(0 гласови)

Град Скопје догодина ќе располага со околу 80 милиони евра за реализација на зацртаните проекти во буџетот. Советот на Град Скопје вчера го освои предлог-буџетот според кој најголем број од средствата ќе се наменат за проширување на булевари и пробивање на улици, со кои во голема мерка ќе се намали сообраќајниот метеж низ градот. Како поважни проекти се истакнуваат набавката на електричните автобуси, кои треба да бидат замена за трамвајот, изградбата на новиот Луна парк и неколку кружни текови.

"Буџетот е развоен и издржан, планиран за неопходни и значајни проекти за подобрување на секојдневието. Дали е доволно? Не. Уште колку треба? Многу, но гледаме што е најприоритетно и во рамките на можностите. Досега во Скопје многу е направено, но во наредниот период уште ќе работиме", рече градоначалникот Коце Трајановски пред советниците при претставување на буџетот за 2017 година.

Трајановски објасни дека догодина ќе почне постапката за воведување на нови возила за јавниот превоз. Кон почетокот на 2017 година ќе биде распишан тендерот и до крајот на годината треба да биде склучен договорот. Наредната година конечно ќе проработи и новиот луна парк. Годинава ќе биде партерно уреден просторот и ќе бидат набавени и монтирани дел од реквизитите. Како што истакна Трајановски, до средината на 2017 година треба да бидат завршени булеварите "Србија", "Борис Трајковски", "Трета македонска бригада", "Христијан Тодоровски Карпош" од "Веро" до зградата на Општина Чаир, како и третата фаза кон населбата Бутел. Како нови проекти кои ќе стартуваат годинава се проширување на улицата "Теодосиј Гологанов" од Клубот на пратениците до крстосницата со булеварот "Климен Охридски", проектирање на кружните текови за подземната сообраќајница на "Јужен булевар", проширување на улицата "Павел Шатев" кај Министерството за внатрешни работи со 4 ленти, реконструкција на "Народни херои" во Кисела Вода како и пробивање на новата улица "Есенинова" кај Тутунски комбинат. Догодина четири ленти ќе добие и булеварот "Никола Карев" или познатата пластичарска улица. Во Општина Карпош ќе се реконструира улицата "Лондонска" кај ТЦ "Сити мол" и ќе се проширува кружниот тек кај "Хубо маркет", во Општина Ѓорче Петров улицата "Борис Сарафов", во Гази Баба булеварот "Александар Македонски" од "Агросервис" до АСУЦ.

Според опозицијата во Советот на Град Скопје, буџетот за 2017 е најкатастрофален предлог-буџет во мандатите на Коце Трајановски.

- Овој буџет е нехуман. На 6-ти август, 23 сограѓани го загубија животот во катастрофалните поплави. За 2017 година Коце Трајановски нема предвидено ништо за дополнителна заштита на Скопје од поплави и други катастрофални појави. Секоја година Скопје се гуши во екстремно загадување. И повторно како и секоја година досега Коце Трајановски нема предвидено дополнителни средства за мерки за намалување на загаденоста. Ама и годинава предвидени се 5,7 милиони евра за барокни фасади, 2,6 милиони евра за луксузната Градска куќа, пола милион евра за партерно уредување на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и 200 000 евра за нов карусел - рече Дамјан Манчевски, координатор на СДСМ во Советот на Град Скопје.

(0 гласови)

По успешното проектирање на надворешниот изглед на новата концертна сала на Македонска филхармонија, чијашто градба е започната и е во зрела фаза од процесирање, „Македонија проект“ започнува со проектирањето и на ентериерот на Филхармонија.

700000

Во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ е предвидено изградбата на концертната сала за Македонската филхармонија со која македонските уметници, конечно, ќе добијат нов современ објект според сите светски стандарди, објект во кој ќе можат да ги презентираат своите креации, а граѓаните на нашата држава ќе може да проследат гостувања на многу светски уметници и оркестри.

filharmonija-jpg1-500

Во новиот објект се предвидени голема сала со капацитет на гледалиште од 1.000 седишта и мала сала за камерни изведби со капацитет на гледалиште од 300 седишта.

usviz06k

Воедно ќе продолжи со реализацијата проектот со кој Скопје ќе добие нов, мултифункционален репрезентативен центар каде што ќе се реализираат разновидни програмски содржини и голем број активности од областа на културата и уметноста.

Конгресниот центар ќе содржи голема сала со капацитет до 1.500 седишта, повеќенаменска сала со од 100 до 200 седишта, конгресна сала со капацитет од 100 до 200 седишта, четири мултимедијални сали со капацитет од 30 до 40 седишта и шест сали за билатерални средби на кои ќе може да присуствуваат 6-10 лица.

(0 гласови)

Најголемата опозициска партија СДСМ исто како во минатот продолжува со практика на купување гласови од граѓаните во пресрет на изборите закажани за 11 декември. Дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски од СДСМ, утрово на својот Фејсбук профил објави фотографии како дели одредени производи во домот на едно семејство, што само претставува продолжување на старата практика на опозициската партија за евтино купување гласови.

novakirac

На изборите во 2011-та година, СДСМ идеше од врата на врата и делеше локум, кафе и наполитанки за купување на гласовите на граѓаните. Тогаш медиумите објавија дека СДСМ нарачал 12.000 килограми кафе и дистрибуирал до граѓаните повеќе од стотина илјади пакетчиња кафе.

sdsmpoklon

Во 2014 година во пресрет на изборите, коалициониот партнер на СДСМ Самка Ибраимоски им даваше расипано месо на Ромите за да гласаат за нив. Товарните возила со расипаниот артикл беа лоцирани во близина на куќа во која беше сместен изборен штаб на СДСМ.

Граѓаните Роми не можеа да го сокријат гневот и веднаш се упатија на протест на Бихаќка. Обвинија дека поради политички поени, челниците од опозицијата, сакаат да ги отрујат. Полицијата заплени месо сместено во два камиони ладилници во Шуто Оризари. Истото било со изминат рок и увезено од Полска и Данска.

brasno-romi-500

Од направените проверки утврдено било дека сопственикот на ладилниците не поседувал никаков сертификат или декларација за месото. Исто така, немал документ кога и од каде е увезено во Македонија.

nova-brasno1

На локалните избори во 2013-та година, слично правеше и кандидатот за градоначалник од СДСМ за Ѓорче Петров, Александар Наумовски. Во јавноста се појавија фотографии на кои се гледаше како Наумовски дели брашно и други производи во пресрет на одлучувачкиот втор круг.

(0 гласови)

Во Канада сѐ уште е во сила член од законот според кој не им се дозволува влез во земјата на највисоките функционери на некогашна СРЈ и Србија, кои беа на клучни функции од 1998 година до октомври 2000 година.

Со оглед на тоа дека во тој период на најважните државни позиции како министри во Владата на Мирко Марјановиќ, доколку ваквите прописи буквално би се применувале, на административни пречки при влез во Канада, можат да наидат и Томислав Николиќ, Александар Вучиќ, Маја Гојковиќ, Јоргованка Табаковиќ, Воислав Шешељ, Милован Бојиќ, Милан Беко…

Под „удар” на канадските закони потпаѓаат и Момир Булатовиќ, Зоран Лилиќ, Живадин Јовановиќ и Вук Драшковиќ, кои беа членови на Сојузната влада во спорниот период. А тука е и Милан Милутиновиќ, како поранешен претседател на Србија.

Имено, во дописот доставен до „Новости” од Канадската гранична агенција (ЦБСА) наведено е дека владите на Сојузна Република Југославија и Република Србија под Слободан Милошевиќ се означени како режими кои направиле грубо кршење на човековите права и меѓународното право од 28 февруари 1998 до 7 октомври 2000 година и дека според канадскиот Ззакон за имиграција и заштита на бегалците, функционерите на таквите режими не се добродојдени.

На списокот на потенцијално непосакувани, како што е објаснето во дописот, се наоѓаат сите функционери кои имале значајна улога во креирањето на државната политика и во носењето на одлуките во наведениот период, шефови на држави или влади и нивните советници, членови на владите, амбасадори и високи дипломатски службеници, високи функционери во војската, полицијата и судството.

Поради тоа шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ започна разговори со колегите во Отава, со цел Канада конечно да ги укине овие рестриктивни мерки.

Како што изјави Дачиќ за „Новости”, Канаѓаните, за разлика од некои други земји, немаат класични листи на државјани од Србија под санкции, туку применуваат општо правило кое може да се однесува на сите кои тогаш биле во власта и во војската или полицијата.

– Тоа оди се до рангот на советници или чин мајор. Другите држави имаа списоци за непосакувани лица и многу од тие листи се укинати, вели министерот.

Иван Мркиќ, поранешен шеф на дипломатијата, а сега советник на претседателот Николиќ, вели дека прописите кои се во сила во Канада, се нереални.

– Навистина немаат никаква смисла ниту врска со реалноста, да постојат прописи според кои луѓето кои денес се на високи позиции во Србија и во Црна Гора да не се добродојдени во Канада. Не можам ни да замислам ситуација во која претседателот Николиќ би бил вратен од граница, вели Мркиќ.

Живадин Јовановиќ, шеф на дипломатијата во Владата на СРЈ, изјави дека Канада е единствена земја која применува ваква рестриктивна политика, која според него е надмината и застарена.

– Не сум патувал во таа земја, иако првата служба во дипломатијата ми беше во Канада. Многу мои колеги кои и денес се во дипломатската служба имаат семејства во Канада и не можат да ги посетат бидејќи им било советувано да не се ни обидуваат да ја минат границата, наведе Јовановиќ.

На историчарот Срѓа Трифковиќ пред пет години му бил забранет влез во Канада, бидејќи наводно бил функционер во Република Српска.

Тој за „Новости” вели дека гостопримството во Канада тогаш му било ускратено на инсистирање на муслиманските лоби организации во земјата, каде требало да држи предавање, а како грев му биле припишани изјавите во кои го негира геноцидот во Сребреница.

– Ја тужев државата Канада и пред неколку месеци добив пресуда од Врховниот суд во Торонто во моја корист, изјави Трифковиќ.

(0 гласови)

Дури и 48 часа по трагичната несреќа во која загинаа речиси сите играчи и членови на стручниот штаб на тимот на Шапекоенсе не се познати точните причини за падот на авионот. Во несреќата загинаа вкупно 71 лице, а само шест успеаа да го преживеат страшниот удар. 

СВЕТЛАТА СЕ ИЗГАСИЛЕ И БРЗО СЕ СЛУЧИЛ УДАРОТ 

Од шестмината преживеани, тројцата фудбалери уште се во критична состојба, а истото важи и за спортскиот новинар. Најдобро поминале двајцата членови на екипажот, стујардесата Ксимена Суарез и Ервин Тумири. Стујардесата била пронајдена во грмушки, преплашена да не експлодира авионот. Таа е во добра состојба, но е под лекарски надзор, да не дојде до некои компликации.

„Сите светла во авионот се угасија, нагло почнавме да паѓаме и удривме во земјата“, рече стујардесата Суарез, која неколку часа чекала да биде спасена. Кога ја пронашле, била свесна. Под трупот на авионот тогаш бил изваден и голманот Данило, кој исто така бил свесен, но тој подоцна почина во болницата.

Несреќата ја преживеаа и членот на екипажот Ервин Тумири, новинарот Рафаел Хензел, како и фудбалерите Ален Рушел, Хелио Нето и Џексон Фолман. Сите тројца играчи уште се во критична состојба, додека нивните 18 соиграчи починаа.

„БАРИКАДА“ ОД КУФЕРИ И ТОРБИ ГО СПАСИЛЕ

Ервин Тимури поминал со најмали повреди. Тој самиот откри као успеал да остане жив, па дури и со само мали повреди.

„Набрзина собрав торби околу мене и се склопчив во позицијата која ја наложуваат правилата. Настана паника и поголемиот дел од луѓето почнаа да врескаат и да стануваат од столчињата. јас преживеав, бидејќи ги следев процедурите при таква ситуација“, рече Тимури.

ШТО ТОЧНО СЕ СЛУЧИЛО?

Црните кутии кои треба точно да ги откријат причините за падот на авионот се пронајдени и се сочувани. Според некои кажувања, откажала електрониката, што се совпаѓа со изјавата на стујардесата. 

Многумина спомнуваат дека и немањето на гориво може да е причина за падот. Сепак се верува дека горивото било намерно испуштено за да се спрчи експлозија при ударот. токму поради тоа што немало експлозија, на крајот спасило шест животи. Затоа според многумина, пилотот Мигуел Кироге е вистински херој. 

ПОСЛЕДНИТЕ ЗБОРОВИ НА КАПЕТАНОТ

Пилотот Мигуел преку радио линија барал помош и најавил дека има проблеми во авионот. тој дури и панично молел за помош, но тоа немало ефект. Тој најавил дека „нема гориво“ и дека „не работи електрониката“. Неговите молби за помош биле незуспешни. 

„ГПС системот не работи. Не знам што се случува. Немаме контакт со радарот. Паѓаме. Помогнете ни. Дајте ни координати за писта на која ќе може да слетаме. Се наоѓаме на само 300 метри висина“, викал пилотот на авионот, кој се срушил на само неколку минути од местото каде што требало да слета.

АВИОНОТ НЕ БИЛ ЗА ТОЛКУ ДОЛГИ ЛЕТОВИ

Според некои проценки, авионот кој се срушил не смеел да лета на толку долга дестинација. Според предвидувањата, авионот АВРО РЈ85 кој е производен во Велика Британија, можел да има лета најмногу на релација која би била долга 2.965 километри, додека релацијата овојпат била за 10 километри подолга, односно 2.975 километри. 

Пилотот во последниот контакт со контролната кула најавил дека авионот се наоѓа на околу 20 километри југоисточно од пистата. 

Без разлика на тоа кои се причините за падот на авионот, вкупно 45 луѓе кои беа дел од тимот на Шапекоенсе, наместо да бидат дел од финалето на Копа Судамерикана и да се радуваат на најголемиот успех на клубот, беа завиени во црно. Финалето во Купот требаше да се игра рано утрово, но тоа никогаш нема да се одигра. Колумбискиот Атлетико Насионал кој требаше да биде противник во финалето веднаш предложи трофјот да биде даден на бразилскиот тим.

(0 гласови)

Американската компанија Амфенол започна со изградба на  нова –трета фабрика во земјава. Според планот фабриката заедно со четвртиот производствен погон ќе биде готов до средината на идната година. Во неа е предвидено да работат најмалку 400 лица. Во фабриката ќе се произведуваат автомобилски делови. Оваа инвестиција претходно беше најавена од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Во новата фабрика која ќе биде сместена во Кочани ќе се произведуваат сигнални кабли за во автомобилскиот сектор.  Инаку со оваа фабрика компанијата  Амфенол во земјава ќе има 3 фабрики и четири роизводствени погони.Инаку одлуката за дополнителни инвестиции на американските бизнисмени паднала поради поволната бизнис клима , ниските даноци, владината подршка на бизнисот и реформите кои се спроведуваат во Македонија.

(0 гласови)

-Ќе продолжиме исто така да ги поддржуваме и младите земјоделци кои што за прв пат започнуваат бизнис во земјоделие, со 10.000 евра гранд како почетна поддршка да му се помогне на секој млад земјоделец до 40 години кој прв пат почнува да работи во земјоделие, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во ИЕ 4 Никола Груевски.

-Дополнително за млад земјоделец носител на семејно земјоделско стопанство ќе бидат обезбедени за 10 проценти повисоки директни плаќања во однос на останатите категории корисници, а развојните проекти кои се поднесуваат за програмите за рурален развој и ипарт од страна на земјоделци помлади од 40 години ќе бидат привилегирани во процесот на рангирање при изборот, потенцираше Груевски.

Тој исто така истакна дека земјоделците ќе бидат поддржани во спроведувањето на агро хемиски или педолошки анализи со покривање на 70 проценти од трошоците за анализа на почвата или до максимални 9.000 денари.

-Ако некој сака да му се провери земјата, хемискиот состав, квалитетот, во смисла на тоа каков род треба да се насади и за каков производ таа земја е најповолна, трошоците ќе бидат покриени до 70 проценти, рече Груевски.
(0 гласови)

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ денеска  ќе бидат  во Демир Хисар во 17:30 часот  и во Битола во 20 часот. 

СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ ќе има митинзи во Пробиштип во 17:30 часот  и во Штип во 19 часот. 

Митинг на Коалицијата за промени и правда митинг ќе има во Кочани во Мултикултурен центар  во 18 часот.  Јове Кекеновски, носителот на кандидатската листа во изборната единица 2, ќе има прес-конференција во Бутел во 12 часот.

Прес-конференција на коалицијата ВМРО за Македонија е закажана во Охрид во 11.30 часот.

Кандидатите за пратеници на  Демократската партија на Албанците ќе одржат митинг во Матејче во 18.30 часот. 

Алијансата за Албанците денеска митинзи ќе има во Брвеница во 18 часот и во Желино во 19 часот. 

Претставници на Движењето „Беса“ ќе ја посетат Стопанската комора на северозападна Македонија, која ќе им ја презентира својата економска платформа.

Изборната кампања почна на 21 ноември и ќе трае 20 дена, до 9 декември на полноќ.

(0 гласови)
Според постигнатиот договор, Белгија ќе стане нешто помала, а Холандија поголема кога ќе заменат дел од териториите. Станува збор за ненаселени делови на земја покрај реката Мас, која во 1961. година била засилена со човекови напори за да се олесни пловидбата.

Кога Белгија станала независна во 1830. година границата со Холандија била повлечена до реката, но по повлекувањето на речниот тек делови од холандската и белгиската територија останале на другата страна на реката и до нив, без да се премине границата, може да се дојде само со чамец.

https://img.washingtonpost.com/wp-apps/imrs.php?src=https://img.washingtonpost.com/blogs/worldviews/files/2016/11/wBorderLoc-1.jpg&w=480

Во договорената замена на територии Белгија ќе се откаже од два полуострови со површина од 16 хектари, а Холандија за возврат ќе даде област со површина од три хектари. Пред договорената размена да стапи на сила, најверојатно во 2018. година, двете држави мора да го ратификуваат договорот кој во понеделникот го потпушале нивните министри за надворешни работи.

"Одлично е што дојде до промена на границите без никаков конфликт", истакнал белгискиот министер за надворешни работи, Дидие Рејндерс.

(0 гласови)

Главна цел на програмата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се вработувањата, порача носителот на ИЕ 1, Никола Попоски.

-Еден дел се однесува на самовработување на невработени лица со грантови од 4000 евра а другиот дел се однесува на помош до микро и мали претпријатија кои ќе вработат лица кои што се невработени. Создавањето на нови работни места ќе биде помогнато од државата со грантови од 92 000 денари по лице во форма на материјали и суровини, односно за нововработени до 5 лица помошта од државата ќе биде 460.000 денари, рече Никола Попоски.

Top