Денес во просториите на Државна лотарија се запознавме со дел од семејството на нашиот прв добитник на примија од играта Лото 7. Почитувајќи ја неговата желба за анонимност, ја споделуваме среќната приказна која го довела до најголемата премија во историјата на Државна лотарија.

Нашиот среќен добитник е пензионер од Кавадарци. Тој е редовен лото играч и негов омилен ден за уплата е понеделник, за добар почеток на неделата. Живее во центарот на Кавадарци и уплаќа во продажнотое место Браво Нутс, во близина на старата автобуска станица.  Уплатата со вкупна вредност од 100 денари за пет комбинации, ја извршил на 6ти мај, во понеделник. Во комбинациите со броеви, редовно  уплаќа по една комбинација со среќни броеви на неговата сопруга. Од 5те уплатени комбинации, третата комбинација е комбинација со броевите на неговата сопруга и токму таа е добитната комбинација на броеви, извлечени во 5тото коло на играта Лото7. Броевите на сопругата: 9, 11, 13, 21, 23, 25 и 32 му донесоа 7ка вредна 29.293.930,00 денари. Нашиот среќен добитник ни ја соопшти одлуката дека средствата ќе бидат да бидат распеределени на нивните деца. 

Ова е до сега најголемата лото премија во историјата на Државна лотарија. Ова е прва 7ка во Кавадарци. На мапата на среќни градови каде се постигнати 7ки до сега ги имавме Битола, Свети Николе, Неготино, Тетово,  Струмица, Куманово и Скопје.  Ова е прв пат Кавадарци да застане под среќна ѕвезда.

Фондот за 7ка изнесува 7.000.000 денари, колку што изнесува премијата што ја гарантира Државна лотарија. Играта Лото7 веќе докажа дека е навистина поинтересна, позабавна и нуди поголеми добивки. 

Скопје доби уште едно забавно место создадено за сите адреналински зависници. На улица „Илинденска“ веднаш до СЦ „Борис Трајковски“ е лоциран новиот забавен адреналински парк „Мега“.

Забавниот парк нуди над 20 возења, од кои 10 се адреналински атракции, 10 фамилијарни возења, како и неколку интерактивни реквизити.

Работното време на паркот од понеделник до четврток е од 17:00-00:00, во петок до 01:00, a сабота и недела од 10:00-01:00.

Главни атракции во „Мега“ се Камикази, кулата висока над 100 метри, Летечкиот килим, Брејк Денс, Ентерпрајз, Куќа на стравот и Поп Старс- возења какви можеме да видиме низ светските тематски паркови.

 

Крис Хјуз своевремено му помагал на Марк Закерберг да создаде голема социјална мрежа и познат бренд, но сега повикува на нејзино гасење.

Во колумната која ја објавил во “New York Times”, Хјуз вели дека Марк има “неверојатна моќ” и влијание во владите и дека е “време Фејсбук да се укине”. 

“Марк е добра, љубезна личност, но лут сум на него бидејќи неговиот фокус на растот на компанијата доведе до тоа да ја жртвува безбедноста на своите корисници поради кликови”, напишал Хјуз.

“Разочаран сум, од себе и од првиот тим програмери на Фејсбук, што не предвидовме како “News Feed” алгоритмите ќе ја променат нашата култура, ќе влијаат на изборите и ќе ги зајакнат националистичките лидери”, напишал основачот, додавајќи дека “Закерберг се опкружил со погрешни луѓе кои никогаш не му се спротивставуваат”.

Тој е само еден во низата поранешни извршни луѓе од социјалната мрежа кои повикале на построга регулација на Фејсбук и другите онлајн платформи, но Марк вели дека е отворен за регулации.

Во својата колумна за “Washington Post”, директорот на Фејсбук подцртал работи на кои би се согласил да ги промени на социјалната мрежа. Хјуз вели дека Закерберг сега има сопственост и контрола над 80 отсто од светскиот пазар на онлајн медиуми. Исто така, предложил американската влада да формира агенција која ќе ја надгледува работата на технолошките компании.

Археолозите во Египет, во близина на пирамида, откриле гробница стара 4.500 години, а двете пронајдени мумии внатре припаѓаат на високосвештеници од времето на фараонот Кефрен, кој со Египет владеел 25 години, од 2558-та до 2532-та година пред нашата ера.

Посмртните пронајдоци припаѓале на двајцата највисоки државни официјални лица во стариот Египет, кои биле сведоци на градењето на втората најголема пирамида на светот – пирамидата на Кефрен, висока 136,4 метри, на најголемата пирамида на фараонот Кеопс, а потоа и на Големита Сфинга, за која модерната египтологија смета дека е изградена во времето на владеењето на овој фараон.

Најголемата пирамида на светот била висока 145,75 метри, со странични квадратни бази од 229 метри, а била изградена од 2.300.000 камени блокови, тешки повеќе од два тона.

Многу експерти сметаат дека Старите Грци биле шокирани кога наишле на толку огромна градба и дека таквите фараони не можеле поинаку да ги опишат, освен како сериозно пореметени луѓе.

Сепак, тоа што тогаш го виделе во Египет било сосем поинакво од она на што дотогаш биле навикнати.

„Тоа било митско суштество со тело на лав и глава на маж. Меѓутоа, Грците, кога наишле на монолит кој бил врежан на местото од каде што се вадел каменот, со такви димензии, чудото најмногу потсетувало на Сфинга. Денес работите се појасни и последното откритие кај Гиза фрла друго светло на минатото од пред 4.500 години“ - изјавил египетскиот археолог Захи Хавас.

 

„Да се открие гробница од Старото кралство (од 2686-та до 2181-та година пред наша ера) е многу важен пронајдок. Тоа ни кажува нешто за луѓето кои го одржувале култот кон кралевите. Од друга страна, од посебна важност се и луѓето кои ги граделе тие гробници. Тоа ни покажува на фактот дека луѓето кои ги граделе тие пирамиди не биле робови туку Еѓипќани“ – изјавил Хавас.

Мустафа Вазири, археолог и генерален секретар на советот за антиквитети во Египет, вели дека оваа година откриле мноштво на гробници ширум светот.

 

„Ова подрачје за мене и за мојот тим е многу важно. Тука зборуваме за пирамидите, за неистражено подрачје кое никој не го “допрел“ стотици години. Тоа што денес можете да го видите во Египет, не претставува ни 40 отсто од тоа што Египет го крие во себе“ – рекол тој.

„Почнавме во август, 2018-та година, и истражувавме околу 450 метри кубни материјал. Ја откривме гробницата на Старото кралство, поточно од петтата династија... Откривме многу ковчези, древни, квалитетно обоени и украсени. Во гробот имаше двајца мажи. Еден од нив беше Пехенвик, кој имал многу титули. Бил високосвештеник. Другиот се викал Нуи и имал пет титули. Нуи бил таен чувар на богот Кефре.“

Самопрогласениот привремен претседател на Венецуела, Хуан Гуаидо откри дека денес му дал инструкции на својот претставник во Вашингтон веднаш да воспостави односи со американската армија.

Главниот опозиционер и најголем противник на венецуеланскиот претседател Мадуро, Хуан Гуаидо изјави дека побарал од својот амбасадор Карлос Векио да отвори „директна комуникација“ со американската армија за евентуална „координација“.

Гуаидо кој што има поддршка од САД, јужноамериканските земји и голем број на европски земји (вклучувајќи ја и Македонија), веќе неколку години води кампања за симнување од власт на претседателот Николас Мадуро.

Гуаидо изјави дека „сите опции се отворени“ кога станува збор за симнувањето од власт на Мадуро, со што практично тој ги повтори истите зборови на американскиот претседател Доналд Трамп и американскиот државен секретар Мајк Помпео кои најавија и можна воена интервенција во Венецуела.

Опозицискиот лидер Гуаидо говореше пред неколку стотина луѓе кои се собраа во главниот град Каракас да го поддржат во енговите напори да го сруши од власт социјалистичкиот претседател Николас Мадуро.

 

Сепак, според аналитичарите, се помалиот број на луѓе кои што излегуваат на неговите митинзи откриваат дека опаднал моралот меѓу неговите поддржувачи после неуспешниот воен удар кој беше организиран на 30-ти април.

Токму поради тоа, но и поради фактот што највлијателните генерали во венецуеланската армија и натаму му се лојални на Мадуро, Гуаидо сега се обидува да ја искористи поддршката што ја има во моментов и притиска за поголема вклученост на Американците во симнувањето од власт на Мадуро – процес кој веројатно нема да исклучи воена интервенција, односно избивање на голема војна во јужноамериканската држава.

Државна лотарија на Македонија го пласираше инстант лозот БИДИ ВИП - ВОЗИ ЏИП во соработка со Аutomobile SK, а вчера (09.05.2019) додели уште еден автомобил JEEP COMPASS, кој е една од 10-те главни добивки во овој инстант лоз.

Дел од овие автомобили веќе се возат низ улиците на Куманово, Кавадарци, Охрид ,Скопје,Ресен, Прилеп, Ново Село- Струмичко, а од денес ќе се вози и во Гостивар.

Наталија Танасковиќ е редовен играч на игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија. Редовно игра лото во продажното место ЈОТОН Среќа во Гостивар. Кога имала добивка со 4 погодоци, добиените средства го вложила повторно во уплата на лото, а следното коло среќата и се насмеала и имала 5 погодоци. Добиените 1170 денари повторно решила да ги вложи во игра на среќа. Па повторно уплатила лото, но и купила неколку инстант лозови во Јотон Среќа во Гостивар. Токму инстант лозот БИДИ ВИП ВОЗИ ЏИП , се покажал како најсреќен за неа откако изгребала три симболи на автомобил. Овие три симболи вчера ја донесоа до клучевите од нејзиниот нов автомобил JEEP COMPASS , кои и ги додели Марјана Станојковска во салонот на Автомобиле СК во Скопје.

Наталија здоволна замина со својот нов автомобил за Гостивар, а на сите играчи им пораќа да не губат верба во среќата, бидејќи само КОЈ ИГРА ТОЈ И ДОБИВА.

Заврши големата полициска акција која се одвиваше во Сингелиќ, Арачиново и Битпазар. Според нeoфициjaлнитe првични информации, пронајдена е гoлeмa количина на дрогa на сите локации

Од Сингелиќ и Арачиново, полицијата зaплeни гoлeмa количина на дрогa, а беа зaплeнeти и возилата на групата која тргувала со нapкoтични средства. Неофицијално, yaпсени се членови на групата „Белана“.

Пред пoлициcкaтa станица во скопската населба Автокоманда имаше насобpaно голем број на луѓе, кои виднo вoзнeмиpeни бараа информација повеќе од пoлициjaтa но и по телефон. Дел од нив контактираа и со пoлициcки фyнкциoнерии, пишува Инфомакс.

Според информациите на Прес центар, станува збор за акција во која се приведени членови на групата „Белана“, на која ѝ припаѓал и познатиот лихвар Џелал Ајети – Џељо. Тој беше убиен пред шест години, додека неговиот брат беше убиен минатата година на улицата “Рузелтова” во близина на ППС во Скопје.

До овој момент се приведени 8 лица во полицијата.

Антикорупциската комисија отвори 6 предмети по пријави од ВМРО-ДПМНЕ од кои дел се поврзани со премиерот Зоран Заев за случаите познати како „Поткуп” и „Глобал”, како и за т.н бугарски фирми.

Предмет се отвора и за легализирањето на хациендите „Цареви Кули“. Објаснувањето на ДКСК зошто отвораат предмети кои имаат судска разрешница е дека има пријава за овие случаи. Од Антикорупциската комисија наведуваат дека ќе го истражат случајот и ќе видат дали и за кои предмети има судска разрешница и дали ќе го затворат предметот.

Има и предмет поврзан со министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски како и за вицепремиерот Кочо Анѓушев.

За Анѓушев ќе се истражува како било дадено под закуп земјиште за изградба на хидроелектрана на фирмата ,,Тополки” во сопственост на неговиот брат Тодор Анѓушев.

Во 5тото коло Лото7, одржано вчера на 8ми мај 2019та, не израдува првата 7ка од играта Лото 7. Извлечените броевите 9, 11, 13, 21, 23, 25, 32 донесоа 7ка вредна 29.293.930,00 денари.

Ова е до сега најголемата лото премија во историјата на Државна лотарија. 7ката во своите досегашни посети, беше по еднаш  во Свети Николе, Неготино, Тетово и Струмица, два пати во Куманово, четири пати во Битола и единаесет пати во Скопје. Мапата на среќни добитници на 7ка се збогати со нов град каде од денес е поголема вербата во среќата. Првата 7ка на Лото 7 е прва 7ка во Кавадарци и 22рата 7ка од почетокот на приредување на играта на среќа Лото.

Во очекување да го запознаеме среќниот добитник, со надеж за негова скора посета на нашите простории, ви пренесуваме податоци од системот, според кои среќниот добитник уплатил пет комбинации Лото 7, од кои добитна е третата. Уплатата со вкупна вредност од 100 денари, ја извршил на 6ти мај, во понеделник, во продажното место Браво Нутс, во близина на старата автобуска станица во Кавадарци.

Очекуваме повеќе интересни податоци од средбата со добитникот. До сега дел од нашите среќни добитници на 7ка со задоволство ги споделија своите лото искуства и пренесоа пораки до играчите. Сите ни потврдија дека премиите им го промениле животот на подобро и им помогнале да остварат голем дел од своите планови и желби. Се надеваме дека наскоро ќе ја споделиме среќната приказна на првиот добитник на 7ка од играта Лото 7, кој со 100 денари и верба во среќата дојде до премија вредна 29.293.930,00 денари. За сега по контактите со нашето продажно место во Кавадарци, дознавеме дека во Кавадарци веќе се слави. А има и зошто. Во Кавадрци до сега се освоени бројни премии од инстант лотарија и веќе се возат автомобили добиени на инстант лозови, но ова е прв пат Кавадраци да слави за 7ка на лото со која нивен сограѓанин застана под среќна ѕвезда.

 

По повод, 9-ти Мај, Денот на Европа во Скопје ЗОО денеска за првпат ќе се одржи Детски ЗОО Маратон, кој се надеваме дека во иднина ќе прерасне во традиција. Маратонот е организиран во соработка со Агенцијата за млади и спорт, Атлетска федерација на Македонија, како и Град Скопје.

Во ботаничката градина во Зоолошка градина Скопје ќе се одржат четири трки на кои ќе учествуваат 200 деца. Целта на настанот е пред се едукација за придобивките од спортот и рекреацијата уште од мали нозе.

Top