(0 гласови)

Во ЕУ лани имаше нелогична ситуација. Кога се очекуваше од земја која не е членка на ЕУ да ја обезбеди шенген зоната од бегалци кои што влегуваат во ЕУ доаѓајќи од земја членка на Унијата, а потоа минуваат низ земји кои не се членки на ЕУ, а од друга страна ЕУ не е подготвена да почне преговори за членство со Македонија. Тоа едноставно е неприфатливо, рече денеска на  прес-конференција во Скопје унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто по средбата со неговиот домаќин и колега Никола Попоски.

- Забавно е да се каже Македонија по професија е кандидат, но Македонија пред се е земја која мора да ја почитуваме заедно со македонскиот народ и неговите постигнувања во овој поглед. Затоа како Унгарци ќе инсистираме на почнување на преговорите за членство со ЕУ што е можно поскоро. Знаеме дека има една соседна земја која што сигурно ќе стави вето. Сметам дека билатераните прашања секако треба да се надминат, но не сметам дека тие се соодветен аргумент за да се искористи да се блокира почетокот на преговорите за членство. Затоа бараме од сите пријатели да не стават вето за почеток на преговорите на Македонија, рече Сијарто.

Тој посочи дека Македонија веќе требаше да биде долго време член на НАТО, а преговорите за членство во ЕУ веќе требаше да бидат започнати уште пред повеќе години. Македонија, нагласи, дава значаен придонес во однос на активностите на НАТО, и е една од најзначајните земји учеснички кои не се членки на НАТО и Алијансата треба многу повеќе да го почитува тоа и да го зема предвид.

Во однос на миграциската криза, тој истакна дека дека само делумно е точно тоа дека приливот на мигрантите во Европа е запрен благодарение на договорот меѓу ЕУ и Турција, но вели тоа не е целосната вистина.

- Другиот дел од вистината е  дека приливот на бегалци се намали затоа што земјите од Западен Балкан донесоа одлука да ги контролиртаат сопствените граници и да сторат нешто... Во моментот ние се потпираме врз Македонија, затоа што ако почне прилив на бегалци Македонија е првата земја на југот на која што можеме да се потпреме дека ќе ја заштити својата граница, рече Сијарто.

Тој се заблагодари на Македонија за помошта во надминувањето на мигрантската криза и најави дека ќе продолжи унгарската поддршка со полициски службеници во однос на обезбедувањето на јужната граница.    

Министерот Сијарто го дели оптимизмот на австрискиот колега Себастијан Курц за скорешно отпочнување на преговорите со Брисел.

За посетата на Македонија за време на изборна кампања Сијарто посочи дека не е спорна бидејќи е вообичаена поддршката на сестринска партија,  а слична посета имал и во Србија. Тој најави дека вечер ќе биде и гостин на митинг на ВМРО-ДПМНЕ.

- Не е грев да се има добри односи со министер за надворешни работи. Една од целите е да остварите добри односи со вашите колеги. Унгарија е тука за да ви даде поддршка, рече Сијарто.

Министерот Попоски, пак, посочи дека главниот успех кој може да се мери за секој политичар, министер, член на Влада е токму содавњето пријатели.

- Ние немаме зијан од повеќе пријатели, имаме зијан од недостаток на пријатели кога треба да се носат одлуки. Сијарто и Курц се мои добри пријатели, Митов и Коѕиас ми се пријатели и со сите нив се обидувам да ја отстранат пречката на патот на Македонија во ЕУ. Тоа го гледам како мисија која мора да ја остварам, рече Попоски.

На средбата Попоски - Сијарто станало збор и за унпаредување на економската соработка, а најавено е отворање и дирекна авионска линија Скопје - Будимпешта во текот на април следната година. 

Двајцата миснистри денеска во Скопје ќе засадат дрвца во рамки на акцијата Денот на дрвото. 

(0 гласови)

Македонија и Унгарија имаат одлична билатерална соработка, а таа соработка се повеќе ќе се продлабочува и зацврстува, вели министерот Никола Попоски по средбата со својот унгарски колега. Македонскиот шеф на диполатијата заклучува дека во моментов најважно е да се спроведат регуларни избори по кои институциите ќе продолжат да функционираат.

За посетата на Македонија за време на изборна кампања Сијарто рече дека не е спорна бидејќи е вообичаена поддршката на сестринска партија, а слична посета имал и во Србија. Тој најави дека вечер ќе биде и гостин на митинг на ВМРО-ДПМНЕ.

„Не е грев да се има добри односи со министер за надворешни работи. Една од целите е да остварите добри односи со вашите колеги. Унгарија е тука за да ви даде поддршка“, рече Сијарто.

Министерот Попоски, пак, посочи дека главниот успех кој може да се мери за секој политичар, министер, член на Влада е токму создавањето пријатели.

„Ние немаме зијан од повеќе пријатели, имаме зијан од недостаток на пријатели кога треба да се носат одлуки. Сијарто и Курц се мои добри пријатели, Митов и Коѕиас ми се пријатели и со сите нив се обидувам да ја отстранат пречката на патот на Македонија во ЕУ. Тоа го гледам како мисија која мора да ја остварам“, рече Попоски.

Изборите ќе ја отворат вратата да ги вратиме процесите внатре во институциите, да се фокусираме на реформите и конечно да отпоче процесот на преговори со ЕУ, вели Попоски.
 
Попоски и Сјарто објавија дека од април ќе се воведе нова авио линија Будимпешта-Скопје. Ќе работата и на зголемување на трговската размена која во првите 8 месеци од годинава има раст од 43 проценти особено на извозот на Македонија кон Унгарија. 
(0 гласови)
Европската унија лани очекуваше земја што не е нејзина членка да ја обезбеди шенген зоната од бегалци, што беше нелогично, а воедно и неприфатливо, порача унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто по средбата со неговиот домаќин и колега Никола Попоски.

„Во ЕУ лани имаше нелогична ситуација. Кога се очекуваше од земја која не е членка на ЕУ да ја обезбеди шенген зоната од бегалци кои што влегуваат во ЕУ доаѓајќи од земја членка на Унијата, а потоа минуваат низ земји кои не се членки на ЕУ, а од друга страна ЕУ не е подготвена да почне преговори за членство со Македонија. Тоа едноставно е неприфатливо“, рече Сијарто.

Тој смета дека Македонија веќе долго време требаше да биде член на НАТО, а преговорите за членство во ЕУ требаше да бидат започнати уште пред повеќе години, за тоа што Македонија, дава значаен придонес во однос на активностите на НАТО, и е една од најзначајните земји учеснички кои не се членки на НАТО и Алијансата треба многу повеќе да го почитува тоа и да го зема предвид.

„Забавно е да се каже Македонија по професија е кандидат, но Македонија пред сè е земја која мора да ја почитуваме заедно со македонскиот народ и неговите постигнувања во овој поглед. Затоа како Унгарци ќе инсистираме на почнување на преговорите за членство со ЕУ што е можно поскоро. Знаеме дека има една соседна земја која што сигурно ќе стави вето. Сметам дека билатералните прашања секако треба да се надминат, но не сметам дека тие се соодветен аргумент за да се искористи да се блокира почетокот на преговорите за членство. Затоа бараме од сите пријатели да не ставаат вето за почеток на преговорите на Македонија“, рече Сијарто.

Во однос на миграциската криза, тој истакна дека дека само делумно е точно тоа дека приливот на мигрантите во Европа е запрен благодарение на договорот меѓу ЕУ и Турција, но вели тоа не е целосната вистина.

„Другиот дел од вистината е дека приливот на бегалци се намали затоа што земјите од Западен Балкан донесоа одлука да ги контролираат сопствените граници и да сторат нешто… Во моментот ние се потпираме врз Македонија, затоа што ако почне прилив на бегалци Македонија е првата земја на југот на која што можеме да се потпреме дека ќе ја заштити својата граница“, рече Сијарто.

Тој најави дека ќе продолжи унгарската поддршка со полициски службеници во однос на обезбедувањето на јужната граница.

За посетата на Македонија за време на изборна кампања Сијарто рече дека не е спорна бидејќи е вообичаена поддршката на сестринска партија, а слична посета имал и во Србија. Тој најави дека вечер ќе биде и гостин на митинг на ВМРО-ДПМНЕ.

„Не е грев да се има добри односи со министер за надворешни работи. Една од целите е да остварите добри односи со вашите колеги. Унгарија е тука за да ви даде поддршка“, рече Сијарто.

 

(0 гласови)

Минувач покрај паркирано блиндирано возило сосема неочекувано здогледал „грне“ за златници кои вределе дури 1.6 милиони долари и додека вооружените стражари не гледале тој го украл и побегнал.

Сепак, оваа глупост скапо ќе го чини бидејќи целата кражба е снимена на безбедносна камера. Полицијата се уште не го пронашла но, со видео снимката очекува многу брзо да го идентификува и да го предаде на суд каде му се заканува казна од затвор од десетина години за дрска кражба.

(0 гласови)

ВАШИНГТОН (АА) - Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп потпиша договор за соработка со американскиот производител на клима уреди Кериер, со цел да се спречи отпуштањето на речиси илјада работници од таа фабрика, јавува Anadolu Agency (AA).

Управата на компанијата „Кериер“ на социјалната мрежа Твитер ја потврди информацијата за постигнатиот договор, кој ќе го спречи претходно најавеното сценарио за отпуштањето на скоро илјада работници во двата производни погони во Индијанаполис.

„Задоволни сме што постигнавме деловен аранжман со новоизбраниот претседател Доналд Трамп и новоизбраниот потпретседател Мајк Пенс, за што повеќе детали ќе објавиме во наредниот период“, се наведува во соопштението на компанијата „Кериер“.

Паралелно со тоа, американските медиуми јавуваат дека голема улога во постигнувањето на договорот одигра новоизбраниот потпретседател Пенс, кој е актуелен гувернер на сојузната држава Индијана.

Аналитичарите тврдат дека постигнатиот договор во согласност со предизбоното ветување на Трамп, дека ќе работи на поттикнување на индустриското производство и на создавањето нови работни места во тој сектор.

Постигнатиот договор е важен и како показател дека Трамп ќе ја продолжи соработката меѓу американската администрација и компанијата „Унајтед технолоџис“, која е сопственик на „Кериер“ и е една од најголемите американски компании во областа на одбраната.

Управата на „Кериер“ во февруари оваа година најави дека ќе затвори две фабрики во Индијанаполис и ќе ги премести во Мексико, со цел остварување на годишна заштеда од 65 милиони долари. Потегот следеше по намалувањето на деловните резултати, а во Индијаполис без работа би останале близу илјада равотници.

Се чини дека договорот со Трамп на „Кериер“ ќе му донесе даночни олеснувања и поттик кој на крај ќе резултира со продолжување на работата на фабриката во Индијанаполис.

(0 гласови)

Македонската компанија „Камфуд“ е во напредна фаза во преговорите со еден од најреномираните светски хотелски брендови за изградба на хотел со пет ѕвезди на брегот на Охридското Езеро, пишува фактор.мк.

- Она што до овој момент можеме да го кажеме е дека преговорите се одвиваат според предвидената динамика. Станува збор за огромен проект и мора да се согледаат сите аспекти. Во оваа фаза можеме да потврдиме Охрид ќе добие супер-модерен објект по највисоки стандарди и ќе се најде на мапата на светски познатите хотелски брендови. Тоа ќе значи и многу вработувања и подигнување на нивото на економски развој во Охрид, но и поширокиот регион. Нашиот најголем туристички центар сега ќе може рамноправно се носи на туристички план со земјите од регионот и европските земји, велат од „Камфуд“.

Станува збор за исклучително атрактивната крајезерска локација, во локалитетот „Св. Стефан“, со површина од 6.750 м2 под објекти, односно вкупна површина од околу 21.000 м2. Минатата година компанијата ја купи поранешната Детска болница за 1,2 милиони евра.

КАМФУД Дооел Скопје е компанија која се занимава со издавање и управување со сопствен недвижен имот  или недвижен имот земен под закуп и претставува дел од КАМ холдинг група, основана во 1999 година, познати малопродажен ланец со истиот модел како Алди, Лидл, Плус и др Имаме повеќе од 60 КАМ супермаркети низ земјата и започнат е влез  нa  нови пазари во регионот.

(0 гласови)
Ниедно место во авионот не е безбедно, а сите кои го преживеале падот едноставно имале среќа, вели Динко Водановиќ, експерт за сообраќајни несреќи и поранешен главен инспектор за воздухопловни несреќи во Хрватски.

Водановиќ истакнува дека во случајот со авионската несреќа во близина на градот Меделин во Колумбија, некои патници преживеале бидејќи теренот акумулирал дел од ударот. Авионот се распаднал, но очигледно е дека цела една секција од авионот излетала надвор, со седиштата.

Тоа спасило неколку патници, бидејќи го ублажило смртоносниот удар на кој, за жал, биле изложени сите останати патници.

"Обично сите мислат дека е побезбедно да се седи во близина на опашката, но тоа не е точно. Да се сетиме на слетувањето на "Боингот 777" во Сан Франциско во 2013. година, кој удри со опашката во пистата и загинаа токму патниците кои седеле блиску до опашката. По сите години работа за безбедноста, можам дека кажам дека преживување на пад на авион е исклучиво работа на среќа", додава Водановиќ.

Но, вели, треба да се има на ум дека во воздухопловството навистина се води сметка за безбедноста на патниците. Од сите превозни средства, додава тој, токму во авионите најмногу внимание е посветено на безбедно патување. Константно се вршат технички надзори над авионите каде се контролира работата на системите, но и исправноста на деловите. При секое влегување на патниците во авионот, механичарите и персоналот вршат преглед, и тоа во секој дел на авионот, пренесува Jutarnji.hr.

Покрај тоа, редовно, на секои два до три дена, зависно од тоа колку долго лета авионот, се спроведуваат неколкучасовни проверки за работата на сите системи.

"Се следат нови трендови и развојот на технологијата, па сето тоа се применува во изградбата на авионите. Повеќе не се користи челик, туку други материјали кои подобро ги поднесуваат оптоварувањата и турбуленциите. Патниците тоа можеби не го знаат и не го забележуваат, но експертите секој ден даваат сè од себе за патувањата да минат безгрижно. Секој ден, илјадници и илјадници летови минуваат нормално. Но, за жал, кога ќе се случи несреќа, сите почнуваат да се прашуваат дали е авионскиот превоз безбеден", вели тој.

Објаснува како на ниво на Европа постои систем за известување за потенцијално проблематични ситуации кои се случуваат со авионите. Од ситници, кои никако не може да го загрозат летот, преку ситуации поради кои авионите се враќаат на аеродромите, па до сериозни проблеми. Податоците служат за контрола - ако некој проблем се повторува на одредено место, на истиот пилот, или на некој тип на авион, се отвара постапка.

"Мора да се утврди зошто доаѓа до проблемот кој се повторува и истиот да се реши. Тоа што е денес ситница, може да стане сериозен проблем, и поради тоа толку внимание се посветува и на најмали детали", заклучува Водановиќ.

(0 гласови)
Откако Доналд Трамп победил на изборите за претседател на САД, популарноста на неговата сопруга Меланија скокнала до небо во Словенија, каде идната прва дама на САД била родена и пораснала како Меланија Кнавс.

Тоа посебно се почувствувало во родното место на Меланија, Севница, каде нејзиното име и лик може да се најде на речиси секој можен производ, од тегли со мед, па до торти, што е разбирливо со оглед на потенцијалната заработка која им ја носат новинарите и туристите кои дошле во ова мало место, кое не брои ни 5.000 жители.

Но, изгледа дека времето на мед и млеко за Севница е при крај, пишува порталот Politico. Имено, првата дама на САД ангажирала локална адвокатска канцеларија која ги предупредила луѓето дека нејзиното име и лик не смее да се користат во комерцијални цели без дозвола.

Адвокатите од "Пирц Мусар и Партнерите" објавиле изјава во која стои дека користењето на лицето на Меланија по рекламите во Севница, но и на другите места, е кршење на правото на интелектуална сопственост според словенските прописи, пишува Politico.

"Тука станува збор за неприлична финансиска експлоатација и кршење на лични права. Засега не сме започнале ниедна постапка, бидејќи прво сакавме да ја предупредиме јавноста и се надеваме дека тоа ќе го даде саканиот ефект", рекла директорката на "Пирц Мусар и Партнерите", Наташа Пирц Мусар.

Локалните претприемници не изгледаат премногу вознемирени поради заканите за тужбите, па така сопственикот на пицеријата "Рондо", Бруно Видмар, истакнува дека бизнисот му пораснал за 20 проценти по завршувањето на американските избори, што делумно го препишува на новиот десет на менито, наречен Меланија.

"Ние први дојдовме до таа идеја и по објавата на социјалните мрежи многу новинари дојдоа во нашиот ресторан", вели Видмар, кој додал дека се консултирал со адвокат пред да го стави десертот на менито.

"Додека не користиме нејзина фотографија, во ред е", вели Видмар.

Од друга страна, братучетката на Бруно Видмар, Нуша Видмар, во својата пекара го продава колачот "Меланија", со кој сака да и оддаде почит на првата дама, како што му кажала на новинарот Гашпер Завршник.

"Доколку Меланија смета дека тортата е навредлива, ќе ја отстраниме од менито", рекла таа.

(0 гласови)
Ќе ги вратиме назад институциите во рацете на граѓаните, институциите мора да бидат сервис на нашите потреби, на нашите услуги. Мора да добиваме брза, квалитетна услуга и да го добиваме она што ни следи согласно Законот. Независно од тоа на која партија, народ или вера припаѓаме како граѓани. Сите сме еднакви и исти пред законот, рече во четвртокот во Тетово на Петре Шилегов, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во Изборната единица 6.

„Се наоѓаме во Тетово, денеска со тетовчани го споделуваме нашиот План за живот во Македонија. Овде во Тетово разговараме за нефункционалните институции, партизираните институции, институциите коишто не се веќе сервис на граѓаните туку ги задоволуваат исклучиво партиските потреби на владејачката врхушка“, порача Шилегов.
Вети дека во земјата ќе владеат правото, луѓето своите права ќе ги остваруваат во една нормална, европска постапка и процедура.

„Разговараме за проблемите во здравствениот систем. Луѓето овдека, иако секојдневно секој од нас плаќа во здравствениот фонд, едноставно не ги добиваме потребните услуги. Дури и кога се работи за здравјето“, рече Шилегов.

Рече дека тоа конкретно се однесувало на тетовската болница, каде што според него пациентите со себе носат и перници и чаршафи и ќебиња, си купуваат сами инфузии, си купуваат дури и ханзапласт и завои, а пред да влезат во болницата им бил баран аванс за да ги платат болничките денови.

„Владата на Социјалдемократскиот сојуз по 11-ти декември ќе ја укине партиципацијата во болничкото лекување. Секој мора да добие во Македонија бесплатна здравствена услуга. Секој кому му е потребна здравствена нега мора да ја добие“, порача Шилегов.

(0 гласови)
Полицијата во Флорида јавила дека во тек е грабеж на банка во Џексонвил, а се верува дека крадците држат 11 личности затворени во банка како заложници.

Спасувачките тимови се на терен. Полицијата стравува дека крадците се „вооружени до заби“. Некои од сведоците на ужасниот настан јавуваат дека еден од напаѓачите е активен и дека на местото на злосторството се слуша пукање.

Полицијата јавно ги замолила луѓето да се засолнат на безбедно место и да не се приближуваат до банката, бидејќи во тек е акција на спасување.

http://jacksonville.com/sites/default/files/styles/slideshow__640x360/public/field/image/414826_web1_HostagesBobMack.jpg?itok=IxWxozo6

На прес – конференцијата која ја организирала полицијата било речено дека повикот дошол околу 09:06 пред пладне по локално време и дека е пријавено дека грабежот е во тек.

Полицијата засега нема информации за тоа дали има ранети и не сака да коментира за тоа дали преговараат со ограбувачите. Истакнуваат дека веднаш ќе влезат во банката ако сметаат дека заложниците се во опасност.

Училиштата во оваа област не се затворени бидејќи вооружениот напаѓач моментално е во внатрешноста на банката.

http://mediaweb.actionnewsjax.com/photo/2016/12/01/Hostage_tells_mom_gunman_chased_her_in_J_0_6729609_ver1.0_640_360.jpg

Top