(0 гласови)

Сопругата на турскиот претседател, Емина Ердоган тврди дека живее скромно по строго муслимански вредности, но омилена забава и е трошење пари, пишува „Дејли телеграф“.

Реџеп Таип Ердоган и неговата сопруга живеат во палата која чини речиси 600 милиони евра и има 1.000 соби. Освен палатата во Анкара, имаат барем уште две луксузни резиденции во Турција. Емина обожува дизајнерска облека и не се воздржува да троши огромни суми за нив.

epa04468161 Turkish President Recep Tayyip Erdogan in the new Turkish Presidential Palace prior to a official ceremony for Republic day in Ankara, Turkey 29 October 2014. Turkish President Recep Tayyip Erdogan will move to new palace after the Republic day ceremony, local media said.The palace is located at the Cankaya district in Ankara, at an area measuring 1,77 square kilometers or 438 acres. EPA/STR

560x380_06-erdogan-presidential-palace-ankara1

Првата дама се фали дека пие специјален чај кој чини околу 1.800 евра килограм и го пие од златни чаши кои чината речиси 300 евра.

580x360_04-erdogan-presidential-palace-ankara1

Еднаш поради Емина беше затворен целиот трговски центар. Според некои извештани, кога го придружувала сопругот во Варшава потрошила повеќе од 44.000 евра на еден пазар за антиквитети.

36619F6400000578-0-image-m-3_1468850007941

Без сомнение се што купила ке најде место во огромната палата.

36622EF200000578-3695470-image-m-50_1468927536798

Ѕидовите на палатата ги красат свилени тапети кои чинат околу 2.800 евра по ролна, а околу 400 соби имаат двојна врата која чини по 42.000 евра по парче.

36636A9500000578-0-image-m-7_1468850059856

Реџедп Таип Ердоган спаѓа во најскапо платените светски политичари, а богатството го стекнал со вложување во акции и во недвижности. Сопственик е на неколку ресторани и фудбалски клуб во Анкара, а има и своја вотка.

36691E3F00000578-3695470-image-a-31_1468927027801

Магазинот “People with money” неодамна го стави на прво место на списокот на најплатени политичари проценувајќи ги неговите комбинирани приходи на  58 милиони долари.

501960590

130384277362506504

(0 гласови)

Претставниците на четирите најголеми партии се согласија околу текст на договор преку кој ќе се направи проценка дали се исполнети сите услови за одржување кредибилни и сеопфатни избори, изјави Артан Груби од ДУИ по денешните разговори за излез од политичката криза на претставниците на партиите потписници на Договорот од Пржино.

Сепак, додаде Груби, ќе се направи се до крајот на август од страна на четирите лидери на најголемите парламентарни политички партии и ако се исполнети тие услови ќе биде договорен датум за избори.

Груби, како што изјави и вчера, потенцираше дека единствен можен датум за избори годинава е 11 декември според тоа што е потпишано во договорот.

Договорот, појасни, исто така предвидува и ангажман на Собранието на Република Македонија и на Владата околу евроатлантските интеграции, како и спроведување на Охридскиот договор и анализата предвидена во Извештајот на ЕУ. 

- Во делот на кадровските промени по завршување на мандатот на пржинската влада првпат во историјата на Република Македонија министер за внатрешни работи ќе биде Албанец, тоа ќе биде заменик министерот во Министерството за внатрешни работи во периодот се до изборот на новата влада, изјави Груби.

(0 гласови)

Почитувани, вашата Виза електрон картичка е блокирана од безбедносни причини и ќе биде реизработена на трошок на банката. Ова е пораката која рано утринава ја добија стотина штипјани. Граѓанин кој сакаше да остане анонимен, тврди дека од неговата картичка е пробано да се извлечат парични средства од банкомат лоциран во Санта Лучија, или поточно од Карибските острови. Токму поради вакви случаи добар дел од граганите се одлучуваат наместо со картички, да плаќаат со пари.

Организирани групи поставувајќи читачи, без проблем можат да ги симнат парите од кредитните картички. Има одредени знаци кои би можеле да укажат дека со ставањето на кредитната картичка вие може да бидете мета на измама, советуваат информатичарите.
    
Инаку денешниот случај кој испаничи дел од штипјани, засега не е пријавен во полиција.

 

(0 гласови)

Владата на Република Македонија ја донесе Уредбата која предвидува 6.000 денари дополнителна субвенција за хектар пченица. 

Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), Уредбата се предложи заради потребата од зголемување на финансиската поддршка за производителите на пченица, првенствено заради ниската откупна цена, намалениот интерес за откуп и зголемениот увоз на пченица и брашно од Србија.

– Потсетуваме, ова е втора државна мерка за дополнителна помош за производителите на пченица откако минатиот месец беше донесена одлуката за субвенционирање на 80 отсто од цената за складирање во силоси. Со таа мерка, на сите земјоделци кои ќе поднесат барање до Платежната Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, државата месечно ќе им покрие по 48 денари (од 60 денари) за еден тон земјоделски производ складиран во силоси. Субвенционирањето на складирање е најмалку два месеца, а најмногу половина година, наведува МЗШВ.

Земјоделските производи од оваа Уредба треба да се складирани во складиштар кој е впишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи согласно Законот за земјоделство и рурален развој и е давател на комерцијална услуга за складирање.

Корисници на финансиската поддршка за складирање се земјоделски стопанства евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства, кои претходно имаат поднесено барање за директни плаќања по обработлива површина согласно годишната Програма за финансиска поддршка во земјоделството и имаат склучено договор за складирање на земјоделски производи кои тие ги произвеле, како и платено 20 отсто од трошоците за складирање на земјоделските производи.

Корисниците на финансиска поддршка за складирање пченица од домашно производство на која се однесува интервенциската мерка од Законот за земјоделство и рурален развој, треба да има складирано најмногу до 3.500 тони пченица за остварени приноси најмногу до четири тони по хектар од пријавените земјишни капацитети од барањето за директни плаќања.

(0 гласови)

Партиите постигнаа договор за излез од политичката криза, а тоа го потврди и американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли, по денешните разговори на претставниците на партиите потписнички на Договорот од Пржино.

Преговарачките тимови се договорија Законот за внатрешни работи што го донесе Владата неодамна, да биде суспендиран до 1 јануари 2017 година, а новиот министер да има можност да смени 15 раководни лица. 

Изборниот датум се’ уште не е прецизиран. Партиите ги усогласиле ставовите за прочистувањето на избирачкиот список, за балансирано известување на медиумите, за формирање преодна влада 100 дена пред изборите.

Лидерската четворка на 31 август ќе треба да оствари средба за да се оцени имплементацијата на договореното и да се определи конкретен датум за избори.

Можен датум за одржување на изборите е 11 декември.

На средбата во Клубот на пратениците присуствуваа претставникот  од делегацијата  на ЕУ во Скопје Тиборг Бароди, Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила  Шекеринска од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА.

(0 гласови)

Народната банка на Република Македонија издаде и пушти во оптек кована пара за колекционерски цели „Владимирска“ од серијата „Икони на Пресвета Богородица“.

Кованата пара „Владимирска“ ги има следниве карактеристики:

  • на аверсот, во централниот дел е претставен приказ од Благовештението, врз основа на фреска од македонската црква којашто се наоѓа во селото Старo Нагоричане (од 1313 до 1318 г.). Во горниот дел е прикажано името на издавачот на монетата – Република Македонија (на македонски јазик) и грбот на Република Македонија. Под грбот е прикажана годината на издавање на монетата – „2016“. Во долниот дел од аверсот е прикажана номиналната вредност – „100 денари“ и ознаката „Ag925“, како и тежината на монетата – „31,1 г“.
  • на реверсот, во централниот дел е прикажан портрет на Пресвета Богородица Владимирска, врз основа на делата на Строгановската школа за иконопис (Русија, крај на XVI век). Украсите околу централната слика, огледалната основа, ѕвездите на облеката и ореолите на Богородица и на детето Исус се позлатени. На долниот дел од монетата е претставен натписот „Владимирска“ на македонски јазик.

Оваа кована пара е изработена од сребро Ag925, со тежина на среброто од 31,1 г, чистота на среброто од 28,77 г и во форма на правоаголник со димензии 30 х 45 мм.

Цената на кованата пара „Владимирска“  изнесува 3.800,00 денари.

Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.

Дополнителни информации за кованите пари за колекционерски цели се објавени на интернет-страницата на Народната банка на Република Македонија на следнава врска: www.nbrm.mk/Ковани пари за колекционерски цели.

 

vla

 

(0 гласови)

Килото не е кило, а литарот не е литар. Наместо да растат цените се намалува тежината. Вака најголем дел од производителите со години го кријат поскапувањето, а најголем дел од потрошувачите и воопшто не се свесни за тоа.

Кило леб одамна стана 600 грама, а последниве години и 450 до 550. Чоколадите најчесто не се 100 туку само 90 па дури и 75 грама, зејтинот не е литар туку 900 па дури и 750 милилитри, шпагетите и макароните, солта и шеќерот наместо 500 најчесто се 350 до 400 грама, паштетите „ослабеа“ за 5 до 15 грама, а и дел од цигарите со години не се по 20 туку по 19 во кутија.

Цените и пакувањата речиси воопшто не се променети, но содржината е намалена.

И бурекот и сендвичите во голем дел се потенки и посиромашни, а ваква состојба има и во порциите во некои од рестораните и кафеаните. Менијата секако остануваат исти.

Сето ова претставува „скриена инфлација“ која по самата дефиницијата е намалување на квалитетот или квантитетот на одреден производ при непроменети цени.

На „скриената инфлација“ неколку пати досега предупредуваа и од Организацијата на потрошувачи (ОПМ).

„Граѓаните мора да бидат навистина внимателни. При пазарење не треба да се гледа само цената и марката туку и тежината и содржината. На пакувањата грамажата треба да се врзе со единицата мерка, за да може да се види дали тоа што се купува е поевтино или поскапо. На пример, ако на кесичката пишува дека содржи 400 грама, треба да се назначи колку чини килограм, за да можат потрошувачите полесно да се снајдат“ велат во ОПМ.

Само дел од маркетите го практикуваат ова, најчесто тоа се „ниско буџетните“ кои нудат и најевтини производи. Кај нив секогаш ја пишува цената на производот, но и цената на 100 грама или еден килограм со што на купувачите им се олеснува споредбата.

Скриената инфлација е практика која производителите и трговците ја применуваат со децении, но стана поактуелна со почетокот на светската економска криза во 2008-та.

„Вистинската“ инфлација во негативна зона

„Скриената“ инфлација е поврзана и со „реалната“ инфлација. Паралелно со „топењето“ на килажата има и благо намалување на цените на производите.

Македонија веќе две и пол години има негативна инфлација односно дефлација – општото ниво на цените се намалува. Ова е резултат пред се на падот на цените на енергенсите на светските берзи што резултира со поевтини горива, а во мал дел и со поевтини крајни производи.

Народната банка (НБРМ) измерила дека во 2011-та инфлацијата била +2.8%, во 2012-та била +4.7%, во 2013-та била +1.4%; во 2014-та влегува во негативната зона, била -0.5%, во 2015-та била -0.3%, во првиот квартал годинава била -0.4%, а во вториот била – 0.7%.

Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, во однос на инфлацијата, вчера соопшти дека просечната годишна промена на домашните потрошувачки цени се задржа во негативната зона, при пониски цени на храната и енергијата.

„Инфлациските остварувања засега не упатуваат на позначителни отстапувања од проектираните, а ризиците околу проекцијата до крајот на годината и понатаму се поврзани со променливоста на очекувањата за промените на светските цени на енергијата и храната“ се наведува во соопштението од НБРМ.

(0 гласови)

Министерството за одбрана и Владата продолжуваат со политиката на прием на професионални војници и пополнување на Армијата на Република Македонија, а во вторник првата група од 125 професионални војници за оваа година стапи на должност.

„Веднаш почнуваме и со нов конкурс за 90 професионални војници и 25 лица со високо образование со специфична струка која и е потребна на Армијата, како лекари, психолози и инженери“, рече министерсот за одбрана, Зоран Јолевски на свеченоста за прием на 125 професионални војници, која се одржа денеска во скопската касарна Илинден.

Министерот додаде дека 48 од 125-те војници го завршија и 24-дневниот селективен курс и ќе бидат дел од специјалните единици, додека останатите ќе ги пополнат другите единици на Армијата. „Професионалните војници поминаа низ сериозен и ригорозен тест за проверка на нивните способности“, порача министерот Јолевски.

Пополнувањето на Армијата со исклучително способен кадар продолжува со питомците кои оваа година ја завршија Воената академија, додека перманентно е отворен и Конкурсот за пилоти во Центарот за обука на пилоти.

„Во текот на ове денови тече процесот за селекција на земја, за кандидатите кои веќе се пријавија, кои се со високо образование и одлично познавање на англиски јазик. Воедно минатата недела отворивме и нов конкурс за втората група на кандидати за пилоти кои обуката треба да ја започнат оваа година“, информираше министерот.

Во рамките на новопримените професионални војници, шест се припаднички на женскиот пол. Во следните три месеци овие професионални војници ќе поминат низ дополнителна обука, по што ќе бидат распоредени во единиците на Армијата на Република Македонија.

(0 гласови)

Турската војска денес потврди дека преку разузнавачки канали знала дека ќе дојде до обид за државен удар.

-Турската национална разузнавачка агенција дознала на 15 јули дека ќе дојде до обид за државен удар. Поради тоа воздушниот простор над Турција беше затворен, а воените летови забранети, соопшти војската.

-Поголем дел од припадниците на турската војска нема никаква врска со неуспешниот обид на воен пуч, соопшти денес Генералштабот на турската војска.

Во соопштението се наведува дека првите информации Генералштабот ги добил во петокот во 16 часот по локално време и дека за тоа се информирани надлежните служби, пренесува Ројтерс.

По неуспешниот пуч против турскиот Реџеп Таип Ердоган продолжува „чистката“ и отуштањата на осомничените лица.

Сменети се 257 од 2.500 вработени кои работат за премиерот, јавува Ројтерс, повикувајќи се на извори од тимот на премиерот Бинали Јилдирим.

(0 гласови)

Организацијата Викиликс, позната по објавувањето на доверливи документи, извести дека објавила околу 300.000 електронски соопштенија на членовите на турската влада.

Оваа вест Викиликс ја објави преку социјалната мрежа Твитер, а во соопштението има и линк кон базата со податоци во документите, во која може да се пребара според клучни зборови, јави ДПА.

Објавени се 294.548 електронски писма на турската владејачка партија на претседателот Реџеп Таип Ердоган, се вели во соопштението.

Освен мејлови објавени се и илјадници прикачени документи од 762 адреси, поврзани со домеинот на Партијата на правдата и развојот, akparti.org.tr.

Мејловите, поврзани со тој домеин, во повеќето случаи се користени за соопштение, кое содржи совети, а не за доверливи внатрешни прашања, појасни Викиликс.

Најновото објавено соопштение е од 6 јули, а најстарото од 2010 година. Материјалите се добиени неколку недели пред обидот за воен удар на 15 јули.

Викиликс ги проверил материјалите и изворот и утврдил дека изворот нема врска со елементи, кои стојат зад обидот за пуч, ниту пак се поврзани со противничка политичка партија или движење, се вели во соопштението.

Денес е блокиран пристапот до страницата на Викиликс на територијата на Турција пренесе ТАСС, повикувајќи се на објава на Викиликс на Твитер.

Викиликс изрази сомнение дека е можно турските државни структури или нивни сојузници да стојат зад нападот.

Викиликс се појави во 2006 година и за неколку години на сајтот се објавија илјадници тајни докуименти, при што најголемо внимание привлекоа американските дипломатски дописи.

Top