Дисбаланси на македонскиот пазар на труд – компаниите не можат да најдат соодветен кадар, а невработените не можат да најдат соодветен ангажман. Во моментов има над 5.000 слободни работни места, а стапката на невработеност е 24.5%.

Над 5.000 слободни работни места во моментов

Агенцијата за вработување (АВРМ) во моментов располага со 5.068 слободни места. Преку неа компаниите бараат речиси секаков кадар – од продавачи, возачи, рецепционери до лекари, еколошки инженери, економисти. Сепак, најголем дел од слободните позиции се за луѓе со без посебни квалификации или со средно стручно образование.

„Овие професии кои налик се ’валкани’ професии, се професии со кои нема да бидеш невработен, затоа што секогаш ќе има работа за занаетчиите, за техничките кадри, нормално имаме потреба и од општествените, но потребата од техничките е некаде над 70 проценти од сите објавени огласи“, велат од АВРМ.

Дисбалансите се решаваат преку обуки

Дисбалансите на пазарот на трудот се решаваат и преку субвенционирани обуки. Ги организира Агенцијата за вработување. Траат четири месеци од кои еден месец во реална работна средина.

Компаниите кои ги спроведуваат добиваат 30.000 денари по обучено лице, а невработените месечен надомест од 6.200 денари.

Освен оваа програма, на корисниците им стојат на располагање и програмите за практикантство, за обука кај познат работодавач, за стекнување основни вештини за вработување.

Практична настава и менторска работа – барање на бизнисмените

Бизнисмените постојано апелираат дека тешко доаѓаат до соодветно обучени работници.

„Колку имаме подобар кадар, толку повеќе ќе бидеме интересни за инвестиции. Стопанството, мора постојано да инвестира во своите вработени, а Македонија нема друг избор и мора да имаме добри кадри… Во последниве години се посветува поголемо внимание на човечките ресурси, односно на квалитетот на кадарот и негово задржување, но потребни се промени во неколку насоки, во регулативата, во стопанството и во едукацијата на младите “ изјави неодамна Дарко Велков од Сојузот на стопански комори (ССК).

Во ССК излегоа и со предлог – мерки во оваа насока. Бараат законски измени за практиканска работа преку кои би се регрутирале работници уште во средните училишта.

„Веруваме дека со подобрување на менторската програма ќе се зголемува квалитетот и бројот на ученици на кои ќе им биде понудена работа. Но, постојат струки со реално високи трошоци за пракса и затоа е потребно допрецизирање на членот 14 од Законот за стручно образование и да се направи одредена мотивација на компаниите за земање повеќе ученици од средното стручно образование“, изјави Велков.

Младите полека се вртат кон стручното образование

Проблемот не е само во праксата, туку и во изборот на образованието. Сепак, годинава за прв пат во првото пријавување во првиот уписен рок повеќе полуматуранти се одлучија за стручно, а помалку за гимназиско образование – од запишаните 9.085 ученици, 4.880 одбрале стручна, а 4.205 гимназиска насока. Сепак, ова може да се промени со второто пријавување кое е во тек, во училиштата има речиси 26.000 слободни места.

„Нашите ученици се барани на пазарот на труд, веднаш по завршувањето, ние веќе чувствуваме потреба да поставиме и огласна табла со работни места за матурантите“ вели Ефтим Пејовски од средното електро – техничко училиште „Михајло Пупин”.

Државата најавува образовни реформи

Државата веќе започна со реформи на средното стручно образование во соработка со меѓународни консултанти. Ќе се реформираат 14 струки, 52 образовни профили и 1.300 наставни програми со цел, како што велат надлежните, да се добие модернизирано и европски усогласено стручно образование, прилагодено на пазарот на трудот.

„Ќе утврдиме кои наставни програми треба целосно или делумно да се променат. Ќе утврдиме за кои предмети се потребни нови учебници и дополнителни наставни помагала. Ќе се набави соодветна опрема, која е неопходна за квалитетна практична настава, со цел да се унапредат стручните вештини. Реформата треба да заврши до 2018-та година“, објасни неодамна заменик – министерот за образование, Спиро Ристовски.

Превземено од денар.мк

Општина Центар почна со третиот дел од реконструкцијата на улицата „Ленинова“, во должина од 310 метри, на потегот од булеварот „Партизански одреди“ до улицата „Орце Николов“.

Коловозот беше во лоша состојба, со ударни дупки и прекопи и граѓаните се жалеа на безбедноста на движење и возење.

Се вади тампонскиот материјал и се вградува нов тампонски слој. Ќе се постави нов асфалт на цела должина на коловозот, на површина 4500 м2.

На овој потег од „Ленинова“ никогаш немало атмосферска канализација и затоа доаѓаше до мешање на атмосферската со фекалната канализација, како и до создавање на вирови после секој поголем дожд. Нова атмосферска канализација, која ќе ги прифати атмосферските води од улицата, ќе се изгради во должина од 160 метри.

По комплетирање на третата фаза, општина Центар ќе ја реконструира улицата „Ленинова“ и на потегот од булевар „Партизански одреди“ до Клубот на пратеници.

Руската телевизија објави снимка на која,  руски полицаец и американски дипломат се тепаат на влезот во Амбасадата на САД во Москва.

Американската амбасада се уште не го коментирала инцидентот. Првите информации за оваа тепачка ги објави кон крајот на јуни весникот „Вашингтон пост“, повикувајќи се на изјави на американски дипломати, кои за инцидентот го обвиниле полицаецот.

Руските власти меѓутоа тврдат дека дипломатот го нападнал полицаецот.

На снимката на телевизијата се гледа како пред споредниот влез на Амбасадата застанува такси и дипломатот се движи кон вратата.

Во тој момент од стражарската куќичка излегува униформиран маж, кој го соборува дипломатот на земја.

Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи изјави дека полицаецот сакал да ги провери документите и да се увери дека таа личност не претставува опасност за Амбасадата, но и дека тој маж го удрил со лакт по главата.

Руското МНР тврди дека службеникот на Амбасадата е всушност агент на ЦИА.

Американските медуми објавија вознемирувачко видео од случувањата во Далас на кое се гледа како вооружено лице од заседа убива неидентификувано лице за кое се претпоставува дека е полицац.
 
Во нападите се убиени 4 полицајци а според последните информации 11 се ранети, од кои четири потешко. За сега не се знае точниот број на напаѓачи, но според првичните информации, двајца веќе се уапсени.
 
Шефот на полицијата во Далас, Дејвид Браун изјави дека осомничените признале дека планирале да постават експлозив во централниот дел на градот.

Четворица полицајци се убиени, а уште седум се ранети од снајперски оган за време на протестите во Далас во знак на револт против убиството на двајца aфроамериканци од страна на полицијата.

Меѓу снајперистите кои пукале на полицијата има една жена која веќе е притворена. Другиот снајперист, се уште е на слобода и разменува оган со полицијата. Во престрелката при обидот за негово апсење бил убиен еден полицаец.

Во преговорите за негово предавање на полицијата, снајперистот порачал: Крајот е близу!

dalas3

dalas1

Не се знае колку точно напаѓачи учествувале во нападите на полицијата, но за сега се споменуваат четвоцира. Едниот сам се предал, другиот бил приведен по размена на оган со полицијата.

dalas4

Инцидентот во Далас се случува за време на протестот против полициската бруталност кон црномурестата заедница, откако во период од два дена полицајци убиле двајца Афроамериканци во американските сојузни држави Минесота и Луизијана.

Dallas police detain a driver after several police officers were shot Thursday evening in downtown Dallas. Snipers shot police officers — killing several — during a peaceful protest, the city's police chief said at a news confe

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека полициските убиства покажуваат дека Америка нужно мора да се соочи со појавата на расни предрасуди во полициските редови.

Тука не станува збор за изолирани инциденти. Тие укажуваат на пошироки проблеми внатре во нашето правосудство, оцени Обама.

На западниот дел од Спортскиот Центар Јане Сандански е официјалниот фан шоп на Вардар, и спортските колекции на светски познатиот бренд Hummel. Oсвен што може да купите дресови од ракометарите и ракометарките на Вардар , во нашиот фан шоп ги има последните Hummel колкеции.

Од овој месец, можете да ги купите вашите омилени спортски парчиња намалени за 30%. На фан страната на Спортскиот Центар Јане Сандански може да погледнете дел од колекцијата пролет-лето 2016 и да го одберете вашиот омилен модел.

Исто така, детската Hummel колекција е на распродажба, и намалена за цели 50%.

За подетални информации јавете се во нашиот фан шоп на телефон 02 2401 984.

Градските власти допрва ќе одлучуваат како ќе изгледа новиот пешачки мост преку Вардар што ќе ги спојува „Дрводекор“ и плоштадот кај црквата „Пресвета Богородица“.

„Некои од операторите кои подигнале тендерска документација од страницата на Бирото за јавни набавки побарале продолжување на рокот, со цел подобро да се подготви документацијата за изработка на идејното решение. Рокот е продолжен до 28 јули“, изјавија од Град Скопје.

Трајановски и посочи дека мостот е неопходен заради новоизградениот плоштад кај црквата, за граѓаните да имаат уште една алтернатива како да стасаат до неа.

Во урбанистичкиот план е напомнато дека маркичката е за пешачки мост со придружни содржини. Тие содржини, како што велат од Градот, генерално се инфраструктурните елементи на мостот (осветлување, одводнување, електрична и други инсталации, евентуално позиции за урбана опрема, клупи, канти).

Авторот на избраното идејно решение ќе добие награда од 100.000 денари, додека второнаградениот труд ќе добие 70.000 денари. Вредноста на третата награда изнесува 50.000 денари. Градските власти планираат и да откупат два труда. За нив ќе се издвојат по 10.000 денари. 

Во полскиот главен град Варшава денеска почнува дводневниот Самит на НАТО, на кој лидерите на земјите членки ќе разговараат за серија глобални безбедносни прашања, од состојбата во Авганистан и борбата против групата Исламска држава (ИД), па до кризата во Украина и односите со Русија.

Меѓу учесниците на средбата на врвот на НАТО ќе бидат и претседателите на САД и Франција, Барак Обама и Франсоа Оланд, германската канцеларка Ангела Меркел и британскиот премиер во заминување Дејвид Камерон.  

Според најавите, на дневниот ред на Самитот, ќе се најдат три клучни безбедносни теми - континуираната поддршка на авганистанските вооружени сили, борбата против ИД на јужното крило на НАТО и превенцијата од „руска агресија“ на источните граници на Алијансата. 

НАТО како организаицја не е вклучена во борбата против ИД во Сирија и Ирак, но голем број нејзини членки учествуваат во антиџихадистичката коалиција, предводена од САД.

Како што јави Гласот на Америка, голем дел од Самитот се очекува да биде посветен на односите со Русија, која некои земји членки ја сметаат како „дополнителна потенцијална закана за НАТО“.  

Според поранешниот командант на силите на НАТО во Европа, американскиот генерал Филио Брислав. лидерите на Алијансата на Варшавскиот самит ќе треба да ги убедат своите источни сојзуници дека стојат зад нив и да ги намалат нивните стравувања од рускиот експанзионизам. 

За таа цел се очекува САД, Велика Британија и Канада да ги потврдат своите намери за распоредување на по еден баталјон на ротациски принцип на источните граници на НАТО.

Извори во Вашингтон наведуваат дека Обама, кому ова му е последен Самит на НАТО на кој ќе присуствува во својство на американски претседател, лично ќе соопшти дека САД ќе стационираат свој баталјон во Полска, додека британските и канадските единици ќе бидат распоредени во Естонија, Летонија и Литванија. 

Четворица полицајци се убиени, а седуммина се ранети кога кон нив е отворен оган од најмалку двајца снајпери синоќа во Далас во американската држава Тексас, во момент кога во центарот на градот се одржувале протести поради убиството на двајца Афроамериканци за време на полициска интервенција.

Полицијата на Твитер објави дека двајцата осомничени се уапсени. Првиот бил уапсен, откако влегол во престрелка со специјални полициски сили. Вториот сам се предал, откако полицијата објавила фотографија од него во медиумите и побарал информации за него во врска со убиството на полицајците.

На местото на кое е уапсен еден од осомничените полицијата открила сомнителен пакет и проверува дали станува збор за експлозивна направа.

Потрагата по напаѓачите се случувала во центарот на Далас, а целата глетка изгледала хаотично, со хеликоптери кои надлетуваат во центарот на градот и полицајци со автоматски пушки на улиците.

Шефот на полицијата во Далас, Дејвид Браун, изјави дека од два снајпера се погодени 11 полицајци, од кои тројца се убиени, меѓутоа полицијата во Далас на Твитер објави дека и четврт полицаец им подлегнал на повредите.

Снајперските напади се случиле во четвртокот во 20:45 по локално време во момент додека повеќе стотини лица протестирале поради убиството на Афроамериканците во текот на полициска интервенција во Батон Руж во Луизијана и во Сент Пол во Минесота.

Гувернерот на Тексас, Грег Абот, соопшти дека на безбедносните служби на сојузната држава им наложил на градот Далас да му ја понудат секоја потребна помош.

Резултатите од екстерното тестирање што се спроведува во основните и средните училишта во Македонија да не влегуваат во конечниот успех на ученикот, односно да не влијаат на просекот на успехот од оценките во сведителството на ученикот, предвидуваат измените и дополнувањата на законите за основно и средно образование кои се во собрансика процедура. Резултатите од екстерното тестирање во средното образование, иако нема да влегуваат во општиот успех на ученикот, сепак ќе влијаат при упис на ученикот на факултет, односно резултатите од екстерното тестирање во основното образование ќе влијаат при упис на ученикот во средно образование. Измените предвидуваат естерното тестирање да почнува од 6-то наместо како досега од 4-то одделение.

– Една од поважните измени на процесот на екстерно тестирање е воведувањето додаток во сведителството во кој што ќе се наоѓаат резултатите од екстерното тестирање, а не како што беше до сега каде што резултатите од екстерното тестирање беа во рамките на сведителството. Со самото воведување на овој додаток, истовремено се воведува уште една измена со која што резултатот од екстерното тестирање на учениците како додаток нема да влегуваат во конечниот успех на ученикот односно тие нема да влијаат на просекот на успехот од оценките во сведителството на ученикот. Дополнително, резултатите од екстерното тестирање во средното образование, иако нема да влегуваат во општиот успех на ученикот, сепак ќе влијаат при упис на ученикот на факултет односно резултатите од екстерното тестирање во основното образование ќе влијаат при упис на ученикот во средно образование, рече на денешната прес-конференција во македонското Собрание пратеникот Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

Со измените, додаде, ќе се решат недоразбирањата кои што настанале во јавноста околу оценката недоволен (1) во сведителството, која што претходно влијаела во општиот успех на ученикот.

Измените предвидуваат екстерното тестирање наместо од 4-то одделение како што беше досега, да започне да се применува од 6-то одделение. Тие, рече Данев, ќе му овозможат на Државниот испитен центар да воведе апликација со пробни тестови на кои учениците ќе можат да вежбаат и да се подготвуваат за екстерното тестирање кое што ќе им следува кое, како што потенцира, ќе значи олеснување и приближување на учениците кон самиот процес на тестирање.

– Со цел надминување на досегашните пропусти во процесот на екстерното тестирање на учениците, со овие измени ќе се овозможи и дополнително уредување на процесот на екстерното тестирање односно преку годишна ревизија и ажурирање на базите на дадените прашања ќе се подобри квалитетот на прашањата и системот на ектерно тестирање на учениците во целост, рече тој.

Измените предвидуваат и парични награди што ќе ги доделува Министерството за образование и наука и тоа 50 проценти од просечната нето плата, за освоено прво место на меѓународен натпревар од областа на математиката и природните науки за ученикот и наставникот кој што го подготвувал ученикот за натпреварот, 40 проценти од просечната нето плата, за освоено второ место на меѓународен натпревар од областа на математиката и природните науки за ученикот и наставникот кој што го подготвувал ученикот за натпреварот и 30 проценти од просечната нето плата, за освоено трето место на меѓународен натпревар од областа на математиката и природните науки за ученикот и наставникот кој што го подготвувал ученикот за натпреварот.

– Како пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобар Македонија“ сметаме дека се работи за многу позитивни измени кои како што напоменав погоре, се резултат на претходни консултации со сите засегнати страни и затоа ние цврсто веруваме дека овие новини значително ќе го подобрат квалитетот на екстерното тестирање се со цел овој проект реално да ја отслика состојбата во основото и средното образование, рече пратеникот Данев.

Top