(0 гласови)
Приближно 50 дена пред американските претседателски избори продолжува трендот на топење на предноста во анкетите на демократската кандидатка Хилари Клинтон, што го загрижува демократскиот кампус чијашто кандидатка се помалку предизвикува одушевување меѓу приврзаниците.

Во просек анкетите од крајот на август ѝ даваа само 1,8 процентен поен предност пред републиканскиот кандидат Доналд Трамп на национално ниво, што е пад од четири поена во две седмици. Во клучните сојузни држави каде што изборите ќе бидат решени, Доналд Трамп сега води - во Охајо со 46 отсто наспроти 41 и на Флорида со 47 наспроти 44, според испитувањето на јавното мнение спроведено за телевизијата CNN од социолошкиот институт ORC.

Хилари Клинтон, која продолжи со кампањата по трите дена одмор поради лекување на воспалението на белите дробови, покажа смиреност. „Секогаш зборував дека изборите ќе бидат тесни“, изјави кандидатката.

Меѓутоа, како знак на загриженост кај демократите, нејзината кампања објави дека нејзиниот противник за добивање на партиската номинација Берни Сандерс, кој е многу популарен меѓу младите, како и сенаторката Елизабет Ворен, ќе ја одработат кампањата за неа овој викенд во Охајо.

„Имавме неверојатен месец, полни сме со ентузијазам“, изјави задоволно Доналд Трамп.

Ова не е првпат меѓу двајцата кандидати да има мала разлика. Тоа се случи кусо и кон крајот на мај, пред Трамп да заостане дури во еден момент и со двоцифрен процент, но на национално ниво од почетокот на септември и да мине во водство во анкетите на Reuters/Ipsos.

На помалку од два месеца пред изборите, Клинтон предизвикува многу помало одушевување меѓу приврзаниците на Демократската партија. Само 38 отсто од демократите се многу одушевени, наспроти 47 во август, според испитувањето на телевизијата CBS и весникот The New York Times. Наспроти тоа, 55 отсто од избирачите на Трамп се возбудени што ќе гласаат, а во кампусот на Клинтон такви има само 36 отсто.

Интернет страницата Five Thirty Eight, којашто ги анализира анкетите, историските и економски податоци, на Клинтон ѝ дава 60,1 отсто шанси да победи на изборите, наспроти 39,8 отсто за Трамп. Но, на 8-ми август Клинтон имала 79,5 отсто шанси за победа, а Трамп само 20,5 отсто, според истата страница.

Откако Трамп ја промени својата екипа во кампањата, стана подисциплиниран, неговата порака поструктурирана, без навреди, а новата директорка на кампањата Келиен Конвеј често гостува на телевизиите.

(0 гласови)

Централната банка на Данска предупреди: земјата достигна полна вработеност. И, сега?

Данска технички бележи полна вработеност и мора да најде начин да ја зголеми својата работна сила како би избегнала штетни последици за стопанството.

„Невработеноста достигна `структурно` ниво“, утврдила Централната банка во тромесечниот извештај, во кој уште е напоменато дека веќе има знаци за притисок на пазарот на труд.

Меѓу невработените нема резервни работници, а највоочлив показател се извештаите за недостиг на работници во градежништвото и производниот сектор.

Стапката на невработеност во мај изнесувала 4,2%, но се работи за фрикциска невработеност. Работната сила би можела да се зголеми со луѓето кои одложуваат одење во пензија, студентите, граѓаните со инвалидски пензии и имигрантите.

(0 гласови)

Стапката на невработеност во Грција во периодот април-јуни падна на 23,1 проценти од 25 проценти во првиот квартал, но таа е и понатака една од највисоките стапки во ЕУ.

Во вториот квартал во Грција 1,1 милион лица биле без работа, додека 3,7 милиони биле вработени, соопшти грчката агенција за статистика, пренесува агенцијата АП.

По колапсот на грчките јавни финансии на почетокот на 2010 година и потпишувањето на првиот од трите пакети помош во вредност од повеќе милијарди евра, стапката на невработеност во таа земја скокнала на ниво кое не е видено во новата грчка историја.

Сепак, стапката на невработеност генерално се намалува откако на почетокот на 2о14 година се приближила до нивото од 28 проценти.

Владата во Атина моментално е во преговори со меѓународните кредитори за реформите, чија примена ќе обезбеди исплатата на транша од кредитот за Грција во износ од 2,8 милијарди евра.

(0 гласови)

Осум баратели на азил од Сирија, Ирак и od Авганистан одлучија да покренат тужба против Македонија поради тоа што ги вратила назад во Грција, по хаотичниот обид насила да ја преминат границата, во март годинава.

Тужбата, во чија изработка помогнала германската организација за мигранти Про Азил, е поднесена до Судот за човекови права на Советот на Европа.

Претставникот на организацијата, Карл Коп вели дека бегалците биле од Сирија, Ирак и Авганистан, но не ги откри нивните имиња.

Инцидентот се случи на 14 март годинава на границата меѓу Македонија и Грција кога стотици бегалци насила навлегоа на македонска територија, а потоа беа уапсени и вратени назад во Грција. Мигрантите во тој период беа заглавени во кампот Идомени на грчка страна. Со помош на грчки и странски волонтери, мигрантите успеаја да ја преминат малата река на границата. 

(0 гласови)

25 години потоа. Дел од Македонците мислат дека животот бил многу подобар во СФРЈ, многумина се уште гледаат со носталгија кон заедничката држава, а новите генерации не ни знаат како изгледало сето тоа. Статистиката, пак, покажува дека од независноста досега и нема многу голем напредок на економски план.

Десетина години во голем минус, десетина година во мал плус

Првите десетина години економијата беше во голем минус, а последните десет во мал плус. Ембаргото од Грција и санкциите кон Србија, распаѓањето на заедничкиот пазар и транзицијата односно приватизацијата беа главните белези на 90-те.

Статистиката покажува дека реалната плата се зголемила за 44.8%, невработеноста се намалила за околу 10 процентни поени, а Бруто домашниот производ (БДП) во просек растел за помалку од 2% секоја година од историската 1991-та до 2015-та. Ова се основите показатели од публикацијата „25 години независна Македонија“ што ја објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Македонските работници во 2004-та прв пат имале повисока реална просечна плата од 1991-та. И во деведесеттите таа номинално растела, но била „подјадувана“ од инфлацијата, па реално останала под нивото од пред распадот на Југославија. Во последните десетина години имала посолидни стапки на зголемување, па во 2015-та споредено со 1993-та реално била поголема за 44.8%, покажуваат податоците од публикацијата .

„Просечната нето – плата по вработен во 1993 година изнесуваше 3.782 денари, додека во 2015 година изнесуваше 21.906 денари. Во периодот 1993-2015 година се забележува номинално зголемување на просечната нето – плата од 479 проценти и реален пораст од 455“ се наведува во публикацијата.

Стапката на невработеност во 1993-та била 27.7%, со мали варијации се зголемувала се до 2005-та кога достигнала 37.3% по што почнува период на намалување и доведување до 24% во вториот квартал од оваа година. Стапката на невработеност секако е обратно пропорционална на стапката на вработеност иако има помали варијации поради иселувањето и пензионирањето како резултат на стареењето на населението.

„Во периодот 1997 – 2015 година, стапката на вработеност за лицата на возраст од 15 до 64 години бележи мали промени од година во година, во насока на пораст или опаѓање. Најниска стапка на вработеност е забележана во 2004 година, по што, почнувајќи од 2005 година, стапката на вработеност е во континуиран пораст и во 2015 година достигна 47.8%“ се наведува во публикацијата.

Бруто домашниот производ (БДП) односно вкупните економски активности се намалувале од осамостојувањето во 1991-та до 1996-та, по што започнува тенденција на раст кој е прекинат во 2001-та поради вооружениот конфликт, како и во 2009-та и 2012-та пред се поради светската економска криза.

Во изминатите 25 години има и значителна промена на структурата на БДП. Така во 1991-та 29.8% од вкупните активности отпаѓале на индустријата и градежништвото, 11.4% на земјоделството, а 56.8% на секторот услуги. Во 2010-та, пак, индустријата и градежништвото опфаќале 24.3%, земјоделството 9.8%, а услугите 65.9%.

Сепак, и во 2015-та Македонија била речиси исто далеку од Европската Унија колку во 1991-та ако се спореди БДП по глава на жител.

„Нивото на бруто – домашниот производ на Република Македонија, по жител, изразен во волуменски индекси на БДП по глава на жител, во 2005 година беше 70% под просекот на Европската Унија, а во 2015 година е 63% под просекот на Европската Унија“ се наведува во извештајот.

Денар.мк

(0 гласови)

Доцна синоќа, во 23.35 часот, на автобуската постојка кај хируршката болница „Св. Наум Охридски“, поранешна Градска болница, две непознати лица на моторцикл во движење испукале неколку рафали кон патничко возило БМВ, со кое управувал 18-годишниот С.К. од Велес, потвдуваат од МВР.

Лицата веднаш се оддалечиле од местото на настанот, а во инцидентот, за среќа, нема повредени.

Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, пронајдени се чаури, а по сторителите се трага.

МВР најави повеќе детали во текот на денот.

(0 гласови)
Мајка на две деца од Масачусетс се изјавила за виновна за силување на близнаци, од кои еден бил момче на нејзината ќерка кој има само 15 години.

Хедер Селинс е осудена на четири години затвор и три години условна казна поради силување на дете, заведување и блудничење.

На Селинс ѝ е забрането без надзор да контактира со деца под 16 години, а ќе биде регистрирана и како сексуален престапник кој ќе носи GPS локатор откако ќе излезе од затвор.

Бостон Хералд извести дека јавниот обвинител Џонатан Блоџет овој чин го нарекол „гнасен“. Таа е уапсена во март 2014 година кога момчето на нејзината ќерка било фатено како покажува разголени фотографии од Селинс во неговото одделение, пишува „The Independent”.

По испитувањата, Селинс признала дека имале сексуална врска по што тој ги објавил своите лични проблеми со неа. Таа рекла дека се` „излегло од контрола“ и дека момчето „не се однесувало како 15-годишник“.

Братот близнак на жртвата исто така ја обвинил Селинс за силување во јуни 2015 година.

Другиот брат во изјавата напишал дека доживеал депресија и дека има самоубиствени мисли. „Односите со луѓето во мојот живот се уништени, а многумина мислат дека не сум во право и ме третираат како ситуацијата да била моја грешка и како да сум одвратен“, напишало момчето.

„Поминав многу ноќи во плачење и мислев дека сум безвреден. Имаше моменти кога себеси се убедував дека не би требало да бидам на овој свет и дека треба да се убијам. Чувствував како воз да поминува низ моите гради“, напишал тој.

(0 гласови)
Експлицитната снимка ѝ го уништила животот на оваа девојка бидејќи таа станала предмет на потсмев на социјалните мрежи.

Тицијана Кантоне (31) од Неапол извршила самоубиство, а како што наведуваат тамошните медиуми, нејзината смрт се поврзува со појавата на секс снимка која протекла на интернет. Започната е истрага по повод овој трагичен случај.


Suicide ... Tiziana killed herself after being at the centre of months of online abuse


На снимката која била направена во пролетта 2015 година, е прикажано како оваа атрактивна Италијанка го задоволува својот сексуален партнер. Таа го снимила тој чин со нејзиното ново момче за да му ја испрати снимката на нејзиниот поранешен партнер.

Локалниот обвинител Франческо Греко отворил истрага по повод нејзиното самоубиство кое се случило една година откако снимката и фотографиите се појавиле на Фејсбук, Whats App и други социјални мрежи. 

Leaked ... Taziana, 31, was identified after her ex reportedly uploaded it online

Наводно поранешното момче ги искористило нејзините снимки за да ги пласира на социјалните мрежи, а за секој случај тоа повторно го снимил и фоткал, за да биде сигурен дека нема да се изгубат.

Пријателка на девојката, Тереса Петросино, изјавила дека експлицитната снимка буквално ја уништила Тицијана, пренесува весникот „Кориера дела Сера“.

(0 гласови)

Во текот на вчерашниот ден во Скопје и околината полицијата извршила увид на вкупно 15 сообраќајни незгоди, во кои со полесни повреди се здобиле 10 лица, а четири незгоди се со последица материјална штета.

Се случиле и две незгоди со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобиле двајца велосипедисти.

СВР – Скопје информира дека од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци. Меѓу санкционираните се 17 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, седум возачи поминале на црвено светло на семафор, 10 возачи не го почитувале правилото за престигнување и пет возачи почетници сториле прекршоци по разни основи.

Затекнати се и 55 непрописно паркирани возила, а санкционирани се и шест пешаци кои сториле прекршоци по разни основи.

Со помош на специјалното возило сообраќајната полиција во текот на изминатиот ден отстрани 81 возило.

(0 гласови)

Евентуален силен земјотрес во главниот град може да направи голем неред во централното градско подрачје во близина на Старата железничка станица, а со иста судбина би завршиле и населбите Карпош и Влае.

Ова го тврди студијата на пензионираниот професор на Градежниот факултет, Апостол Поцески, чии испитувања покажале дека силниот земјотрес би ги срушил и висококатниците во населбите Аеродром, Ново Лисиче и Кисела Вода. Според неговите истражувања, главниот град главно лежи на нестабилна почва со големи разлики во длабочината на земјата, а тоа всушност претставува главен фактор што предизвикува несакани последици.

Како што е објаснето во студијата „Ефектот на почвата од скопскиот земјотрес во 1963 година“, испитувањата на земјата под главниот град покажале дека најголеми оштетувања тогаш имале објектите што биле изградени врз голем процеп длабок околу 200 метри, што се протега од населбата Кисела Вода до реката Лепенец.

- Процепот минува низ делот кај Чешма во Кисела Вода, па преку улицата пред Старата железничка станица продолжува до поранешниот плоштад „Слобода“ кај Домот на градежници. Потоа, преку улицата Ленинова продолжува на булеварот Партизански одреди, па кај полициската станица во Карпош, преку Влае завршува кај реката Лепенец - стои во студијата на Поцески. 

Во материјалот се вели дека Скопската Котлина е пресечена со многу процепи, но овој е најстрашен затоа што минува токму низ центарот на градот.

Од Државниот завод за статистика, пак, потврдуваат дека територијата на нашата земја претставува трусно подрачје на кое секоја година се случуваат земјотреси со просечен интензитет во епицентарот од 4 степени според Европската макросеизмичка скала.

Во последниот официјален извештај што ги мери земјотресите што се случиле во изминативе 25 години, се вели дека на целата територија на Македонија биле забележани повеќе од 20 со интензитет околу 6 степени, како и три со интензитет поголем од 7 степени според Европската микросеизмичка скала.

Кога станува збор за земјотресите во светски рамки, од 1900 до 1999 година, потресите направиле вкупна штета што во денешна вредност се проценува на повеќе од еден трилион долари. Како што покажуваат светските статистики, во оваа бројка се вклучени проценетите загуби од цената на поправките за секој од 1.248 разурнувачки земјотреси регистрирани во текот на минатиот век и е приспособена според вредноста на парите во 2000 година. 

Ендрју Кобурн, инженер-архитект и извршен директор на водечката светска компанија за осигурување „Решенија за справување со ризици“, објаснува дека трошоците изнесуваат околу 10 милијарди долари годишно. Но оваа сума драстично се зголемува, така што во текот на векот просечната годишна стапка на трошоците за земјотреси енормно е зголемена. Во последната декада од минатиот век стапката на загуби е проценета на 20 милијарди долари годишно. Според истражувањето ова се случува поради зголемувањето на бројот и вредноста на имотот што може да биде зафатен од земјотрес. Цената на трошоците предизвикани од земјотрес во минатиот век биле помали бидејќи имало помал број на жители, а и цените за поправка на домовите биле пониски. 

Top