претставници на Албанците, туку на другите етникуми итн, така што ќе имаме програма на масата и доколку најдеме точка на поврзување, зошто да не, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Министерот за транспорт и врски и член на владеачката СДСМ, Горан Сугарески, пак, вчера изјави дека фокусот на социјалдемократите во моментот е на спроведување демократски избори на 12 април, а за коалицирањето ќе се одлучува по изборите.

– Ние сме сконцентрирани сега на тоа на 12 април да се случат демократски избори на кои што убеден сум СДСМ ќе победи. Во делот на коалицирањето ќе се случува по тоа, изјави Сугарески на прес-конференција запрашан дали повторно се отвара патот за коалицирање на СДСМ со актуелниот коалициски ДУИ по изјавата на Али Ахмети

(0 гласови)

Полициски службеници од СВР Тетово и полициски службеници од МВР ноќеска спроведоа акција во угостителски објекти.

Според информациите, од 23.00 до 03.20 часот, извршиле контрола во угостителски објект во гостиварското село Добридол и претрес во куќа, каде биле затекнати осум женски лица, од кои пет странски државјанки (три од Р.Србија, една од Р.Црна Гора и една од Р.Хрватска), на возраст од 20 до 31 година, како и три македонски државјанки на возраст од 35 до 43 години.

Тие се приведени и задржани во Полциската станица Гостивар, поради сомение за нивна инволвираност во кривично дело посредување во вршење проституција.

(0 гласови)

Можам да се обврзам овде, пред вас, заедно со вас, на чесна и честита работа, многу пот, жилава и макотрпна работа, работа која секој од вас ќе ја почувствува. Ќе бидете дел од обновата на Македонија.

Ова го порача лидерот на ВМРO-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот голем народен собир организиран од партијата.

Тој пред огромниот број на граѓани даде ветувања кои се од голема важност за народот и државата.

- Ви ветувам дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ во четиригодишниот мандат ќе реализира проекти, капитални инвестиции за развој на нашата мила Македонија во вредност од не помалку од 2 милијарди евра. Тоа јас ви го ветувам. Реализирани проекти, не бројки на хартија. Реализирани, осмислени, испорачани проекти. За економија со брз раст, за сигурна иднина на нашите граѓани. Се обврзувам и ви ветувам дека идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во својот мандат ќе испорача проекти во вредностпреку странски инвестиции и домашни инвестиции во вредност не помала од 4 милијарди евра. Се обврзувам овде пред вас, рече тој.

Мицкоски пред граѓаните порача дека идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи не помалку од една милијарда евра за заштита на животната средина.

- Да ни дишат најмилите чист воздух. Проекти во енергетската ефикасност и брза, експресна гасификација на Македонија. Не можам да ви ветам дека веднаш ќе почне да дува чист алпски воздух, тоа е невозможно, но можам да ви ветам најмалку 50% почист амбиентален воздух за македонските граѓани, порача тој.

(0 гласови)

Македонската фудбалска репрезентација по долго време би можела да има поддршка од повеќе навивачки групи, вклучувајќи ги и „Комитите“ на Вардар, затоа што се разгледува можност сите групи од нашата земја да се обединат и да ги поддржат играчите во обидот за пласман на ЕП 2020.

Барем така стои на официјалниот Фејсбук-профил на групата, каде стои дека „Комити“ се наоѓаат пред носење на важна одлука околу репрезентацијата и дуелот со Косово во Лигата на нациите и побараа јавно мислење.

Идејата гласи: „Дали сте за обединување на сите навивачки групи на дуелот против Косово и од Западната Трибина сплотени да дадеме поддршка на Фудбалската Репрезентација на Македонија?“, а повеќето од испитаниците, засега околу 1.000, имаат гласано со „ДА“.

Македонија го игра најважниот дуел во историјата во месец март, кога во полуфиналето во ЛН се соочува со Косово. Победникот од овој натпревар ќе игра финале со Грузија или Белорусија, за пласман на европскиот фудбалски собир.

(0 гласови)

Националното истражување на интернет, спорведено неколку часа откако Претставничкиот дом во средата ги потврди обвинувањата против Трамп за злоупотреба на позицијата и попречување на истрагите на Конгресот покажува дека контроверзното однесување на претседателот не влијаело премногу на мислењето во поделената земја.

Претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси на почетокот се противеше на отповикувањето на Трамп бидејќи сметаше дека за тоа нема да има поддршка од јазноста.

Демократите се трудеа да ја добијат поддршката преку јавни сведочења за обвиненијата дека Трамп ја условувал воената помош за Украина и го уценил нејзиниот претседател Володимир Зеленски да го истражи политичкиот ривал на Трамп, демократот Џо Бајден.

Околу 42 отсто од анкетираните, главно демократи, сметаат дека Доналд Трамп треба да биде сменет.

Откако Претставничкиот дом ги потврди обвиненијата против Трамп постапката продолжува следниот месец со судење во Сенатот каде мнозинство имаат републиканците, и шансите Трамп на крајот да биде отповикан се минимални.

За отповикување на претседателот потребно е двотретинско мнозинство во Сенатот, кој има сто члена.

(0 гласови)

Соопштение !
Вчера бевме контактирани од Кабинетот на Претседателот, Стево Пендаровски, каде бевме поканети за присуство на средба со други навивачки групи, со цел “смирување на тензиите”.
Иницијативата начелно ја поздравуваме, како што поздравуваме секакви искрени иницијативи чија цел е подобрување на состојбите.
Побаравме од Кабинетот на Претседателот да ни испратат официјално писмо со намери на нашата официјална електронска пошта која им ја испративме, па откако ќе го примиме барањето, да изградиме наш официјален став, за присуство или неприсуство.
Такво барање не добивме, и на наше изненадување сега читаме по портали информации од типот “Претседателот ќе не собере и ќе не смирува”.
Во текот на телефонскиот разговор ние ги соопштивме нашите предуслови кои доколку бидат пресретнати и испочитувани, не би имале проблем да дојдеме.
Бидејќи комуникацијата се префрла на едно сосема друго ниво, кое веруваме дека не е по протокол и дава една сосема друга димензија, би сакале да ги повториме нашите барања тука:

Во текот на средбата, во објектот каде би се одржала (првично во вилата на Претседателот на Водно) било каде и да е тоа, и во сите официјални документи и записи да стои името Република Македонија и никаква друга земја. Нашиот став по ова прашање е јасен, недвосмислен и многупати јавно искажан !

Бидејќи како наши соговорници беа споменати покрај Војводи Тетово и Чкембари Битола и т.н навивачки групи “балисти” и “шверцери”. Познавајќи ги нивните ставови за негирање на Македонскиот народ, јазик, култура, историја како и нивното Анти-Македонско делување, побаравме тие пред да се случи средбата или за време на истата да потпишат Декларација во која како точки би биле:

– Оградување од убијците на Никола Саздовски – Саздо и јасна осуда на неговото убиство како кукавички чин.
– Заложба за заедничка борба против “северна”, јасно искажана лојалност кон Република Македонија на сите нивоа и сфери во нивното делување.
– Признавање на целовитоста, Унитарниот карактер, Територијалниот интегритет и Суверенитет на Република Македонија.
– Признавање на Македонски народ, култура, традиција, историја, обичаи.
– Признавање на Македонскиот јазик како единствен службен јазик на територијата на Република Македонија.
– Извинување и покајание за сите Анти-Македонски делувања во минатото, сегашноста и по инерција во иднината.

Доколку сте навистина спремни да разговараме на здрава основа, искрени, како Македонци, како рамноправни и лојални граѓани на Македонија ви стоиме на располагање.
Никогаш северна само Македонија !

Со почит
Комити

– стои во објавата на навивачката група ,,Комити”.
Останува да видиме кој ќе биде одговорот на Пендаровски.

(0 гласови)

Дивоградбите или ќе се легализираат или ќе се рушат, трето решение нема – вака пластично министерот за транспорт и врски Горан Сугарески обасни пред новинарите како планира да се справи со над стотината илјади нелегални објекти во земјава.

Законот за легализација на бесправно изградените објекти влезе во Собрание, ќе се носи по скратена постапка, откако претходно помина на Влада. Се дава нов рок за легализација и на оние дивоградби кои не ги фати претходниот закон -тие изградени од 2011 година до октомври 2019 година. Министерот нема точни бројки колку дивоградби никнале во овој период. 

Нема легализација за дивоизградени згради, доградби и тераси, но и за тие во заштитеното подрачје на Охридскиот регион.

Нема да можат да се легализираат дивоизградените згради, надградбите на зградите, проширените тераси како и дивоградбите во заштитеното подрачје на Охридскиотрегион. Но се друго ќе може- дури и дивите платформи на Матка, но доколку ги добијат сите дозволи од институциите. Истото ќе важи и за дивоградбите во заштитените подрачја, кои изминатиов период никнуваа како печурки.

„Во рамките на охридскиот регион ќе можат да се легализираат само оние објекти кои преставуваат функционална целина до 1о ктомври 2019 година и кои според студиите за оцена на влијание на животната средина и студиите за оцена на влијание врз културното наследство не ги загрозуваат универзалните вредности согласно УНЕСКО. За бесправните објекти кои се изградени во одредени заштитени подрачја, на пример заштитен крајбрежен појас на природни и вештачки езера и речни корита национални паркови итн. се предвидува да се добие согласност за легализирање од органите надлежни за управување со овие подрачја. Легализацијата на објектите кои не се вклопуваат во урбанистичките планови ќе се врши со одлука на Советите на општините. Советите треба да одлучат дали дивоградбите ќе може да се вклопат во урбанистичките планови. Ако одлуката е негативна објектите нема да можат да се легализираат и ќе треба да се рушат  “– изјави Сугарески. 

Рок од шест месеци

Сопствениците на дивоградбите имаат рок од шест месеци да поднесат барање за легализација со потребните документи, а општините и институциите имаат шест месеци  да одговорат дали објектот може да се легализира. Наместо 1 евро како претходно, сега за легализација на дивоградба ќе се плаќаат комуналиите плус казна од 50 проценти од износот за комуналии. Електронските комуникациски мрежи и средства ќе се легализираат по 10 евра за квадратен метар. Министерот нема точни бројки колку нови дивоградби се изградени од 2011 до октомври 2019 година. По стариот закон се легализирани околу 240.000 дивоградби, а околу 100.000 се во процедура. Оние кои не доставиле документи на време или биле одбиени, сегапак може да барат легализација, но не по 1 евро, туку по новите правила. Ослободени од плаќање ќе бидат само социјалците. Сугареские категоричен дека дивоградбите или ќе се легализираат или ќе се рушат. 

„Точна бројка немам затоа не шпекулираме со податоци. Станува збор за поголем број на предмети и намалено е последните две-три години. Не можеме да предвидиме колку од овие постоечкиве што не доставиле пример геодетски елаборат итн. во документаицјата ќе аплицираат како барање до општините бидејќи имаат и тие право. Пример, не го фатиле рокот до 31.12.2018 година, фалел елаборат, било кој документ не бил доставен и практично тука барањето ќе биде одбиено секако, е сега со ова им се дава можност во првите шест месеци да достават како ново барање“- рече Сугарески.

Или легализација или рушење 

 Сугарески ги повика општините да не дозволат градење на нови дивоградби.

„Ги повикувам општините да ги комплетираат инспекциските служби и да го спроведуваат законот за градење за да нема нелегално градење во иднина Овој закон предвидува и затворски казни за да се демотивираат граѓаните да градат нелегално, а и висната што треба да се плати за легализација на дивоградба е демотивирачка, бидејќи за легално градење се плаќаат само комуналии. Останува решавањето на статусот на два начини, или легализација или рушење, трето нема.“ – рече Сугарески.

Ќе можат да се легализираат и гаражи, остави, базени, времени објекти во земјоделието какои нелегалните објекти на државните институции. Сугарески, очекува со овој закон да се стави крај на незаконското градење. Според Сугарески, легализацијатреба да заврши за максимум 5 години.

Ексертите со критики за новиот рок за легализација

Новиот предлог за нов рок за легализација на дивоградбите наиде на жестока критика кај голем дел од експертската јавност и правниците. Покрај оценките дека е политички мотивиран закон кој го легализира градежното дивеење на урбаната мафија, за дел од правниците ваквиот предлог е противуставен оти е во насока на декриминализација на кривичното дело бесправно градење. Градежните експерти пак апелираа доколку се донесе ваков закон сепак да не се дозволи во него да влезат и објекти кои немаат барем план за градба. Стравуваа дека со легализациите на дивоградбите голем дел од објектите во земјава се без лична карта, односно за нив немаме ниту основни податоци за градбата, статика и слично. 

Извор: denar.mk

Top