(0 гласови)

Лејди Гага, пејачка и страсна поддржувачка на Хилари Клинтон, беше фотографирана пред кулата на Трамп во Њујорк како протестира рано наутро.

Пејачката беше фотографирана како стои на камион за санитација, додека во раката го држи плакатот на кој пишува “Love trumps hate”, што во превод значи дека “љубовта ја заробува омразата”.

Гага беше забележана и претходно како со солзи ги дознава резултатите од изборие пред штабот на Демократската партија.

Откако беа објавени резултатите од изборите, таа на својот профил на Твитер напиша: “Во соба полна со надеж, нашиот глас ќе биде слушнат. Да застанеме заедно за добрината, љубезноста и љубовта. Ништо нема да нѐ запре. Молете се за Америка”.

http://gagadaily.com/uploads/stories/monthly_2015_06/lady-gaga-hillary-clinton.jpg.8a4aa53956875128bf4288b848900e62.jpg

(0 гласови)

До крајот на годинава турската компанија „Лимак холдинг“ очекува да ги добие потребните дозволи за реализација на инвестицијата вредна 250 милиони евра.

„Лимак холдинг“ ќе гради мултифункционален деловно-станбен комплекс кај Старата железничка станица, веднаш до Музејот на Град Скопје, тунел и двонасочна сообраќајница со шест ленти.

На површина од 300.000 квадратни метри, проектот предвидува четири блока, околу 1.000 станови во 20-катни згради, канцеларии, трговски центар, простор за културни активности, места за јадење и за пиење, паркинг…

Според менаџментот на компанијата, во текот на изградбата месечно ќе се ангажираат по 700 лица, а по завршувањето на компкексот ќе бидат вработени 2.000 до 2.500 луѓе. Во градежните активности ќе бидат вклучени македонски фирми и набавката на потребните материјали ќе се врши од домашни компании.

Целосната реализација на проектот треба да биде заокружена за 2,5 до три години. Притоа, постојната зграда на Музејот на град Скопје, воопшто нема да се наруши и ќе биде вградена во рамки на комплексот.

(0 гласови)

Мјузиклот „Тајно моја“ посветен на Тоше Проески, а специјално напишан за Македонската опера и балет ќе избира пејачи преку „Кастинг талент шоу“.

Директорот на МОБ Игор Дурловски на денешната прес­конференција рече дека идејата за избор на пејачи преку „Кастинг талент шоу“ е на сличните такви шоуа од рангот на „Идол“ и „Х фактор“.

- Изборот го организира Македонска опера и балет во копродукција со 3Д продукција. ­ Шоуто е од типот на „Идол“ и „Х фактор“ со разлика дека тука ќе бираме пејач што освен добро пеење, ќе има и актерски способности, односно освен да испеат ќе треба тоа и да го изиграат, рече Дурловски.

Посочи дека се избираат двајца пејачи, машко и женско, кои ќе настапат во самиот мјузикл и појасни дека мема ограничувања за возраста, така што секој што има добри гласовни, актерски и танчарски способности може и треба да се пријави.

Актерот Игор Џамбазов, кој е дел од жирито на шоуто, рече дека ова е вистинско место со вистински луѓе, со супер оркестар, одличен тим од сценографи и костимографи и се што е потребно за реализација на еден мјузикл. ­

- Песните на Тоше Проески овој пат ќе звучат сосема различно без придружба на бенд и тоа ќе биде препуштено на Тони Петровски и Кокан Димушевски, рече Џамбазов.

Посочи дека идејата тој да биде дел од шоуто за избор на две дечиња кои ќе настапат во мјузиклот посветен на Тоше Проески е и тоа што самиот тој има играно во неколку мјузикли и тоа да го пренесе на кандидатите. Шоуто започнува со снимање на 22 ноември и ќе биде во целосна македонска продукција.

(0 гласови)
Симпсонови имаат цака за предвидување на иднината, но можеби и тие се изненадија од предвидувањето дека Доналд Трамп ќе биде претседател на Америка.

Како што светот се обидува да се помири со фактот дека Дналд Трамп ќе биде на чело на САД, излегува дека американците имале предупредување за тоа уште пред 16 години.

Во епизодата “Bart to the Future” која се емитуваше во март 2000, Лиса преземајки го претседателското место изјавува дека наследиле лош буџет од Претседателот Трамп.

Ден Грини, човекот кој го пишуваше сценариото за Симпсонови изјавил:

“Тоа беше предупредување за Америка. Тоа само ми изгледаше како логички последната станица пред допирање на дното. Тоа беше во согласност со лудата визија на Америка и нејзиното движење”.

Творецот на Симпсонови, Мет Гренинг, исто така изјави за Гардијан:

“Ние предвидовме во 2000 година дека тој ќе биде претседател, но секако Трамп беше само име за шега што во тоа време мислевме дека е прикладно ”.

Илустрацијата која повлекува многу прашања, засега без одговори:

(0 гласови)
Рускиот претседател Владимир Путин, денес му ја честитал победата на републиканецот Доналд Трамп на претседателските избори и изразил надеж дека со заедничка работа ќе успеат да ги извадат од криза руско-американските односи.

"Сигурен сум дека дијалогот на релација Москва-Вашингтон, земајќи ги во предвид обостраните ставови, ќе им одговараат на интересите на САД и Русија", порачал Путин.

Тој изразил надеж дека САД и Русија заеднички ќе работат на пронаоѓање на ефикасни одговори на сите предизвици за глобалната безбедност, пренесува Sputnik.

Трамп е избран за 45. претседател на САД, победувајќи ја противкандидатката од таборот на демократите Хилари Клинтон.

(0 гласови)
На претседателските избори, 225 милиони Американци со право на глас одлучуваат помеѓу кандидатката на демократите Хилари Клинтон и Републиканецот Доналд Трамп.

Сосема нормално, Доналд Трамп сигурно го дал својот глас за себе, а тоа се очекува и од неговата сопруга Меланија, која што доколку Доналд Трамп биде избран за претседател на Соединетите Американски Држави, таа ќе стане првата дама.

Сепак, фотографијата на која што може да се види како Доналд Трамп љубопитно гледа во гласачкото ливче на неговата сопруга стана хит на социјалните мрежи.

Фотографијата е навистина уникатна, а многумина сега велат дека кандидатот на Републиканците за претседател на државата не ѝ верува ниту на својата сопруга кога се во прашање гласовите.

(0 гласови)
"Wikileaks" обелоденил страшна тајна на Хилари Клинтон - дека е поврзана со Лора Силзби, озлогласена шверцерка на деца!

Силзби е директор на организацијата "Нов живот за децата бегалци", која се прокламира како сиропиталиште. Извештаите покажуваат дека жена никогаш не водела сиропиталиште, но дека е прогласена за виновна за незаконски обид за изведување на 33 деца од Хаити.

Кога десната рака на Хилари, Хума Абедин, дознала дека долгогодишната сојузничка на демократската кандидатка за шефица на Белата куќа е вмешана во кражба на деца, на Хилари и ја пратила таа вест по мејл.

Овие твитови на "Wikileaks" набрзо биле избришани. Останало тоа што го зачувале и објавиле луѓето од кампањата на нејзиниот ривал Доналд Трамп.


(0 гласови)

Европската комисија денеска треба да ги објави годишните извештаи за напредокот на земјите кандидати за членство во Европската унија. Македонија, како и во претходните седум извештаи очекува нова препорака за отворање на преговорите за членство во ЕУ. Таа, според најавите, ќе биде условена како и во минатата година. Условена ќе се однесува на целосна примена на договорот од Пржино, фер и демократски избори и примена на Итните реформски приоритети од. извештајот на групата експерти предводена од Рајнхард Прибе.

Во овогодишниот извештај повторно ќе му се даде поддршка на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Може да се очекува дека Брисел ќе им даде поддршка на барањата на СЈО за продолжување на мандатот за поднесување на обвиненија и за законот за заштита на сведоци.

Минатата година Комисијата вети дека ќе се наврати на препораката по изборите, па се очекува дека на почетокот на 2017 година ќе има нов извештај за Македонија. Според неофицијалните информации новиот извештај за напредокот ќе биде во пролетта 2018 година.
Македонија, е кандидат за членство во ЕУ од 2005 година. Еврокомесарот Јоханес Хан, денеска најпрвин извештаите ќе ги претстави пред Еврокомисијата, а потоа и официјално ќе ги претстави пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент. 

Неговата прескоференција е најавена за во 13.30 часот.

(0 гласови)

Републиканскиот кандидат за американски претседател Доналд Трамп досега освои 276 места во Изборниот колеџ, а неговиот демократски противкандидат Хилари Клинтон 215, јавија светските медиуми врз основа на проекциите од првичните резултати од претседателските избори во САД.

Со овие гласови Трамп е новиот претседател на Америка. Во текот на денот се очекува да се дознае точниот број на освоени гласови, а според последните разултати Трамп извојува победа во Висконсин, во Пенсилванија, како и во Јута.

Трамп и натаму води во Мичиген, Аризона, Њу Хемшир.

Трамп извојува победа во Алабама, Арканзас, Ајдахо, Ајова, Вајоминг, Западна Вирџинија, Индијана, Јужна Дакота, Јужна Каролина, Канзас, Кентаки, Лујзијана, Небраска, Мисисипи, Мисури, Монтана, Оклахома, Охајо, Северна Дакота, Северна Каролина, Флорида, Џорџија, Јута, Тексас и Тенеси, додека Клинтон победи во Вашингтон, Вермонт, Вирџинија, Делавер, Калифорнија,  Конектикет, Колорадо, Масечусетс, Мериленд, Илиноис, Невада, Ново Мексико, Њујорк, Њу Џерси, Орегон, Род Ајленд, Хаваи, како и во главниот град Вашингтон.

Во меѓувреме, во штабовите на демократскиот кандидат Хилари Клинтон владее шок и големо разочарување.  Клинтон не се одважи да му ја честита победата на Трамп, и одлучи наместо да одржи говор, да замине на спиење.

(0 гласови)

Трговски и стамбен комплекс, составен од 4 дваесеткатници ќе „никне“ позади „Рамстор“. Турската компанија „Лимак“, на денешниот брифинг ја информираше јавноста дека наскоро ќе започне со реализација на долгоочекуваниот проект вреден 250 милиони евра. За прв пат во Македонија, турскиот гигант од областа на градежништвото и туризмот ќе реализира проект со кој Скопје ќе добие уште еден трговски центар од модерен тип, хотел, стамбен павиљон и подземен булевар кој се споменува веќе неколку години.

Компанијата која во Турција ги има изведувано некои од најкомплексните инфраструктурни проекти, го стопанисува меѓународниот аеродром во Приштина, сега ќе влезе на македонскиот пазар како инвеститор. Од она што го соопштија челниците на компанијата „Лимак“, градежнтие работи се веќе во тек и се работи на подготвување на теренот за големите ископувања кои допрва ќе следат.

Во строгиот центар на Скопје, помеѓу улицата „Јордан Мијалков“ и „Јужен булевар“ ќе се реализира најголемото отворено ископување. 14 метри под нивото на улицата ќе пробие првиот подземен булевар. Над него, ќе се исправат 4 дваесеткатници во кои ќе биде сместен трговско-деловен комплекс, станови како и пешачка зона долга 900 метри. Подземниот булевар е замислено да има вкупно 6 ленти, како и простор за евентуално поставување на трамвајски шини. 

Прецизно, датумот на официјалниот старт на проектот ќе биде обелоденет од страна на компанијата „Лимак“ наскоро, како и крајниот рок за финиширање на проектот. Како што е познато, концептот на подземна улица се споменува од страна на градските власти веќе извесно време. Просторот кој со години зјае празен, ќе биде исполнет со нова и модерна содржина каде Скопјани ќе можат да пазаруваат и уживаат. Проектот ќе биде во целосна координација со Министерството за транспорт и врски и Град Скопје. Подземниот булевар, ќе се спои со останатите улици преку два кружни тека едниот на крстосницата кај „Нова Македонија“, а другиот на местото на надвозникот кај Црниче. 

Top