(0 гласови)

Голема потера е во тек во близина на Ниш, Србија, каде што полицијата и војската со хеликоптери и со кучиња трагат по педофил кој грабна 12-годишно девојче. Полицијата од вчера го бара осудениот силувач Нинослав Јовановиќ, познат и како малчански бербер, е осомничен за киднапирање на 12-годината Моника.

Полицијата го бара од вчера, а кругот за пребарување се стесни кога беа пронајдени неколку траги во селото Орешец. Тимот на „Еспресо.рс“ е со полицијата на местото каде што очевидци тврдат дека го виделе педофилот со девојчето – на железничката пруга Ниш – Зајечар. Неофицијално, полицијата извршила увид на 40-ина километри од областа. Тие пропешачиле 12 километри по пругата во потрага по девојчето.

Коса на Моника била пронајдена во куќа во Орашец, а во Малча нејзиниот ранец.

Покрај 220 полицајци, во потрагата се вклучени хеликоптерски единици и трагачи на кучиња, а се користени и термовизиски камери.

Девојчето исчезнало во петокот на 20 декември, а последен пат било видено во 7.20 часот кога тргнало на училиште, по што му се губи трагата. Нинослав Јовановиќ, по потекло од Малча, пред повеќе од една година, по издржувањето речиси 20 години затвор, повторно бил уапсен бидејќи демнел и им се заканувал на жени на „Фејсбук“.

Прекарот малчански бербер го добил бидејќи ги потстрижал сите свои жртви, а пред судот признал дека потстрижувањето девојчиња го возбудува. Тој пред 25 години силувал жена и девојче, а кога во 2005 година бил пуштен на условна слобода, нападнал 12-годишно девојче. Двете претходно ги потстрижал, а едната и ја силувал. Повторно завршил во затвор, од каде што излегол минатата година.

(0 гласови)

Централниот и извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, одлучиле лидерот на партијата Христијан Мицкоски да одбере кој ќе биде кандидат за идни министри во техничката влада.

Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, кажа дека кандидатите избрани од Мицкоски ќе треба да се погрижат да има фер и демократски избори на 12 април.

Мицкоски добил поддршка тој да биде мандатар по изборите.

„Комитетите дадоа поддршка на Мицкоски да биде кандидат за мандатар по завршување на изборите на 12 април, на кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе издвојува победа. На предлог на кабинетот на Мицкоски беше разрешен соработникот Томислав Димитровски кој во јавноста беше познат по еден немил настан кој што се случи во изминатиот период“, рече Јанушев.

За предлогот на Заев, ВМРО-ДПМНЕ да гласа за една изборна единица, ако сака да добие шпицен кандидат, Јанушев рече дека неговата партија не прифаќа пазарџиска политика.

„Пратеничкиот имунитет на кој се надева, нема да го амнестира од одговорнсот. Ова се сериозни теми кои мора да ги водиме врз основа на принципи и аргументи“, додаде Јанушев.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ рече дека тие имаат кандидати за сите министерски места во техничката влада, но ќе ги кажат по преговорите на лидерската средба.

(0 гласови)

Портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, го прославила својот 44-ти роденден.

Освен за роденденот што добила торта со која се пофалила на својот Инстаграм профил таа добила уште еден подарок.

Како што напишала на својот Фејсбук профил, неа новинарите од Москва ѝ приредиле роденденско изненадување - музички подарок.

Марија Захарова инаку е првата жена во историјата која ја извршува функцијата на директорка на Секторот за информации во Министерството за надворешни работи во Русија кое го води Сергеј Лавров.

Родена е во семејство на дипломати, а детството го поминала во Пекинг каде што родителите ѝ биле на служба.

Поврзана слика

Дипломирала меѓународно новинарство на престижниот московски универзитет MGIMO, а специјализирала ориенталистика и новинарство.

Кариерата ја започнала во новинарството, а во Министерството за надворешни работи почнала да работи во 1998-та година. Била шеф на службата за информации во руските мисии во ОН, а потоа била именувана за заменик директор на Одделението за информации. Има дипломски ранг - советник од прва класа.

Таа течно зборува англиски и кинески јазик.

Резултат со слика за maria zakharova

Челичната дама на Путин, засекогаш го променила лицето на руската дипломатија, оценуваат светските медиуми.

Наместо со здодевните статистички податоци, таа ги завела сите со својот шарм, убавина, но и бомбастични изјави.

Таа е една од ретките портпароли од Русија која сите ја знаат по името.

Таа е блогерка, сака да ужива во животот, храната, а својата импресивна линија ја одржува со редовни тренинзи.

Поврзана слика

(0 гласови)

Многу институции и објекти во рускиот главен град Москва и во текот на целиот вчерашен ден беа на мета на лажни дојави за подметнати бомби.

Дојавите за поставените бомби на московските аеродроми „Шереметјево“ и „Домодедово“ се покажале како лажни, соопштија руските безбедносни служби после итните проверки.

Како што пренесува руската новинска агенција „ТАСС“, полициските единици со кучиња трагачи, внимателно после анонимните дојави за подметнати бомби ги прегледале просториите на двата аеродроми кои сепак не биле евакуирани.

Двата аеродроми инаку примиле дојави за бомби дури пет дена во текот на минатата седмица, а во сите случаеви се покажало дека станува збор за лажна дојава.

 

Дојави за поставени експлозивни направи во текот на вчерашниот ден имало и во седум станици од московската подземна железница, 11 судови во рускиот главен град, над 15 училишта и две згради на московскиот Државен универзитет за лингвистика, рускиот Државен универзитет за земјоделство и Државниот универзитет за психологија и едукација.

Бранот на лажни дојави за бомби започна во Москва, Санкт Петербург и други руски региони кон крајот на ноември, а сите досегашни дојави се покажаа како лажни.

(0 гласови)

Во вчерашното гостување на телевизија Алсат, претседателот на државата,Стево Пендаровски вели дека било грешка што, како што рече, „прикажувавме дека работата со добивањето датум за почеток на преговори со ЕУ е завршена работа“.

Пендаровски вели дека е релативно тешко работите да се подредат така што Македонија би добила датум за ЕУ и на пролет, потсетувајќи дека сѐ уште е неизвесно дали новата методологија ќе биде изгласана во јануари.

Првичните информации кои ги имаме околу новопредложената методологија од страна на Франција велат дека барем 11 држави-членки имаат амандмани на тоа, 9 земји-членки излегуваат со сосема нов предлог. Мислам дека ниту Французите не знаат кога нивниот предлог, ако воопшто биде прифатен, кога може да биде формално гласан во Комисијата – рече Пендаровски.

(0 гласови)

На вчерашната седница на Владата е усвоена информацијата за настанот од 23 ноември оваа година, кога во Македонскиот народен театар беше организирана прослава по повод јубилеј на навивачката група „Шверцери“.

Владата го задолжи Министерството за култура во соодветна постапка да ѝ наложи на директорката на МНТ од организаторите на настанот да побара надомест на штетата направена за време на настанот, а на директорката да ѝ биде изречена казна со намалување на платата за 15 проценти во траење од 3 месеци затоа што направила пропуст и дала согласност за отстапување на МНТ без писмен договор.

(0 гласови)

Командантот на руската Балтичка воена флота - адмиралот Александар Носатов открил дека неговиот лотус покрај островот Гогланд го неутрализрал целото минско поле поставено во време на Втората светска војна.

Мините биле откриени непосредно пред спуштањето на дното на Балтичкото море на руските географи меѓу кои бил и претседателот Владимир Путин.

Во истата научна експедиција учествувал и министерот за одбрана РФ Серјег Шојгу, а адмиралот открил уште некои информации:

„На самиот остров нашите инженери открија и неутрализираа 20-на мини и проектили од Втората светска војна. На морското дно со помош на роботизирана деминерска техника уништено е цело германско минско поле“.

(0 гласови)

Техно кралицата Deborah De Luca оваа сабота ќе настапи пред македонската публика во А1 Арената. Неодамна Spotify ги прикажа нејзините перформанси за 2019та на нивниот сервис, Deborah има над 8,7 милиони стримови, била слушана над 714,8 милиони часови од страна на корисниците на овој сервис, а има над 1,2 милиони активни слушатели од 79 држави.

Во Скопје покрај Deborah De Luca ќе настапи и норвешкото диџејско дуо Eric Small and Carina Helen, кои несомнено се афирмираат како must have атрибут на секоја завршница на техно забавите, а за загревање ќе се погрижи фантастичниот Rinia Rinia.

7

За нејзиниот настап се поставува бина од 60 м2 а ќе бидат употребени над 30м2 LED дисплеи и над 120 светлечки тела што ќе им доловат на посетителите да се чувствуваат како да се дел од светските техно подиуми. За звукот да биде на нивото на артистот и очекувањата на посетителите во А1 Арената ќе се направат посебни тестирање и ќе биде употребена софистицирана опрема која со сигурност ќе продуцира одличен звук, што впрочем е една од најважните работи за ваков музички настан.

Влезници за настанот можат да се набават во ЈУГОТОН и сите продажни места на www.kupikartizase.com.

(0 гласови)

Австралискиот премиер Скот Морисон индиректно ѝ порача на шведската климатска активистка Грета Тунберг да не се меша во внатрешните работи на Австралија, откако таа порача дека пожарите се резултат на климатските промени, а австралиската влада тоа не го препознава.

Тинејџерската активистка на Твитер порача дека светските лидери и натаму не успеваат да ја воочат врската помеѓу климатската криза и зголемениот број на екстремни временски случувања.

„Ниту катастрофите како оваа не доведоа до било каква акција на политичарите. Како е ова можно? Затоа што и натаму не успеваме да ја воочиме поврзаноста помеѓу климатските промени и зголемените екстремни временски случувања и природни катастрофи како што се пожарите во Австралија. Тоа мора да се промени. Сега“, порача Тунберг на Твитер.

Австралискиот премиер Морисон на прес-конференција истакна дека австралиската влада ја базира политиката на националните интереси и на тоа што Австралија мора да го направи за себе.

„Не е на мене да коментирам што оние кои се надвор од Австралија сметаат дека Австралија треба да го стори. Ние во Австралија ќе го правиме тоа што мислиме дека е добро за Австралија и тоа отсекогаш бил мојот принцип“, порача Морисон.

 

Тој додаде дека не е на функцијата премиер на Австралија за да импресионира луѓе од други земји, туку да заврши добра работа за Австралија.

Лидерот на опозицијата, Ентони Олбаниз сепак ја доведе во прашање политиката на Морисон и нагласи дека мора да се разговара за нова национална стратегија за превенција на катастрофи и адекватно финансирање на итните служби.

(0 гласови)

Швајцарската разузнавачка служба објавила документ во кој наведува дека САД во војната во Југославија користеле паравоени сили од кои настанала Ал Каеда.

Како што пренесува "Večernje Novosti", САД во војната во поранешна Југославија ги користеле истите паравоени сили со чија помош претходно војувале против Советскиот Сојуз во Авганистан. 

Тие сили подоцна ќе го понесат името Ал Каеда, а на истите темели подоцна се развиле и останатите терористички организации на милитантните муслимани, како што е ИСИС, се наведува во документите на швајцарската служба, за кои белградскиот дневник вели дека го виделе светлото на денот.

Во документите се наведува дека политичката и медиумска пропаганда, кои служеле како рамка за распарчување на поранешна Југославија, во меѓувреме биле добро истражени.

Тоа што ситуацијата ја разликува од на пример, војната во Ирак, е фактот дека бројни медиуми и коментатори до денес настојуваат да ги одбранат тогашните официјални верзии за околностите под кои се одвивала војната во Југославија.

 

Во документите, меѓу другото, се потсетува и на случајот со масакрот на сараевскиот плоштад "Маркале", за кој првобитно биле обвинети силите на босанските Срби, додека подоцна во тој, како и во некои наредни случаи, офицерите на мисијата на ОН во Босна заклучиле дека злосторството најверојатно го спровеле босанските воени сили кон сопственото население.

Швајцарците, како што пренесува "Novosti", укажуваат на тоа дека во воената стратегија овој зафат се нарекува "напад под лажно знаме".

 

Во документите се наведува дека списокот на пропагандни примери, со кои медиумите создавале рамка за војна во Југославија и кои длабоко влијаеле на јавното мислење и на карактерот на тој судир.

Во документите под такви пример се споменуваат "спрскиот логор на смртта Трнопоље", "Маркале", како и Сребреница, за која се наведува дека е "најтажниот врв на војната во Босна".

Top