По заканите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ѝ порача на Русија да се подготви за убави и паметни проектили кои доаѓаат во Сирија, официјална Москва порача дека доколку оружјето е паметно, тогаш тоа треба да цели кон терористите, објави „Раша тудеј“.

“Паметните ракети би требале да летаат кон терористите, а не кон законската влада на Сирија, која неколку години се бори против меѓународниот тероризам”, изјави портпаролот на руското МНР, Марија Захарова, како одговор на твитот на Трамп.

Таа додаде дека САД можеби се обидуваат да ја поткопаат истрагата од страна на експертите за хемиско оружје, кои планираат да го истражат теренот во Сирија по наводниот хемиски напад што предизвика конфронтација меѓу Русија и САД.

“Дали инспекторите на ОПЦВ се свесни дека паметните ракети ќе ги уништат сите докази за употребата на хемиско оружје на теренот? Или можеби тоа е вистинскиот план – да ги прикријат сите докази за овој фабрикуван напад со паметни проектили, така што меѓународните инспектори нe би имале што да бараат? “, праша Захарова.

Новинар на "BBC" на фотографиите од сирискиот град Дума воочил дека милитантите ги преместуваат мртвите тела на загинатите деца за да предизвикаат емотивна реакција кај Западот.

Уредникот на надворешнополитичките вести на британски "BBC", Риам Далати, објави на својот профил на Твитер интересна опсервација во врска со хемискиот напад на сирискиот град Дума, недалеку од Дамаск.

Имено, тој воочил дека сириските бунтовници ги разместуваат мртвите тела на децата за да направат што е можно пострашна сцена.

 

На една од фотографиите кои што ги објави може да се видат две мртви деца, момче и девојче. Мртвото девојче ја има раката преку момчето, па одредени медиуми на Западот ја објавуваа фотографијата со потресни насови како „последната прегратка“.

Секако, станува збор за прилично драматична сцена, но новинарот исто така воочил дека истите починати деца можат да се видат и на фотографии од други локации што доведува до заклучок дека некој ги преместувал и потоа ги фотографирал морничавите сцени со починати деца - настрадани во хемискиот напад.

 

„Ми се гади повеќе од активистите и бунтовниците кои што ги користат мртвите тела на децата за да предизвикаат емотивни сцени за Западната публика. И потоа се чудат кога некои сериозни новинари ќе го доведат во прашање нивниот наратив“, напиша Далати на својот профил на Твитер.

Тој набрзо потоа го избришал Твитот, но повторно го објавил со поинаков текст, иако повторно ги објавил спорните фотографии. Сепак, постои можност да направил грешка, па има нагласено дека истите деца се забележани и на местото на нападот, но и на местото каде што биле преместувани и идентификувани загинатите, па така дошло до преместување.

Прва од министрите за кои опозицијата побара оставка е министерката за труд и социјала, Мила Царовска. Пратеничката Даниела Рангелова обвини за негрижа на Ромите, и побара одговорност од Царовска за злоупотребените малолетнички од домот „25 Мај“.

- Треба да си одите затоа што дозволивте три дечиња од „25 Мај“ да бидат силувани, а да не понесете лична одговорност. Како мирно ќе спиете кога им ги одземавте насмевките на тие дечиња. Гледам се смеете, убаво што се појавивте, но дали се смеат дечињата што беа силувани во „25 мај“. Какви фаци правите, не можете ни во градинка да одите, а не па да бидете министер, рече Рангелова.

Рангелова од говорницата пушташе и снимки од мобилен за кои тврдеше дека се на лица заборавени од Министерството за труд и социјала.

 

Во населбата Реонски центар-Аеродром утрово околу 10:30 часот се случил инцидент кога работници со градежна механизација им рекле на околните жители да ги тргнат возилата од паркингот за да влезат на местото каде што требале да почнат со подготовки за градба.

Извесна госпоѓа која одбила да се препаркира била вербално нападната од еден од работниците, кој ѝ рекол дека ако не се тргне ќе ја фрли во контејнер. Расправијата продолжила со уште една група насобрани граѓани кои биле револтирани од присилното однесување на работниците. По пристигнувањето на екипата на „Макфакс“, на местото стигна и полициско возило што го повикале жителите. 

Тие пред пет недели алармирале до општината Аеродром да се преиспита одлуката за градба на ова место. Сметаат дека ќе се наруши и така тесниот урбанистички простор меѓу околните згради и предлагаат на тоа место да се направи или детски парк или да се обезбедат уште паркинг-места. 

 

На нивните барања не добиле одговор од надлежните во Општината Аеродром и денеска без да биде обезбеден теренот за отпочнување со градба и без да бидат информирани, пристигнала градежната механизација. 

Полицискиот службеник кој направи увид им наложи на градежниците да ја повлечат механизацијата и да ги санираат штетите на тротоарот, а со градбата можат да почнат откако ќе приложат потребна дозвола од Град Скопје за обезбедување на теренот и ќе ги информираат граѓаните за времената узурпација на околниот простор. 

 

Жителите на оваа населба подолго време негодуваат поради хаосот што е настанат со континуирана изградба на згради. Се жалат дека нема доволно зелени површини иако оваа населба е рекордер по загаденост на воздухот. Исто така велат дека неконтролираното населување прави проблем со паркинг-местата и дека улиците се преплавени со возила и се оневозможува движењето. 

makfax.com.mk

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, синоќа организираше вечера во чест на својот грчки колега Никос Коѕијас, кој денеска доаѓа во Охрид на нова рунда преговори за името.

Дачиќ има обичај да им отпее нешто на мајчин јазик на своите гости, но и самиот Коѕијас овојпат имал една музичка желба.

„Тој го замоли Дачиќ да му ја отпее ‘Таму далеку‘, кажа дека тоа е најубавата песна на светот“, откри извор од вилата „Мир“, кадешто се одржала вечерата.

Дачиќ не пропуштил прилика да отпее и нешто на грчки и, како што објави весникот „Блиц“, тоа била песната „Mi mu timonis matia mu“, по што му ја исполнил желбата на Коѕијас.

Двајцата за утрово имаа закажано и официјална средба, пред денешното доаѓање на Коѕијас во Македонија, на средба со македонскиот шеф на дипломатијата, Никола Димитров.

ВИДЕО  тука 

Основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, сведочеше пред 44 сенатори од американскиот Конгрес поради аферата во која “протекоа” лични податоци на милиони корисници на оваа социјална мрежа.

Тој на сослушувањето објаснил како неговата компанија ја штити приватноста на корисниците и податоците со цел да не бидат злоупотребени за политичка кампања. Закерберг го повтори своето извинување кое веќе го дал за низата проблеми со кои се соочува Фејсбук. 

Ова се најинтересните моменти од сослушувањето:

Прашање број 1

Линдзи Грејем, сенатор од Јужна Каролина, го прашала Закерберг дали Фејсбук има монопол. 

Закерберг одговорил “Јас навистина не мислам така”, по што предизвикал смеа помеѓу присутните.

Прашање број 2

Сенаторот од Илиноис, Дик Дурбин, го прашал Закерберг: “Дали би можеле да го споделите името на хотелот во кој сте престојувале минатата вечер?”. 

“Не”, одговорил Закерберг.

Сенаторот: “Дали со нас би ги споделиле имињата на оние на кои сте им пратиле порака оваа недела?”

“Не би го направил тоа јавно” - одговорил Марк.

Прашање број 3

Сенаторката Марија Кантвел го прашала Закерберг дали во активностите на Кембриџ Aналитика за време на американските претседателски избори во 2016 година биле вклучени и вработени во Фејсбук.  

На тоа, Закерберг дал дипломатски одговор: “Не можам точно да одговорам, можам да проверам со мојот тим”. 

Најинтересна во целата приказна е информацијата дека по извинувањето на Марк пред Конгресот, акциите на Фејсбук “скокнаа” за пет отсто.  

Турските медиуми откриваат дека на Кипар е забележана голема активност во британските воени бази, а според нив тоа е сигурен знак дека се подготвува напад на Сирија.

Можниот воен напад на Сирија и натаму е опција за која што треба да одлучи американскиот претседател Доналд Трамп, но се чини дека сега станува јасно дека уште една голема сила ќе биде вклучена во евентуалниот судир, а тоа е Велика Британија.

Турските медиуми откриваат дека на Кипар во воените бази на британската армија е забележана огромна активност, иако од британското Министерство за одбрана се огласија и ги демантираа овие информации.

 

Секако, доколку САД одлучи да ја нападне Сирија, притисокот врз Лондон за учество во борбените дејствија ќе се зголеми, со оглед на тоа што веќе и израелското воено воздухопловство се вклучи со гранатирањето на сириската воздушна база пред неколку дена.

Покрај тоа, се појавија информации дека американски воен разурнувач "USS Donald Cook" вооружен со 60 Томахавк ракети тргнал кон сирискиот брег. Овој брод исто така бил стациониран во воена база на Кипар и сега пловел во близина на сирискиот брег.

"USS Donald Cook" е американски воен разурнувач кој што е вооружен со 60 Томахавк крстосувачки ракети. Да потсетиме, минатата година американската армија исто така поради многу сличен инцидент ја нападна Сирија со Томахавк крстосувачки ракети.

 

Како што е познато, ваквите воени активности на Кипар, а со тоа и на Блискиот исток се случуваат после хемискиот напад на цивилното население во градот Дума во близина на Дамаск за кој што Западните сили тврдат дека го извела сириската армија лојална на претседателот Башар Ал Асад.

Американците се заканија дека сирискиот претседател ќе ја плати цената за ова ѕверство, но исто така се огласија од Москва - Русите се заканија дека САД ќе се соочи со „тешки последици“ доколку одлучи да ја нападне Сирија.

Споменикот на Јуриј Гагарин, кој преку ноќ се појавил во Нов Белград, предизвикал лавина од коментари изминатите денови и ја поделил јавноста во Србија, а неговата фотографија се појавила и на BBC.

Споменикот од советскиот космонаут, првиот човек кој отпатувал во вселената во 1961. година, на 27. години, го привлекол вниманието на јавноста поради несразмерната големина на главата на Гагарин и огромниот столб на кој е поставена. 

Медиумите во Србија, но и во регионот, пишувале дека споменикот е срамен и дека Јуриј Гагарин не заслужил вакви нешто. Споменикот се наоѓа на улица Јуриј Гагарин, кај трговскиот центар "Пирамида", а колку за споредба, споменикот од истиот човек во Москва е висок 42,5 метри.

Така порталот Vijesti.rtl.hr пренел дека пред една година членови на Градското собрание во Белград донеле одлука за поставување на споменик на Јуриј Гагарин во истоимената улица во Нов Белград. Споменикот пред неколку дена "никнал преку ноќ" и предизвикал бурни реакции во јавноста. Порталот пренел и коментари на луѓе на социјалните мрежи кои се чуделе на оваа статуа.

Хрватскиот портал 100posto.hr, под наслов "Да се смееш или да плачеш" ја пренесува истата вест. Медиумите истакнуваат дека на основата висока три метри, наеднаш се појавила мала, одвај видлива глава на Јуриј Гагарин. Се наведува и дека отворањето на споменикот допрва треба да се случи, бидејќи на него стои датумот 12.04.2018. година. На крајот од текстот порталот истакнува дека споменикот од советскиот космонаут е предмет за исмевање на социјалните мрежи.

Веста за бизарната статуа дошла и до BBC. Тие под наслов "Белградската статуа со ситна глава од Гагарин предизвика шок", пренесуваат дека споменикот ги шокирал граѓаните поради несекојдневните и смешни пропорции. Се додава и дека креаторот веројатно мислел на криминалот во државата, па го направил таков за да не биде украден.

Британскиот медиум на крајот пишува дека многумина сметаат дека ова неприфатлив подарок за советскиот херој кој прв отишол во вселената. Во споредба со споменикот на Гагарин во Москва, овој во Белград е скандал и навреда, пренесува BBC еден коментар од Твитер.

 

 

Воздушната одбрана на руската флота на Црното море издаде предупредување за напад, открива шведскиот политичар Карл Билт на својот профил на Твитер. Оваа вест ја пренесоа сите шведски медиуми, но засега нема потврда од Москва.

Одредени западни медиуми пренесуваат дека руското Министерство за одбрана издало наредба борбената готовност на руската Црноморска флота да се подигне на највисоко можно ниво и било издадено предупредување за можен напад.

Предупредувањето било издадено откако било забележано дека воени бродови на коалициските сили на чело со САД, Велика Британија и Франција тргнале кон бреговите на Сирија.

 

Според некои информаци, коалициските сили би можеле да организираат напад на Сирија во следните 24 часа.

Да потсетиме, американскиот претседател Доналд Трамп се закани со воен удар на Сирија поради наводниот напад со хемиско оружје во градот Дума во Источна Гута и предупреди дека Русија, или било која друга земја која што ќе се утврди дека била виновна за тој напад „ќе ја плати цената“.

 

Од друга страна, рускиот амбасадор во Обединетите нации, Васили Небензја го обвини Вашингтон дека намерно поттикнува меѓународни тензии со закани кон Русија со тон кој што не бил прифатлив ниту во времето на Студената војна.

Откако американската амбасадорка Ники Хејли порача дека е време Асад да се соочи со правдата, рускиот амбасадор порача дека доколку САД ја нападне Сирија, тогаш ќе се соочи со сериозни и тешки последици.

Танкер се заби во историска палата во Истанбул на брегот на Босфор денеска, откако откажала опремата за управување, јави Си-ен-ен Турк. 

На местото на инцидентот се испратени реморкери и пловила на крајбрежната стража, а танкерот „Витаспирит“ кој плови под малтешко знаме е извлечен на брегот. Сообраќајот е прекинат во двете насоки.

Нема податоци за жртви, но снимките од местото на незгодата покажуваат голема штета на историската палата под мостот на султанот Фатих Мехмет, еден од трите премини меѓу европската и азиската страна.

Палатата на Салих ефенди потекнува од 18 век и се користи за венчавки и концерти.