Претседателот на Русија, Владимир Путин нареди да се започне со „нормализација“ на трговијата со Турција.

Путин вчера по телефон разговараше со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, нивниот прв разговор по седум месеци траел 40 минути.

По телефонскиот разговор со својот турски колега, Путин и нареди на руската влада да започене со процесот на враќање во нормала на соработката со Турција, пред се кога станува збор за трговијата и економските врски.

Путин исто така наложи и да се укине ограничувањето на патувањата на руските туристи во Турција.

Русија воведе санкции за Турција, откако Анкара минатата година го собори рускиот борбен авион. Ердоган пред два дена, во писмото до Путин изразил жалење за соборувањето на борбениот авион SU 24.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ја заврши дводневната посета на Брисел, каде меѓудругото имаше средба со претседателот на Европската народна партија, Жозеф Дол и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

Груевски изјави дека на средбите се разговарало за евроатланските интеграции, актуелната политичка состојба, а се дало и максимум за намалување на штетите од кризата, за кои ги обвини СДСМ.

-Можам да кажам дека генерално и оваа средба, како и останатите што ги имав вчера и денеска во Брисел беа многу корисни. Најпрво, многу шпекулации и заблуди што ги слушавме во изминатиот период ги разбивме и дадовме контра-аргументи. Второ, пренесовме и многу интересни информации од Македонија, многу работи на кои се работи и се прават напори да се подобрат, многу реформи кои се направени и кои во моментов се прават. Се на се, многу корисно и интересно беше да се биде тука, да се сретнат толку многу соговорници, да се информираат и да се примат и нивните информации што ги имаат, а кои некогаш се точни, некогаш се делумно и неточни. Беше интересно да се дебатира со нив и да се даде максимум да се намалат штетите што опозицијата и ги направи во изминатиот период на Република Македонија – изјави Груевски.

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша во средата указот со кој се продолжува ембаргото на увозот на храна и земјоделски продукти од Европската унија до крајот на следната 2017 година.

Русија во 2014 година го забрани увозот на земјоделски и прехранбени производи од Европската унија, како и САД и други западни држави кои претходно воведоа санкции против неа поради нејзината наводна улога во украинскиот конфликт.

Со ембаргото се опфатени голем број производи, како млеко и месо, и производи од нив, риба и морски плодови, овошје, зеленчук, што за европските производители предизвикува штети од неколку десетици милијарди евра годишно.

Минатата седмица амбасадорите на 28-те земји членки на ЕУ одлучија да ги продолжат санкциите против Русија за уште шест месеци, односно до крајот на 2016 година, и тие се однесуваат на личности на кои им е замрзнат имотот на Запад и им се забрането патување во земјите на Унијата, како и на банки, нафтени и претпријатија од одбранбената сфера, што, исто така, доведе до пад на руската економија.

Претходно седмицава рускиот премиер Дмитриј Медведев, коментирајќи го продолжувањето на ембаргото истакна дека на таков чекор неговата влада повеќепати била повикувана од страна на домашните производители.

Притоа Медведев ги повика руските производители и претприемачи да не губат време, и поактивно да ги користат можностите за развој на потенцијалите со кои ќе ги надоместат на домашниот пазар странските продукти, како и да ги прошират извосните капацитети.

Поранешниот руски министер за финансии Алексеј Кудрин за агенцијата РИА неодамна изјави дека продолжувањето на ембаргото нема да влијае врз односите на руските и меѓународните пазари, имајќи предвид дека рестриктивните мерки се на сила веќе две години.

Студентскиот пленум ги повикува сите студенти денеска на пладне да им се придружат на УКИМ и да го блокираат влезот до гласачките места каде, како што велат, што нелегално и нелегитимно ќе се бира нов претседател на Студентскиот парламент.

Пленумци потенцираат дека овие избори се значајни бидејќи претседателот на СПУКМ е највисокиот претставник на студентите кој има свое место во научно-наставниот совет, учествува во изборите за Ректор, а одлучува и како ќе се трошат парите што ги уплаќаат студентите на факултетите.

Пленумот објаснува дека денешниот бојкот ќе се изведе преку блокирање на влезот до гласачките места, а патем ги потсетуваат студентите дека блокирањето на студентски избори не е кривично дело и не е казниво.

„Како бојкотираме? Придружетени се на платото на УКИМ заедно да го блокираме влезот до гласачките места. Блокирањето на избори не е кривично дело! Според член 122 став 10 од Крвичниот законик на Р.М.,,Како избори и гласање се сметаат изборите за претставници на граѓани во Собранието на Република Македонија и во локалната самоуправа, за претседател на Република Македонија и изјаснувањето на граѓаните на референдум." Кривичниот законик не ги дефинира изборите за Претседател на СПУКМ во објаснувањата на значењата и изразите на Законикот, што значи блокирањето на истите и повик за спречување на дискриманторските и нелигитимни избори на СПУКМ не претставува кривично дело“, велат пленумци. 

Пленумот во изминатиот период на повеќе начини се обиде да издејствува одлагање на изборите за студентски претставник, додека не се создадат услови за легитимни избори. Нивните обиди преку писма, герила-акции и средба во Сенатот на УКИМ, не вродија со плод. 

Познатата шведска компанија за мебел Ikea од пазарот повлекува милиони примероци ормарчиња поради тоа што со нивно превртување биле усмртени три деца.

Скандинавскиот гигант на дрвната индустрија објави дека нема повеќе да го продава сетот „малм“ затоа што е опасен, а купувачите коишто го веќе имаат, ги замолија да го тргнат од своите домови.

На купувачите ќе им се рефундираат парите или ќе им понудат бесплатен сет за поправка или поставување на мебелот на ѕид.

„Комодите и ормарите кои ги повлековме се нестабилни ако не се правилно прицврстени на ѕид, поради што може да се превртат и да доведат до смрт на деца“, се наведува во соопштението на Ikea. Претходно спровеле кампања во која поделиле 300.000 комплети за прицврстување на комодите на ѕид.

Ikea од пазарот повлече вкупно 29 милиони примероци од мебелот „Малм“, вклучувајќи комоди со три и шест фиоки. На тој потег ги наведе смртта на двегодишниот Теодор Мекџи, кој настрадал откако врз него паднала комода со шест фиоки. Теодор е трето дете од 2014 година кое починало на тој начин.

Британија заминува од ЕУ, а одделни земји членки веќе лобираат компаниите да го префрлат работењето кај нив. Премиерот на Белгија, Шарл Мишел повика, британски компании што сакаат да тргуваат во Европската унија, да се преместат во неговата држава.

Тој смета дека според анкетите, секоја петта британска компанија сака да се премести на друго место, по резултатите од референдумот за напуштање на ЕУ.

„Белгија е пријателски настроена кон бизнисот. Има многу можности за инвестиции во Белгија. Ние сме срцето на Европа“- нагласил Мишел.

Работилница за улогата и учеството на граѓанскиот сектор во отворањето на оперативен регистар за евиденција на загадувањето ќе се одржи денес во Скопје.

Работилницата ја организира РЕЦ (Регионален центар за животна средина за Централна и Источна Европа, нашето Министерство за животна средина и просторно планирање. Работилницата е дел од проектот „Поддршка за воспоставување на Протоколот за регистрирање на загадувачите“ кој се спроведува во земјитео д Западен Балкан и Молдавија.

Во рамки на работилницата ќе се презентира акционен план кој ќе ги прецизира конкретните чекори кои организацијата подоцна ќе ги применува. 

Граѓаните и компаниите од 1 август годинава при барање услуги од администрацијата нема да одат од шалтер на шалтер и да носат документи и докази, освен тие што државата не ги поседува во својата евиденција. Тоа во нивно име ќе го прават административните службеници, кои со службена должност се обврзани да ги обезбедат во рок од три дена.

Таа новина е предвидена со новиот Закон за општа управна постапка (ЗОУП) и усогласените 168 материјални закони од областите што уредуваат управни постапки и јавни услуги, што треба да стапат во сила за еден месец.

Според министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска-Томовска, од граѓаните и компаниите ќе се бараат само докази што се од личен карактер како што се лекарски потврди, договори за купопродажба, за закуп, градежни елаборати. Нема да се доставуваат потврди, уверенија, изводи, решенија, одлуки, лиценци, дозволи и одобренија кои во своите евиденции веќе ги поседуваат министерствата, државните органи, правните и физички лица со јавни овластувања, како и општините.

133234558

– Службеникот што во рок од три дена во име на граѓаните или компаниите нема да ги побара или достави бараните докази ќе биде казнет со глоба од 25 евра за секој предмет што го работи. Со ваквиот начин на работа ќе се заштедат време и средства за граѓаните  и компаниите кои ќе немат обврска да одат од шалтер на шалтер и кои ќе плаќаат на една, а не на десетици уплатници за различните документи неопходни како докази во конкретна постапка – рече денеска на прес-конференција Арсовска-Томовска

Наведуваќи пример рече дека при постапка за добивање паричен додаток за помош и нега на друго лице ќе се дава на увид документ за докажување на идентитет, додека уверението за остварени годишни приходи ќе се набавува по службена должност од УЈП, а медицинските потврди кои се добиваат од матичен лекар преку системот мој термин граѓанинот само ги приложува.

Арсовска Томовска апелира граѓаните и компаниите во иднина да не поднесуваат докази и податоци што ги имаат јавните органи, освен ако самите не сакаат да го направат тоа, односно да ги достават само документите што не произлегуваат од службената евиденција на јавните органи. За секоја постапка ќе има пропишен образец на барање на која таксативно ќе бидат наведени документите кои треба и кои не треба да бидат приложени.

Новина од ЗОУП е и обврската јавните органи податоците и документите да ги разменуваат во електронска форма. Без оглед на кој начин органите ќе комуницираат меѓусебе, потенцира ресорната министерка, останува законската обврска во рок од три дена да се бараат и во рок од три дена да се доставуваат овие документи.

Со Законот првпат се воведува и можност за правна заштита за услуги од општ интерес, како телекомуникациски услуги, комунални услуги и слично. Во случај на недобивање услуга со определен кавалитет и определен временски рок граѓанинот ќе има право да поднесе приговор за кој надзорно тело ќе носи конкретен управен акт со кој ќе може да се води управен спор. Ќе може да се води редовна судска постапка за евентуален надомест на штета или каков било друг надомест како последица од неиспорачаната услуга.

Според Арсовска-Томовска, примената на новиот ЗОУП ќе бара промена во сфаќањата и нов пристап во работата на администрацијата. Со овој Закон, истакна, ќе се случи најголемата промена во работата на јавната администрација во последните 80 години. Со него се заменува претходниот ЗОУП кој со мали измени беше во примена од 1930 година. Надзор на новите законски одредби ќе врши Државниот управен инспекторат кој ќе поведува прекршочни постапки за непочитување на законите и законските рокови, а незадоволните граѓани и компании, како што рече Арсовска-Томовска, ќе можат да поднесуваат претставки.

Монтажен јавен паркинг на еден кат, гради Општина Центар, на праосторот за трговскиот центар "Буњаковец", место планираната конструкција од 29 метри и гаража на осум ката, како што одлучи претходното раководство и беше зацртано во ДУП.

Со ова се надминува стравот на жителите околу Трговскиот центар „Буњаковец “, дека со осумкатна гаража нема да има нормално струење на воздухот. Двојно се зголемуваат паркинг местата од 48 на 104 местаи и гаражата ќе има површина од 1.850 метри. Сите жители од општина Центар кои имаат паркинг-налепница од ПОЦ, бесплатно ќе можат да ја користат оваа гаража.

Од новата монтажна гаража ќе имат бенефит жителите, но и персоналот и купувачите во Трговскиот Центар, бидејќи ќе се надмине хаосот со паркирањето. Во пресрет им се излегува и на граѓаните од соседните згради. Имено, улицата „Владимир Полежановски" ќе стане еднонасочна, а тесното грло и сообраќајниот хаос ќе се реши со отстранување на паркиранг местата од улицата.

Монтажната гаража се гради од еколошки материјал. Станува збор за челична поцинкувна конструкција, составена од модули.

Српската одбојкарска репрезентација која преку Истанбул патуваше за Техеран на мечот со Иран од светската лига веднаш беше извлечена од српскиот конзул и однесена во хотел, каде ја мина ноќта пред денес да продолжи за Иран.

За „влакно“ избегната голема трагедија во терористичкиот напад во кој неколку бомбаши самоубијци се разнесоа за да предизвикаат масакр  а големиот аеродром во Истанбул.

Top