Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло, попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 30 до 38 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево, а попладне ќе има услови за локален краткотраен дожд. Утринската температура ќе достигне до 18, а дневната до 36 степени.

За време на викендот во претпладневните часови ќе биде сончево и топло, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Во почетокот на наредната недела времето ќе биде стабилно со благ пад на температурата. 

Од 1 јули годинава цените на електричната енергија за домаќинствата ќе се намалат за 0,25 отсто.

Како што соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Димитар Петров, причина за поевтинувањето се помалите трошоци што ги пријавиле енергетските компании.

Кај ЕЛЕМ Производство цените се намалуваат за 0,01 процент, кај МЕПСО за 7,99 отсто, а кај ЕВН Дистрибуција за 9,71 процент. Ова е втора година по ред како поевтинува струјата за домаќинствата. Лани се намали за 0,33 отсто.

Според последните податоци од Евростат, Македонија плаќа најевтина електрична енергија во Европа.

Министерот за здравство, Никола Тодоров и министерот за надворешни работи, Никола Попоски добија уште една функција.

Според објавеното на веб страната на макеоднската Влада, тие се именувани за заменици на премиерот Емил Димитриев, односно сега ќе ја извршуваат вицепремиерската функција.

Газдата на една хрватска фирма одлучи сите вработени да ги прати на одмор на Канарските острови.

Основачот на фирмата „Белабит“, Сандро Мур, вели дека на „Фејсбук“ гледал како работодавачи се шетаат и се фотографираат на луксузни дестинации.

– И јас сакав да бидам на тие места, но поради работата во компанијата, тоа не можев да го изведам, едноставно затоа што не е фер кон целиот тим. Затоа, решивме да го промениме моделот и да создадеме ситуација – или одат сите или не оди никој – вели Мур за хрватскиот портал „Индекс“.

Ваква одлука донел затоа што жештините во Загреб се неподносливи, а летните месеци не се многу продуктивни.

– Одлучивме целиот тим да го преселиме на Канарските острови. Закупивме луксузни вили со базени, а секој член на Канарските острови може да помине време колку што сака. Работното време е флексибилно и секој може да одлучи, кога и колку ќе работи, како и кој проблем ќе го решава. Овој модел на работа докажано е најпродуктивен – објаснува тој.

„Белабит“ е фирма која создава паметни уреди кои на жените им помагаат да го следат квалитетот на живот и здравјето во различни животни фази. Во мај 2015 година го лансираа уредот паметен накит за жени кој е прогласен за еден од најдобрите додатоци за минатата година.

По одлуката на мнозинството Британци за Брегзит, Европската комисија планира да ја лансира идејата сите земји членки на ЕУ да го воведат еврото како национална валута, објави лондонскиот весник „Дејли Експерс“.

Претседателот на Европската Комисија, Жан­Клод Јункер, како што се верува, сака секоја земја членка да го воведе еврото, откако на 23 јуни граѓаните на Британија гласаа за Брегзит, наведува „Дејли Експрес“.

Според весникот, Јункер инисистира на „забразување на европската интерграција“ на тој начин што и простантите осум земји членки на ЕУ, кои сега користат сопствени национални валути, би ги замениле со еврото. Станува збор за Бугарија, Данска, Полска, Романија, Унгарија, Хрватска, Чешка и Шведска.

Во исто време и германскиот весник „Франкфуртер Алгемејне Цајтинг“, повикувајќи се на свои извори во седиштето на ЕУ во Брисел, наведува дека Европската комисија сака да ја „забрза доизградбата на монетарната унија“. ­

-Имајќи го предвид претстојниот процес за Брегзит, Европската комисија сака да и стави крај на постоењето на „ЕУ со повеќе валути“- тврди франкфуртскиот весник.

Според „Франкфуртер Алгемајне Цајтинг“, главен промотор на оваа идеја е самиот Јункер, која сака „посилно поврзување“ на Европската монетрана унија.

Весникот наведува дека со плановите за Брегзит се предвидува ресорот за финансиска стабилност, финансиски услуги и пазари на капитал, со кој сега раководи британскиот еврокомесар Џонатан Хил, да го преземе потпретседателот на Еврокомисијата и комесар за еврото и социјален дијалог, Летонецот Владис Домбровскис. Според „Франкфуртер Алгемајне Цајтинг“, ова не би било времено решение, туку би требало да дојде до спојување на двата ресори во еден. На овој начин Домбровскис би требало не само да има координативна улога на финанскиот пазар како досега, туку би имал целосна надлежност над овој сектор. Негов приоритет во овој случај би било регулација на финасискиот пазар и негово насочување кон зајакната монетрана унија, нагласува германскиот весник.

Турската полиција се сомнева дека „мозок на нападот“ на аеродромот е Илхами Бали, алијас Ебу Бекир, кој важи за главен човек на Исламската држава во Турција, пишува германски „Билд“.

Полиција трага по организаторите на нападите на најголемиот аеродром во Турција. Многу знаци упатуваат кон Исламска држава, а доколку е навистина така, тогаш во планирањето, веројатно, е вмешан овој човек.

ilhami-bali-organizator-napadi-01

Се верува дека Илхами Бали важи за највисок командант на ИСИС во Турција. Тој, меѓу другото, го наредил и нападот на 12 јануари во Истанбул, во кој загинаа 12 лица. Тој организирал и шверц на борци и на материјали од Турција во Сирија за потребите на ИСИС.

Џихадистот, чиешто борбено име во ИСИС гласи Ебу Бекир, и кој се наоѓа на листата на терористи во Турција, важи за лице со добро организирана мрежа. Според тврдењата на турската полиција, организирал транспорт, односно шверц на ранети припадници на ИСИС во турски болници во граничните градови Килис, Газиантеп и Санлиурфи.

ilhami-bali-organizator-napadi-03

Турските медиуми известуваат дека тој го организирал и нападот на двајца бомбаши самоубијци во Анкара на 10 октомври 2015 година. Станува збор за терористички напад на демонстрациите на прокурдската партија ХДП, во кој биле убиени 103 лица, додека 400 биле повредени.

Според информациите на турската разузнавачка служба, во меѓувреме бил ослободен од должноста командант за границата со Турција и моментно се наоѓа во Рака, центарот на Исламската држава. Се претпоставува дека сè уште е во контакт со мрежите во Турција. Доколку врвот на ИСИС решил да изведе нов напад на територијата на Турција, тогаш можно е Ебу Бакир да бил главниот планер. Бекир се наоѓа на потерница издадена од турските власти, а има и награда од 1,4 милион долари за каква било информација што ќе доведе до апсење на овој озлогласен терорист.

Осум земји-членки на Европската унија(ЕУ) кои не го користат еврото, можеби ќе мораат итно да ја воведат заедничката европска валута, по одлуката на Велика Британија да ја напушти Унијата, пишува британски Daily Express.

Наводно Жан Клод Јункер би можел ултимативно да побара од Хрватска, Данска, Бугарија, Шведска, Чешка, Унгарија, Полска и Романија да го воведат еврото како платежно средство. Тој по Brexit сака што побрзо да ги поврзе останатите членки на ЕУ со заедничка валута, за да може ЕУ да стане монетарна унија во целост.

И германскиот Frankfurter Allgemeine Zeitung исто наведува дека по Brexit ќе се забрзаат плановите за довршување на монетарната унија.

И покрај прозивките, Јункер продолжува со притисокот што е во согласност со планот за итно воведување на еврото во земјите кои уште не го користат, пишува Daily Express.

Откако Британците се изјаснија за излегување од ЕУ, досегашниот еврокомесар за финансии, Британецот Лорд Хил поднесе оставка, а на негово место дојде Латвиецот Валдис Домбровскис, кој уште претходно се залагаше за воведување на еврото во сите земји членки.

Напредува изградбата на „Палатата генерал Михајло Апостолски“ која се гради на плоштадот „Македонија“ на местото на поранешниот Офицерски дом.

Новата сала за матичната служба во која ќе бидат склучувани бракови ќе биде отворена во рамки на оранешниот Офицерски дом. Салата ќе има високо репрезентативни услови,  а исто така ќе ги намали трошоците на оние кои склучуваат брак кои поради лошата состојба на постојната сала на матичната служба ги повикувале матичарите на други локации за што дополнително плаќале.

Салата ќе се простира на 762 метри квадратни, ќе бидат обезбедени гардобери, помошни простории... Објектот ќе биде завршен во средината на 2017 година кога треба да биде пуштена во употреба и оваа сала. Во палатата ќе биде сместена и нова голема мултифункционална читална, која  ќе има и намена за одржување концерти, културни манифестации, приредби...

Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко ја презема фирмата што интензивно ги гради Офицерскиот дом и хотелот веднаш до него, лоцирани на скопскиот плоштад близу до споменикот „Воин на коњ“.

Самсоненко, всушност, ја презема фирмата „ДЦ прајм пропертис“ од познатиот грчки бизнисмен Димитрис Контоминас, кој во 2011 на аукција го купи атрактивното државно земјиште (6.300 квадрати) и се обврза таму да го обнови Офицерскиот дом и да изгради хотел во стилот на проектот „Скопје 2014“.

За целата парцела тој плати нешто повеќе од 620.000 евра или по 100 евра за квадрат.

Во медиумите се најавуваше дека инвестицијата ќе изнесува меѓу 30 и 50 милиони евра, а Контоминас се обврза без надомест да му отстапи на Градот Скопје дел од Офицерскиот дом за потребите на матичната служба и работни простории за скопскиот градоначалник.

Изградбата на објектите високи до 29 метри треба да финишира најдоцна до 2019, а хотелот мора да има најмалку четири ѕвездички и да биде управуван или под франшиза на хотелски синџир со минимум 250 хотели во светот.

Македонските винари од 2014 година на европскиот пазар целосно ја исполнуваат безцаринската квотата за извоз на виното во шишиња. Продажбата на наливнотo се одвива без проблеми.

Македонските винарски визби и годинава успешно ги исполнуваат квотите за извоз на западноевропските и на другите пазари во светот.

Две години по ред целосно се искористуваат договорените безцарински количества за продажба во Европската Унија.

По склучувањето на Протоколот во 2001 година, македонското вино во целост се продаваше единствено како наливно, а извозот на флашираното беше минимален и безначаен.

До крајот на мај годинава е забележано зголемување на извозот на виното во шишиња за 7 проценти, а на наливното за 47 отсто.

Квотата за флашираното вино е 91.000 хекто литри, а за наливното скоро 40 милиони  литри годишно.

Телекомуникациската компанија Vodafone предупреди дека би можела да го пресели своето седиште надвор од Велика Британија, во зависност од исходот на британските преговори за напуштање на Европската унија(ЕУ), објавија во среда британските медиуми.

Телекомуникацискиот гигант објави во соопштение дека е важно да се задржи пристапот на слободното европско „движење на луѓето, капиталот и стоката“. Прерано е да се „извлечат било какви цврсти заклучоци за долгорочната локација на седиштето“, порача Vodafone и истакна дека ќе „донесе соодветна одлука“.

Минатата недела извршниот директор на компанијата Виторио Колао рече за ББЦ, во пресрет на референдумот, дека Британија ризикува исклучување од плановите за голем нов единствен пазар на дигитални услуги доколку ја напушти ЕУ.

Утрово во електронска пошта до медиумите Vodafone порача дека членството во ЕУ, вклучувајќи и слободно движење на луѓето, помогна во поттикнувањето на неговиот раст.

Овој телекомуникациски гигант вработува 13.000 луѓе во Велика Британија, а седиштето на групацијата е во Лондон.

Vodafone објави дека 55 отсто од добивката на групата во изминатата финансиска година дошло од европските бизниси, а само 11 од британските. Компанијата, исто така, ќе почне да известува за своите финансиски резултати во евра, а не во фунти.

На тој начин Vodafone се приклучи на листата компании, меѓу кои се и Visa и easyJet, кои размислуваат да ги преселат седиштата од Велика Британија.

Од тие причини, ББЦ го поставува прашањето дали по одлуката за ‘Brexit’ следи ‘Brexodus’?

Top