Русите кои овие денови сакат да отпатуваат на одмор во Турција би можеле да се соочат со недостаток на чартер летови, пишуваат московски Ведомости, повикувајќи се на Здружението на руски туроператори(АТОР).

Интересот за одмор во Турција во Русија нагло порасна откако претседателот Владимир Путин на 30 јуни го потпиша указот за олабавување на посебните мерки во односите со Турција.

Со него е укината препораката на агенциите да се воздржат од продажба на патувања во Турција, како и забрана за чартер летови од Русија за Турција.

Британскиот министер за финансии Џорџ Озборн најавува дека Велика Британија по излезот од ЕУ би можела значително да ги намали даноците, со цел да стане уште поатрактивна за странските инвеститори и да ги неутрализира последиците од Брегзит на економијата.

Озборн наведува дека корпоративниот данок би можел да биде намален од 20 на 15 проценти, со што Велика Британија би станала даночна оаза – тогаш тоа би бил најнизок данок меѓу најразвиените економии.

Иако ваквиот потег би бил добар за привлекување на инвестиции и задржување на големите компании, од кои некои размислуваат за преселување по Брегзит, критичарите предупредуваат и на негативни ефекти.

Поради намалувањето на корпоративниот данок, сметаат критичарите, би можело да дојде до уште посилно оданочување на трудот.

Данокот на доход во Велика Британија сега изнесува од 20 до 45 порценти, што е значително повеќе од сегашниот корпоративен данок од 20 процети, а сега тој јаз би можел дополнително да се зголеми.

Европската централна банка (ЕЦБ) претстави новата банкнота од 50 евра, која ќе влезе во промет на 4-ти април 2017-та година.

Воведувањето на новата банкнота одбележува уште еден чекор на централната банка на патот кон повисока заштита од фалсификати кај еврото. По новите 5, 10 и 20 евра, банкотата од 50 евра е четврта од втората серија евробанкноти позната како „Europa“.

„Воведувањето на новите 50 евра ќе ја направи нашата валута уште побезбедна“, вели Ив Мерш, член на Извршниот одбор на ЕЦБ.

„Таа поседува најсовремени безбедносни карактеристики кои ни помагаат да ги заштитиме нашите пари. Банкнотата е дел од нашите постојани напори за зачувување на еврото како стабилна валута – валута на која 338 милиони луѓе во еврозоната се потпираат секој ден“, посочува Мерш.

50 евра е најшироко користената евробанкнота, таа претставува 45% од сите банкноти во оптек. Новата банкнота е со променети големини и бои. На неа е прикажана грчката божица Европа, натписот евра е испишан и на кирилица.

Целосната замена на хартиените билети со електронски картички во автобусите на ЈСП и во приватните автобуси ќе почне од 1 септември. Првично од јавното претпријатие беше најавено дека рокот за целосна замена на системот за наплата е 1 мај, но потоа се пролонгира поради дополнителни преговори меѓу градските и приватните превозници. Со новиот систем цената на возење со приватен автобус ќе поскапи за 10 денари, наместо 25, едно возење ќе чини 35 денари.

Во автобусите во главниот град сè уште функционира стариот систем на наплата. Во градскиот превоз се вклучени апаратите за електронските билети, додека во приватните автобуси апаратите се инсталирани, но не функционираат.

Од ЈСП велат дека целосната замена на билетите ќе почне од септември, односно кога приватните превозници ќе се приклучат кон единствениот систем за наплата.

Ова значи дека граѓаните што нема да извадат електронска картичка, сепак ќе може да платат кај возачот, но тој нема да дава билети како досегашните, туку ќе издава фискална сметка. Едно возење во автобусите на ЈСП и во приватните ќе чини 35 денари.

Со системот за електронска наплата, односно со воведувањето таканаречени „паметни“ билети, од ЈСП очекуваат да се скрати времето на влегување на патниците во автобусите. Од ЈСП напоменуваат дека со овој систем значително ќе се намали обемот на работата на возачите на автобусите кои во моментов покрај нивната основна дејност – возењето, мораат и да продаваат билети.

Постојат два вида картички: „скопска“ и „моја скопска“ или персонализирана, која е замена за слободната карта. Изработката чини 200 денари, а изработката на обичната „скопска“ е 150 денари. Нивната важност е 10 години.

Цената на билетот за едно возење останува 35 денари. Останува иста и цената на ноќното возење, 40 денари, а има намалување на месечниот билет на 1.400 денари, кој за првата зона чинеше 1.650 денари. Има намалување на годишните билети од 16.060 денари на 15.400 денари. Со новиот тарифник годишниот билет ќе важи точно една година од датумот кога е изваден, а не како досега, до крајот на годината без оглед кога е изваден.

Со новиот систем е воведен билет за менување автобуси, кој ќе биде со важност од час и половина, чија цена е 60 денари. Исто така, воведен е и дневен билет за неограничен број возења од 5 часот изутрина до полноќ, кој чини 120, односно 150 денари во зависност дали е во прва или во втора зона. Воведен е и тримесечен билет со цена од 4.000 и 4.500 денари и шестмесечен од 7.800 и 8.600 денари.

На хрватските регистерски таблички од сега, покрај ознаката ХР, ќе ја има и ознаката ЕУ, бидејќи стапи во сила новиот Правилник за регистрација и означување на возилата во оваа земја.

Според одредбите од новиот правилник, на постојните регистерски таблички од левата страна им се додава син правоаголник како ознака на припадноста кон ЕУ, такаканеречното европско лого, и националната ознака за Хрватска-ХР, јави хрватскиот „Пословни дневник“.

Регистерските подрачја, притоа, остануваат исти, истакнуваат во хрватското МВР.

Возачите, на почетокот на издавањето нови, нема да мораат да ги менуваат постојните регистерски таблички, туку тие постепено ќе се заменуваат во сите случаи на редовни замени, односно кога за првпат се регистрира возилото, при промена на регистарското подрачје, како и во случај на губење, кражба или оштетување.

Речиси сите видови регистерски таблички ќе поевтинат, додава „Пословни дневник“. 

За прв пат од своето постоење во Скопската зоолошка градина ќе се вселат пингвини.Засега надлежните имаат преземено конкретни чекори за изградба на нивното живеалиште. Распишаа оглас за изградба на пингвинарница, која е проценето дека ќе чини речиси половина милион евра. Во меѓувреме, велат од ЗОО, размислуваат од каде да ги набават пингвините.

„Во моментот кога живеалиштето ќе биде при крај, од конкретни збратимени и други зоолошки градини ќе побараме да ни дадат пингвини на подарок, или, пак, ќе ги набавиме по пат на размена на животни, како што, впрочем, е и пракса. Не сакаме да прецизираме кога би се случило тоа, во моментов најбитно е тоа што има конкретни чекори за реализација на идејата“, вели Дане Кузмановски, одговорен за односи со јавноста во ЗОО.

Нема никакви пречки идејата да се реализира. Точно е дека пингвините бараат посебни, карактеристични услови за живот. Но, надлежните тврдат дека се подготвени да обезбедат се' што им е потребно на овие украсни птици. На пингвините им е потребна постојана, чиста, ладна вода, голем базен, карпести делови во него, песок...

Извесно е дека пингвините ако не оваа, следната година сигурно ќе бидат нови станари на скопската Зоолошка, која годинава ќе прослави 90 години од своето постоење. По тој повод, градоначалникот Коце Трајановски најави дека  зоолошка градина ќе добие и слон.

Во ЗОО  веќе е во тек изградбата на слонарата каде се очекува да дојдат два слона. 

Зоолошката градина е без слон веќе 24 години. Kако што информираат оттаму, последната индиска слоница, која се викала Анка, пцовисала во 1992 година, а во Зоолошката градина била донесена во 1964 година.

Освен слон, Зоолошката градина е во преговори и за набавка на фламинга.

Монографија за 90. роденден

Во чест на 90-годишнината од постоењето на Зоолошката градина, во подготовка е монографија за целиот период.

- Повеќе ќе се задржиме на сегашноста, бидејќи за тоа имаме повеќе податоци. Сето тоа ќе биде поткрепено со фотографии како изгледала Зоолошката градина пред реконструкцијата и каkо изгледа сега – информираат оттаму.

Зоолошката градина е формирана во 1926 година од тричлена комисија со која раководел доктор Станко Kараман. Тогаш е предложена и денешната локација, која зафаќала 4 хектари површина до крајот на 1965 година.

Со текот на годините Градината се проширувала и се зголемувала колекцијата на животни. Денес зафаќа 12 хектари и располага со колекција од 494 животни од 89 вида.

Федералното истражно биро денес објавило дека нема да препорача поднесување на обвинение против Хилари Клинтон поради нејзиното користење на приватен e-mail во времето кога била државен секретар.

Директорот на ФБИ, Џејмс Коми изјавил дека ниеден "разумен обвинител" не би отворил такво обвинение, но и дека Клинтон била "премногу невнимателна" при работата со доверливи информации.

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, остро реагирал на таа одлука и ја нарекол "нечесна".

"Многу, многу нечесно. Како и обично лоша проценка, системот е наместен", напишал тој на Твитер.

"Директорот на ФБИ вели дека "расипаната" Хилари ја компромитирала нашата национална безбедност. Но, нема никаква кривична пријава. Вау!", рекол Трамп и додал дека "работењето на Клинтон со приватен мејл ја загрозило националната безбедност".

Клинтон претходно известила дека ниеден мејл не бил означен како "таен" во времето кога бил пратен од нејзината адреса. ФБИ, сепак, пронашол повеќе од 100 мејлови кои ја имале таа класификација, на повеќе сервери. Агентите на ФБИ ја сослушувале Клинтон повеќе од три часа за време на викендот поради нејзината E-mail адреса.

Клинтон и претседателот Обама денес прв пат се појавиле заедно во предизборната кампања во Шарлот, во Северна Каролина.

Преку програмата за рурален развој, до подобрување на аграрот и квалитетот на живот во помалите населени места. Земјоделците максимално ги користат парите од Програмата за проширување на своето производство. 
 
Само за оваа година предвидени се над 33 милиони евра, што претставува сериозна поддршка за општините. Овие пари, покрај за зголемување на производствто, наменети се и за сите граѓани во помалите населени места да добијат подобри услови за живот.
 
Руралните средини добиваат модерен и современ изглед, а граѓаните подобри услови за живот.  Ново Село е само една од општините која лани преку оваа програма реализираше проекти вредни околу 160.000 евра. Годинава општината има двојно повеќе средства, некои наменети за изградба на пат, а поголемиот дел за паркови во седум населени места.
 
Заменик министерот за земјоделство ги повика надлежните почесто да одат на терен и да им ги објансуваат на земјоделците мерките преку кои можат да дојдат до пари за инвестирање во производство. Програмата за годинава предвидува силна поддршка за земјоделците кои сакаат да инветсираат. 
 
Преку Програмата се финансира изградбата на пристапен пат од село Колешино до Колешинските водопади во должина од 1.300 метри и ширина четири метри.
 
- Едниот проект, пристапниот пат до Колешински водопади, место кое е посетувано од голем број туристи, значи многу не само за жителите, туку и за гостите. За таа цел се наменети 12 милиони денари и во најголем дел се завршени работите. Скоро е во завршна фаза и пристапниот пат долг 1.300 метри, широк четири метри што е голема придобивка за оние кои пристапуваат кон ова излетничко место. Ова е само еден од многуте проекти кои ги реализира Ново Село, рече заменик министерот Ванчо Костадиновски.
 
Со Програмата за рурален развој во општината Ново Село, додаде, се уредуваат и пристапите кон седум населени места за што последниве две години биле обезбедени 9,5 милиони денари.
 
- Пристапите се уредуваат во Сушица, Зубово, Ново Село и уште неколку населени места. Се уредува просторот со парково зеленило, со урбана опрема, клупи, играчки за деца, реквизити за помладите. Нашата цел е да го подобриме квалитетот на живот во руралните средини за да може земјоделците, и по крајот на работните обврски, да имаат пристојно место за одмор, разговор, дружење. За таа намена обезбедивме  9,5 милиоини денари, информира заменик-министерот.
 
Според него, од 2010 до 2013 година преку Програмата за рурален развој за Ново село биле обезбедени 11 милиони евра, со што вкупната финасиска корист за општината досега изнесува над 30 милиони денари. 
 
Костадиновски посочи дека ресорното Министерство преку оваа Програма обезбеди 50 милиони евра за да се подобри квалитетот на животот во руралните средини.
 
Програмата за рурален развој дава позитивни ефекти и е клучна за развој на земјоделието во државата. Па така, и младите земјоделците можат да дојдат до неповратни пари во висина од 10.000 евра и да почнат агробизнис.
 
Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој и за годинава предвидува инвестиции во инфраструктура, локални патишта, водоводи и канализациони системи, а земјоделците можат да ја користат за развој на своите земјоделски стопанства, модернизација и набавка на нова опрема.

Министерството за култура најостро ги демантира, како што вели, паушалните и невистинити информации кои ги пласираа некои од медиумите и некои претставници на политички партии, а кои се однесуваат за наводна барокна промена на постоечките фасади на националните установи Македонска опера и балет и националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

„Напоменуваме и ја информираме македонската јавност дека станува збор за национални установи чии објекти се изградени според конкретни идејни решенија во втората половина на минатиот век и нивниот изглед е автентичен со тоа нема да има никаква промена на фасадите на овие објекти.

Министерството за култура континуирано вложува во унапредувањето на условите во сите установи од областа на културата, а меѓу многубројните проекти, во моментов во тек е целосната обнова на големата сала во Македонската опера и балет, како и проектот за реконструкција на објектот на НУБ „Свети Климент Охридски“, како и целосна обнова на читалните во оваа установа.

Министерството за култура, како и досега, така и во иднина, ќе продoлжи со постојаната грижа за унапредување на условите во кои фунционираат сите установи од областа на културата“, се наведува во реакцијата на Министерството. 

Клучната порака од Парискиот Самит е дека ЕУ ја задржува политиката на отворени врати, а тоа е одличен сигнал за земјите од Западен Балкан, изјави вечерва премиерот Емил Димитриев по завршувањето на Третиот Самит за Западен Балкан што се одржа по покровителство на францускиот претседател Франсоа Оланд.

– Ова беше одлична прилика и одличен сигнал. После Германија и Австрија, Франција го презеде претседавањето со самитот Западен Балкан Главната порака од овој самит од земјите членки на ЕУ е дека Балканот и понатаму останува подрачје каде приоритетно е зачленувањето во ЕУ. ЕУ ја задржува политиката на отворени врати, рече Димитриев.

Тој нагласи дека на смитот биле искажани повеќе размислувања во трите сегменти кои што беа дискутирани на самиот Самит – миграциите, безбедноста и европската политика.

– На мое задоволство и на задоволство на сите граѓани многу често беше искажана благодарност кон Република Македонија за справување со кризата, посебно со квалификции дека Македонија европски се однесувала во делот на менаџирање на мигрантската криза. Исто така дискутиравме за сфери од областа на безбедноста за нашите аспирации во НАТО. Ја реафирмиравме нашата позииција дека наш врвен приоритет е членството во ЕУ. Како резулат од овој самит е потпишување договор за отворање на регионана канцеларија за млади. Еден од акцентите беше ставен на младите и на перспективата на младите во регионот. Така што се на се јас сум задоволен од дискусиите од темите и од заклучоците кои што произлегоа од денешниот самит, рече Димитриев.

Во однос на билатералните спорови, тој посочи дека тие и понатака остануваат пречка за зачленување во ЕУ.

– Беше кажано дека членството на ЗБ во ЕУ треба да биде во ситуација кога ќе бидат надминати билатералните спорови. Нашата позиција тука е мошне јасна. Ние сме проактични цело време во тој правец да ги надминеме билатералните спорови, тука пред се мислам на спорот со нашиот јужен сосед за разликите со името и да најдеме заедничко прифатливо решение кое што би ги деблокирало нашите евроатлантски процеси. Така што билатералните спорови и понатаму остануваат нешто за кое ЕУ ќе продолжи да притиска за нивно решавање, рече премиерот Димитриев.

Конкретно за финансиски средства околу бегалската криза рече дека не станало збор, меѓутоа во принцип буџетските средства со кои располага оваа иницијатива, не се искористени.

Вицепремиерот за евкономски прашања Владимир Пешевски, кој беше во составот на делегацијата, истакна дека во однос на финансиските средства, она што се обидува ЕК да го направи е како стимуланс да даде грантови за конкретни проекти, но вели, потребо е паралелно со тие грантови државите да спроведат одреден сет на реформи, а и самата проектна документација да биде подготвена на соодветно ниво.

– Како што е познато, уште во Берлин првиот проект што реално и беше одoбрен и добива грант-средства од оваа програма е проектот каде што учествува и Република Макеоднија, а тоа се средства во износ од 12 милиони евра за изградба на далековод кон Албанија. Тој проект ќе почне да се реализира наскоро. Ние предлагавме и други проекти што засега не се влезени во агендата, но сепак средствата од грантот што е наменет за програмата за Западен Балкан се во многу мал износ алоцирани, рече Пешевски.

Тој оцени дека овој процес нема да заврши догодина во Рим, каде е следниот состанок, туку можеби ќе се провлече уште неколку години.

– Тоа е и една од иницијативите што ние ја предложивме на овој Самит, да уште едно 20-тина проекти добијат донорски средства, а веројатно и износот, барем тоа беше пораката на комесарот Јоханес Хан, дека ако се предложат соодветни квалитетни проекти, подготвени на соодветно ниво и државите продолжат со реформите, ќе се најдат дополнителни средства, на страна од оние што се ИПА-средства, рече вицепремиерот Пешевски.

Тој нагласи дека Македонија останува посветена во делот на реформите и креирањето на поволна бизнис-клима, поврзувањето со сoседните држави, како една од целите на Берлинскиот процес во делот на транспортната мрежа, но и во делот на креирање на заеднички пазар на електрична енергија. Таа идеја во Берлин, посочи тој дошла од токму од наша страна, а енергетската заедница ја прифати и денес е една од главните мотиви на оваа конференција на која сега сите држави рбатоат.

Во делот на олеснување со трговијата, рече, ние веќе потпишавме одредени договори за олеснување со Република Србија, а преминот Табановце е одбран како заендички граничен премин. Но вели, не е доволно само квлаитетна транспортна мрежа и завршени коридори туку завршување на реформите со крајна цел, влез во ЕУ и пoдобрување на животнито стандард на сите.

Во однос на политичкито дел од Самитот вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски истакна дека најзначајниот сигнал беше дека во моменти во кои Веlика Британија одлучува да ја напушти ЕУ, двете движечки сили во самата Европска унија, а тоа се Франција и Германија, упатуваат силен сигнал дека сите ветувања во поглед на целосна интеграција на Балканот во Европската унија остануваат и се на маса и нема поместување во тој дел.

– За тие оние што во меѓувреме заборавиле колкава е цената на оставање на Балканот надвор од ЕУ како што можеше да се потврди во текот на кризите и воените дејствија во 90-тите години на минатиот век, мигрантската криза веројатно беше еден добар потсетник. Тема на која многу јaсно беше дека ЕУ мора да сорбаотува со земјите од регионот и дека најдобар и најевтин начин да се обезбеди сигурна, безбедна и мирна Европа е преку нитеграција на Балканот во рамки на Европската унија, рече Поповски.

Очекува дека овој тип на соработка ќе продолжи во следниот период и оти е јасно дека без германска и француска поддршка сите овие рбаоти би биле ставени под знак прашалник.

– Во изминатиот период, мислам дека повеќе се втемели една перцепција дека најкарактеристичен извоз за Балканот е извозот на проблеми. Но, ние во изминатиот период докажавме дека од една страна можеме да бидеме регион што најбрзо расте во рамки на европскиот континент и регионот од кој зависи и самата стабилност, безбендост, сигурност и просперитет во Европската унија. Мислам дека и со ризиците со кои се соочува ЕУ во доменот на радикализација и во делот на мигрантската криза, како и во делот на потребата од поголема конкурентност на европскиот континент, Балканот е фактор што придонесува за поголема стабилност и поголем успех. Ова мора да биде изразено и преку одлуките што се носат и во Европската комисија и на Советот, рече шефот на дипломатијата.

Според него, останува клучното прашање, а тоа е отстранување на билатералните блокади, особено кога доаѓаат од земји-членки на ЕУ.

– Тука, Хрватска и Србија денес испратија јасна порака дека ги оставаат зад себе билатералните прашања што ќе се решаваат во процесот на преговори. Србија ќе води преговори со Европската унија. Можеби овој сигнал требеа да биде примен и од оние што се дел од Европската унија, а во минатото го попречувале македонскиот напредк кон ЕУ-интеграцијата, да се обидеме да овозможиме процесот за пристапување кон ЕУ да биде метод преку кој ќе ги надминуваме билатералните прашања, рече Попоски.

Од денешниот Париски самит како што истакна претседателот Оланд, земјите од Западен балкан се обврзаа на колективен акциски план за интензицирање на трговскиот раст и транспортното поврзување.

Top