Со затоплувањето на односите меѓу Русија и Турција на картата на Балканот има нов кандидат кој има амбиција да игра клучна улога не само во снабдувањето со природен гас во регионот, туку и во цела Европа.

Првите турски барања беа направени уште во 2015-та година – Анкара ја забрза изградбата на TANAP, кога беа прекинати врските со Москва. Во ноември турските военовоздухопловни сили соборија руски воен авион, кој според зборовите на Турција го беше нарушил нејзиниот воздушен простор. Русија негира тоа да се случило и очекуваше извинување од турските власти.

Тоа сепак не се случи и Москва методично ги прекина контактите со Анкара – ги повлече своите инвестиции, со што беше замрзнат „Турски поток“ и голем број други проекти. Руските туристи упорно препорачува да изберат друга дестинација за летен одмор, а не во саканата за многумина Турција.

Со месеци турската страна одбиваше да прифати грешка за соборувањето на рускиот авион, но пред неколку дена Реџеп Тајип Ердоган се извини на Владимир Путин за тоа што се случило во минатиот ноември. Така двете земји повторно ќе најдат заеднички јазик за економски и политички прашања.

И така, откако Грција се откажа за изградба на нов гасовод под дното на Црното Море, за кој сите очекувања беа дека ќе помине и низ територијата на Македонија, сега Русија повторно гледа кон турскиот брег.

Рестартирањето на „Турски поток“ значи уште еден извор на природен гас за Турција. За неколку години Анкара ќе може да смета и на гас од Каспиското Море – во „TANAP“. Веќе се прават обиди од турска страна и за затоплување на односите во Медитеранот и така Турција да обезбеди пристап до наоѓалиштата лоцирани во акваторијата на Кипар, Египет и Израел.

Во гасната битка Анкара сепак има еден голем противник – Грција. Во нејзина територија ќе поминува Трансадриатскиот гасовод (TAP), текот на „TANAP“ на патот кон Европа. На овој т.н. „Јужен гасен коридор“ ќе пристигнува гас од Каспискиот регион во Европа.

Во моментов Бугарија може да предложи во плановите за гасен центар се најдоброта географска положба и модернизирана инфраструктура – речиси сите компресорски станици на Балканот се на бугарска територија, а и во моментов во земјата се распределуваат гасни струи од Русија кон Турција, Грција и Македонија. Европските институции исто гледаат благонаклонение на идејата за гасен центар.

Во исто време, сепак ни недостасува основното – извор на природен гас. Недостасува и друга важна инфраструктура – за гас, но нивната изградба е прашање само на време и средства.

При реализацијата на „Турски поток“, покрај Атина ќе победи и рускиот гас – првичните планови беа дека патот на суровината кон Европа ќе помине низ грчката гасоводна мрежа. Така Грција обезбедува втор извор на гас, при тоа независен од овој кој доаѓа по Тар.

Во исто време е важно да се одбележат и „семејните“ врски меѓу Грција и Кипар, што дава несомнено предност на Атина во очекувањата за пристап до наоѓалишта во Средоземното Море. Премиерот на нашиот јужен сосед Алексис Ципрас даде и јасни сигнали дека неговата земја има интерес во оваа сфера, по официјалните посети во Израел, Кипар и неговата средба со египетскиот претседател Абдел Фатах Сиси во Атина.

Засега, во отсуство на нормализација на односите меѓу Русија и Турција, за изградба на „Турски поток“ е уште рано да се зборува. Но, факт е дека првиот чекор е веќе направен, а економските интереси често успеваат да се пробијат низ лавиринтот на политичките спорови.

Киријакос Мамидакис (84), претседателот на Управниот одбор на речиси банкротираната нафтена компанија "Мамидоил-Џетоил", вчера, во својот дом на островот Крит, си го одзеде животот, јавија грчки медиуми.

Компанијата, која поседуваше околу 600 бензински станици во Грција и на целиот Балкан, на 9 минатиот месец прогласи стечај и банкрот. Во извештајот се наведува дека при крајот на минатата година долгот на фирмата изнесувал 314 милиони долари, а резервните заштеди биле 600.000 евра.

Мамидакис, покрај тоа, се занимавал и со бродски транспорт, производство на вино, маслиново масло и со хотелиерство.

Иако грчката полиција сè уште го истражува немилиот настан, соопштено е дека нема индиции за евентуално убиство.

Излегувањето на Велика Британија од Европската унија им дава на европските челници повеќе слобода за спроведување на реформите и промоција на проектите против кои истапуваа Британците, смета извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард.

„Слушав како комесарите на Европската унија еден по друг зборуваат ‘Тоа е толку сложено, ние не можеме да го сториме тоа поради Британците“, ја цитира Лагард американското издание на Financial Times.

Челничката на ММФ, притоа, го изразува мислењето дека Европската унија ќе биде посилна по излегувањето на Велика Британија од блокот.

Минатата седмица, откако беше познат исходот од британскиот референдум, Лагард го повика Лондон да осигури непречена транзиција кон новите економски односи меѓу Британија и ЕУ, откако реши да ја напушти Унијата.

Властите на Обединетите Арапски Емирати ги предупредија своите граѓани да избегнуваат носење традиционална облека, кога патуваат во странство. 

Предупредувањето беше упатено, откако државјанин на ОАЕ, облечен во традиционална облека гандура (долга бела облека) беше уапсен во градот Ејвн во американската сојузна држава Охајо, поради сомнение за тероризам. 

Властите на ОАЕ ги повикаа државјанките на ОАЕ да ги почитуваат забраните за носење на исламска традиционална облека во некои делови на Европа. 

Поради апсењата во Охајо емиратското Министерство за надворешни работи изрази загриженост пред заменик-амбасадорот на САД во ОАЕ Итон Голдрич. 

Дипломатот се извинил и ветил дека ќе побара истрага за апсењето од властите во Охајо.

Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц, во изјава за МИА, вели дека од конференцијата во Париз очекува на Македонија да и се оддаде признание за заштитата на границата со Грција, и да се обноват гаранциите за македонските евро-интеграции.

– Македонија веќе прави се што е во нејзина моќ да ја заштити својата граница со Грција и да го запре напливот на илегални мигранти. Ние високо ги цениме овие напори. Мораме да сториме колку што е можно повеќе да и помогнеме на Македонија да ги заштити своите граници и да соработуваме со неа во борбата против трговците со луѓе. Исто така мораме да продолжиме и да обезбедуваме на Македонија кредибилна перспектива кон Европската Унија и да ја охрабриме да преземе натамошни политички и економски реформи. Овие натамошни реформи се од интерес како за ЕУ така и за македонските граѓани, изјави министерот Курц за МИА.

Австрија е еден од најголемите поддржувачи на Берлинскиот Процес за Балканот, кој германската канцеларка Ангела Меркел го започна во 2014 година. Австрија го организираше вториот состанок на балканските и европските лидери во Виена, на кој продолжија разговорите за подобрување на балканската инфраструктура со помош од ЕУ и за надминување на билатералните политички прашања. Во Париз денес почнува третата конференција од овој процес.

– Австрија целосно поддржува кредибилна перспектива за влез во Европската Унија за сите држави од западниот Балкан. Натамошното интегрирање во Европската Унија ќе донесе повеќе стабилност и просперитет во регионот, што е наш суштински интерес. Од тие причини, Австрија во 2015 година ја организираше конференцијата за Западниот Балкан како дел од Берлинскиот Процес. Нашата цел денес во Париз е да се надоврземе на напредокот од конференцијата во Виена и да постигнеме дополнителен напредок во областите како што е развојот на прекуграничната инфраструктура, економските реформи, соочувањето со мигрантската и бегалската криза и борбата против радикализацијата, изјави министерот Курц за МИА.

На албанско – грчката граница состојбата е напната, а граничната линија ја надгледуваат и хеликоптери на грчката армија, пренесува „Макфакс“. 

Влошувањето на односите се случи по реакцијата на албанското министерство за надворешни работи, кое ја обвини Атина дека се меша во внатрешните работи на Албанија. Тензиите меѓу Тирана и Атина се зголемени по состанокот на Советот на албанската погранична општина Химара во петокот на кој советниците од Партијата за човекови права, во која членуваат претежно припадници на грчкото малцинство, бараа Химара да се прогласи малцинска зона. Истото барање веднаш беше подржано од Грчкото министерство за надворешни работи, а Тирана оцени дека Грција се меша во внатрешните работи на Албанија .

Албанските медиуми јавија дека Атина зголемената контрола на границата со Албанија со војници и надгледување со хеликоптери ја објаснува со потребата од зголемена контрола на границата.

Автомобил марка „мазда“, со тетовски регистарски ознаки попладнево, во 18 часот и 10 минути излетал од автопатот Скопје - Тетово, во близина на натпатникот за тетовското село Чифлик.

Од СВР-Тетово изјавија дека автомобилот бил управуван од страна на 38-годишен тетовец со иницијали А.Р. Покрај возачот во автомобилот имало уште тројца патници.

До незгодата дошло кога возилото загубило контрола и излетало од коловозот.

Во несреќата со повреди се здобиле возачот и тројцата патници кои биле пренесени во Тетовската болница и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

Неофицијално, до излетувањето од коловозот дошло поради неприспособена брзина кон условите на патот.

Од СВР-Тетово изјавија дека загрижувачки е тоа што излетувањата на возила поради неприспособена брзина, станале честа појава во тетовскиот регион. Според портпаролот, Марјан Јосифоски, уште една негативна појава е возењето без возачки дозволи. Тој истакна еден фрапантен податок според кој во текот на месец јуни годинава биле регистрирани дури 232 случаи во кои лицата управувале моторно возило без возачка дозвола.

Полицијата фати две бугарки на возраст од 21 и 57 како од џеб на скопјанец му украле паричник со 5000 денари и лични документи. Кражбата ја сториле возејќи се од една до друга постојка. Бугарките се качиле на станицата кај Зелен пазар а со украдениот паричник се симнале на Рекорд.

Двете жени ја искористиле гужвата на пладне и барале жртва меѓу патниците. Едната се туркала во оштетениот за да му го одвлече вниманието а другата протнала рака и го извадила паричникот.

До сега полицијата има фатено многумина државјани на соседна Бугарија како “оперираат” во јавниот превоз во Скопје. Џепните кражби во главниот град се неизбежни и претежно се од државјани на соседна Бугарија. Крадците најчесто ловат по автобуси, постојки, трговски центри и пазари.

Финансиската полиција минатата недела влезе во струмичката компанија Тритерол и ја проверуваше документацијата поврзана со скандалот со превоз на ученици.

Како што неофицијално дознава Курир, откриени се низа неправилности кои ги поткрепуваат сомнежите кои беа обелоденети пред јавноста.

Оваа компанија не ги почитувала законите и обврските кои и следуваат. Така, констатирано е дека материјалната евиденција за трговија на големо не се наоѓа во складот на нафтени деривати.

Како што дознаваме, увиден е уште еден прекршок, а тоа е дека оротогомерачите не поседуваат документи од Министерството за економија, Биро за метеорологија за верификација.

Дополнително, во резервоарите немало оперативни резерви од нафтени деривати и горива за транспорт за покривање на петодневен просечен обем на трговија. Оперативните резерви е обврска од Законот за енергетика. Токму тука е направено најголемото прекршување, бидејќи поради лакомоста по повеќе пари не можеле да ги исполнат своите обврски. Колку што првиот човек на Тритерол добивал повеќе пари од општина Струмица, толку повеќе имал обврска да складира. Оперативната резерва мора да покрие петодневен промет, а во складовите немало толку место.

Станува збор за кривично дело кое може да повлече и одземање на лиценца и забрана за дејност.

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека Босна и Херцеговина е невозможна заедница и оти кога станува збор за нејзиниот интегритетсостојбата никогаш не била полоша, оценувајќи дека муслиманите во БиХ манипулираат со резултатите од пописот со цел да направат исламска држава во Европа.

Додик, во интервју за „Политика“, изјави дека мисли дека германската канцеларка Ангела Меркел не е во право кога вели дека БиХ направила голем напредок на европскиот пат, пренесува Танјуг.

– БиХ е невозможна заедница. Секако дека Меркел е уважена и треба да се почитува она што таа го работи, но не мора да значи дека таа е секогаш во право. Таа приказна за БиХ е целосна заблуда, смета претседателот на РС.

Тој изрази сомнеж во искреноста на неодамнешните изјави на претседателот на Претседателството на БиХ Бакир Изетбеговиќ, кој коментирајќи ја изјавата на началникот на Општината Сребреница Чамил Дураковиќ, рече дека никогаш не би рекол дека врвот на Србија е непожелен на одбележувањето на годишнината на злосторствата во Поточари.

– Тоа тие се го договараат, тоа се е прочитано. Бакир Изетбеговиќ изјави дека ја продолжува политиката на својот татко Алија. А Алија Изетбеговиќ рече дека муслиманите онаму каде се малцинство треба да трпат се додека не станат мнозинство. Кога ќе станат мнозинство, тогаш треба да формираат исламска држава. Таа исламска држава ја гледаме на Блискиот исток. Еве сега дотуркаа на 50 отсто на пописот и сега е веројатна претпоставката дека прават исламска држава во БиХ, смета Додик.

Top