(0 гласови)

Во изминатите три години на територија на општина Аеродром се изградени три нови градинки и во следната програма е предвидено изградба на 100 нови градинки во Република Македонија, како и реконструкција и проширување на 40 постоечки, изјави Никола Попоски носител на ИЕ 1.

Со ова ќе се обезбеди капацитет за над 18.000 дечина кои скроз можат да бидат згрижени во институциите за пред училишна возраст. Воедно изградбата опфаќа и пет нови градинки на територија на Кисела Вода, четири во Аеродром и Центар и три во Карпош, а градинки ќе бидат изградени и во Сопиште, Студеничани, Драчево, Бардовци и Македонски Брод, истакна Попоски.

(0 гласови)

Претставува чест и задоволство на овие избори да испратиме во историјата некои деструктивни ликови и потенцирам дека во изминатиот период немаше желба која не им ја исполнивме и затоа на 11 декември народот треба да донесе две одлуки. Прво онаа најбитна онаа која се однесува на нашето семејство, нашите најблиски, а втората онаа во  каква држава сакаме да живееме, изјави вечерва во Центар, Никола Попоски носител на ИЕ 1.

Генерално СДСМ направи многу зулуми, затворија фабрики и избркаа луѓе од работа, а ние не го правиме тоа и имаме друга агенда, да го намалиме загадувањето, да го намалиме сообраќајниот метеж, набавка на 50 електрични автобуси за град Скопје, 3 нови локомотиви, субвенционирање на луѓето кои сакаат да се греат на пелети. Изградба на нова болница, реконструирање на досегашните болници, како и стипендирање на најдобрите 100 студенти, програмата предвидува и само вработување, зајакнување на спотот, градење на спортски игралишта и терени, но сето ова не е доволно и затоа ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период прифати критика и сето она што не е направено се обидовме да го направиме и ќе го направиме во иднина бидејќи Македонија тоа го заслужува.

Тој потенцираше и дека не треба да го заборавиме фактот дека ова време е привилегија да живееме како слободни Македонци, ние 20 години живееме независни и слободни за разлика од минатото. Привилегија е да имаме своја држава, јазик и да го цениме тоа што го имаме, рече тој.

Затоа оние кои го потценуваат народот и ја виткаат кичмата треба да ги пратиме во историјата бидејќи таму им е местото. Нашиот народ е мудар и знае што е добро за нив, знае кој сака да ја предводи Македонија во иднина, затоа со пенкало во рака на 11 декември овој народ ќе заокружи за светла иднина, истакна Попоски.

(0 гласови)

Новогодишната магија е веќе присутна насекаде во градот. Сите започнуваат со украсување на домовите, подготвувакјќи се за највеселиот период од годината. И игротека Бајка  започнува со украсувањето во духот на празниците кои следат. Оваа недела подготвивме специјална програма за сите деца.

Во понеделник (05.12.2016)  од 18 часот, ги покануваме сите деца да ни се приклучат во украсувањето на игротеката. Игротеката ќе ја накитиме со различни украси насекаде, сијалички, новогодишна елка.
Во вторник (06.12.2016) имаме роденденска забава од
19:30 до 21:30 и во среда (07.12.2016) од 17 до 19 часот, и од 19:30 до 21:30.

bajka2

Овој пат, во креативните работилници ќе ги додадеме и изработките на новогодишни оригами. Работилниците ќе се одржат во четврток (08.12.2016) и петок (09.12.2016) од 19 часот.

Во сабота (10.12.2016) од 17 часот ќе ја развиваме креативноста заедно со дадилките од нашата игротека и ќе изработуваме новогодишни честитки за да ги израдуваме нашите најблиски.
Во недела (11.12.2016) имаме роденденски забави од
14:30 до 16:30, и од 19:30 до 21:30часот.
За повеќе информации посетете ја нашата веб страница www.scjanesandanski.mk, или следете нè на Facebook и Instagram.

bajka1-1

(0 гласови)
Најавената оставка на италијанскиот премиер Матео Ренци по неуспешниот референдум за уставната реформа, означува почеток на нестабилност во италијанската политика, а сега на потег е италијанскиот претседател Серџо Матарела.

Постојат три можни сценарија за понатамошен развој на ситуацијата, анализира AFP.

Според првото, Ренци по последниот состанок со својот кабинет денес ќе го посети Матарела, кој од него би можел да побара да формира нова влада. Теоретски, парламентот би можел да изгласа доверба за Ренци или со актуелното мнозинство или со ново, вклучувајќи ја партијата "Напред Италија" на Силвио Берлускони. Меѓутоа, на прес конференцијата вчера по објавувањето на резултатите од референдумот се стекнал впечаток дека Ренци ја исклучува таа можност

"Моето искуство со владеење завршува тука", рекол тој обраќајќи се до јавноста по објавувањето на прелиминарните неофицијални резултати од референдумот, според кои "против" уставните реформи гласале помеѓу 57 и 61 процент од гласачите, додека "за" гласале помеѓу 39 и 41 процент. Толку убедлив резултат го прави враќањето на Ренци малку веројатно, оценува AFP.


Друга опција би било именување на технократска влада, што според оценката на AFP е најверојатното сценарио. Тоа значи дека Матарела би именувал претседател на владата со поддршка на актуелното или ново проширено мнозинство. Меѓу имињата кои циркулираат се министерот за финансии Пјер Карло Падоан и претседателот на Сенатот Пјетро Грасо.


Преодната влада би имала задача да усвои буџет за 2017. година и да го предаде во парламентот на гласање, како и да модифицира нов изборен закон пред следните избори. Преодниот премиер исто така би можел да одлучи да продолжи со работа до крајот на актуелниот мандат на парламентот во февруари 2018. година, што би било многу непопуларен потег, посебно меѓу политичките движења како "Пет ѕвезди", кои бараат вонредни избори

Третата опција би се однесувала на итно распуштање на парламентот, што, како што наведува AFP, е малку веројатна. Неодамнешната изборна реформа имала за цел да обезбеди водечката партија да има парламентарно мнозинство во Домот на пратеници, додека неуспехот на уставните реформи на Сенатот значи дека неговите членови ќе продолжат да се избираат според пропорционалниот систем, со што парламентарно мнозинство е речиси невозможно

Популистичкото движење "Пет ѕвезди" и лидерот и основач Бепе Грила барал изборите да се одржат за една недела, верувајќи дека изборниот закон би можел да се измени во Сенатот доколку биде потребно, за да биде поускладен со тој во Домот на пратеници.

На крајот претседателот Матарела ќе биде тој што ќе одлучува за непосредната иднина на Италија и ќе обезбеди мнозинство за формирање на технократска влада, доколку сака да избегне предвремени избори следната година, сметаат многу аналитичари.


На другиот крај од светот, по подот на референдумот и најавената оставка на Ренци, акциите на Токиската берза се во пад.

Италијанските медиуми денес на првите страни едногласно истакнале дека никој не очекувал волку надмоќна победа на "не" на референдумот. Corriere Dela Serra пишува дека победил бранот на опцијата "не", Republica пишува дека станува збор за триумф на опцијата против додека Fato оценува дека "Уставот го победил Ренци со 59 наспроти 41".

(0 гласови)

Интензивниот и експлозивен бенд Apocalyptica повторно доаѓа во Скопје, овој пат со својата досега најатрактивна турнеја со наслов „20 years of Plays Metallica by four cellos“, на 5-ти април 2017 година, најавуваат од Авалон продукција.

Спојувајќи ја класничната музика со хеви метал, Apocalyptica стекна светска слава и привлече огромно внимание кај фановите и медиумите. Со оваа оригинална идеја и врвна интерпретација на најголемите хитови на Metallica, момците од Apocalyptica докажаа дека универзалниот јазик на одличната музика не познава жанровски ограничувања, а резултат на тоа се и стотиците илјади продадени албуми, бројни турнеи и фанови ширум светот.

Во чест на 20 годишнината од излегувањето на деби албумот „Plays Metallica By Four Cellos“, финските челисти објавија и албум во кој се вклучени и досега необјавени верзии од легендарните хитови на Metallica- „Battery“, „Nothing else matters“ и „Seek and Destroy“.

Поради фактот што минатиот пат салата во СРЦ Кале беше претесна, овој пат спектаклот се сели во ВИП Арената.

Влезниците ќе бидат во пуштени во продажба од среда преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, а сите детали околу билетите ќе бидат објавени вечерва во 21 часот.

(0 гласови)

Малку за промена од митинзите на политичките партии, попладнево во Градски парк, со почеток од 17 часот ќе се одржи протест поради големото загадување на воздухот.

Неколку граѓански здруженија стојат зад организацијата на протестот, на кој присуство преку Фејсбук најавија околу 1 000 луѓе. Високото ниво на концентрација на канцерогените ПМ10 честички се забележува повеќе од 2 недели на неколку локации низ главниот град. Особено населбите кои се наоѓаат на најмала надморска височина, односно Лисиче и Аеродром се погодени од загадувањето предизвикано примарно од издувните гасови на возилата. Покрај Општина Аеродром, високи концентрации на ПМ10 регистрирани се и во Центар, каде фреквенцијатан а возила е најголема.

Во повикот за денешниот протест се вели:

-„Ако ве прашаат зошто протестирате:
1. Имаме најголемо аерозагадување од канцерогени PM2.5 честички во Европа (39.4 mg/m3 годишен просек), според Светска Банка.
2. Четворица македонци умираат во просек дневно заради загадениот воздух (1350 годишно), според Светска Банка.
3. Во 2015 година, секое второ дете имало респираторни здравствени проблеми според Институт за јавно здравје.
4. Загадениот воздух има ризици врз репродуктивниот систем кај жените: дефекти при раѓање, смрт на новороденчиња, ризик од канцер, според Светската здравствена организација.
5. Кај возрасните граѓани (над 60 години), загадениот воздух предизвикува мозочни оштетувања и „тивок“ мозочен удар што може да предизвика вистински мозочен удар, деменција, депресија и други негативни здравствени ефекти, според Универзитетот во Бостон.“

Како организатори на протестот се јавуваат здруженијата „Скопје Смог Аларм“„Скопје бара чист воздух“„Let's do it Macedonia - Ајде Македонија“, „Сакаме Аеродром да дише“, „No Pasaran!“ и „Во одбрана на Дебар Маало“

(0 гласови)

Билрборд наречен „Градско дрво“ ќе биде поставен во Скопје и Тетово и ќе го прочистува загадението воздух, притоа заменувајќи 275 вистински дрва. Зелениот билбордот наречен „Градско дрво“ е вертикална структура направена од мовови, висок е 4 метри,а широк 3 метри и со длабочина од 60 сантиметри, а претставува комбинација од специфични култури на мовови со васкуларни растенија кои „јадат“ ситна прашина (ПМ), азотни оксиди и озон, а имаат способност да неутрализираат 240 тони јаглерод диоксид годишно.

Овие зелени билборди се веќе поставени во поголемите градови низ светот како во Берлин, Дрезден, Париз, Осло, Хонг Конг, а наскоро ќе биде поставен и во Македонија во Скопје и Тетово бидејќи загадувањето на воздухот е значително зголемено во последните неколку години. Проектот „Градско дрво“  ќе помогне во борба против загадувањето на воздухот во Скопје и во Тетово, со можност да се реплицира и во другите градови низ Македонија.

„Инсталацијата во Скопје чини 25 000 евра и ќе биде постаена во центарот на градот. „Градско дрво“  има пропустлива структура која има способност да ја редуцира брзината на ветерот. Мововите и васкуларните растенија ја привлекуваа и фаќаат ситната прашина, а потоа ја претвораат во фитомаса која ја користат како храна“, изјави Ана Чоловиќ Лешоска, извршен директор на „Еко-свест“.

Проектот  „Градско дрво“  го спроведува Центарот за истражување и информирање за животна средина  „Еко – свест“ од Скопје во соработка со Германска Амбасада и Град Скопје. Со проектот се планира инсталација на две  „Градски дрва“ структури  во Скопје и Тетово, кои се обезбедени со помош на донации на македонски и странски компании, како Пакомак, Везешари, ЕДС, ПроКредит Банка, ДХЛ, Кнауф и Ди Мед

Од „Еко-Свест“ информираа дека овој растителен филтер го компензира загадувањето од 417 автомобили на годишно ниво и може да се адаптира на секоја животна средина.

„Главните компоненти на загадувањето на воздухот се азотните оксииди, озонот и ситната прашина (PM). Само 10 микрограми ситна прашина на метар кубен воздухот го скратува животниот век за половина година“, соопштуваат од Еко-свест.

Од здружението „Еко свест“ објасуваат дека загадениот воздух е причина за смрт кај секој 7-ми човек во светот, а дури 90% од жителите на градовите секој ден дишат загаден воздух

„Градско дрво“ има ист ефект како 275 дрва, благодарение на соларните панели и системот за фаќање на дождовни води, оваа структура е практично самоодржлива и потребно е сервисирање од само неколку часа годишно. Конструкцијата содржи и сензори за собирање на податоци од важност за животната средина и климата со цел да ја регулира и контролира целата структура и да се осигура растенијата да преживеат. За да се обезбеди профитабилноста на производот, овозможена е опција за имплементирање на визуелни и дигитални информации за маркетинг кампањи на вертикалниот растителен ѕид“, изјави Цветанка Икономова-Мартиновска, раководител на секторот за заштита на животна средина и природа на Град Скопје.

Инаку „Градско дрво“ e иновативно решение на компанијата „Грин Сити“ основана во 2014 година. Потребата за вакво нешто произлегува и од фактот што светската популација се повеќе се сели во градовите, дури 50% од популацијата живее во град, а до 2050 година се очекува и до високи 80%, а со тоа растат и загадувањето на воздухот, стресот, бучавата, но и алергиите и малигните заболувања предизвикани од зголемени температури во градот.

(0 гласови)

„Loyal Green“ и „urban lab 1“ се двата тима кои победија на хакатонот за создавање идејни решенија за скопска автобуска постојка и популаризација на линиите, организиран од Фондот за иновации и технолошки развој и ЈСП. Победниците беа прогласени откако 24 часа поминаа во создавање на решенијата со помош на менторирање.

Решението на победникот „Loyal Green“ предвидува наградување на патниците кои нема да се качат во преполните автобуси. Ова секако подразбира дека патникот има време за чекање. Мобилната апликација му овозможува да погледа колку време е до најблиските автобуси и колку поени му носат. Колку повеќе празни места толку повеќе поени. Овие поени понатаму би можеле да се потрошат на попусти и на автобуски билети. Освен автобуски превоз во решението е интегрирана и Social Car, па патниците можат да патуваат и со автомобили.

Тимот на „urban lab 1“ е добитник на наградата за најдобар дизајн. Нивната автобуска станица ќе биде поставена на „Рекорд“.

Освен Фондот за иновации и технолошки развој, „Скопски автобуски хакатон“ е организиран во партнерство со: Град Скопје, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), ФИНКИ од Скопје, Техничкиот факултет од Битола, Технолошки Парк (SEEUTechPark), Факултетот за информатика од Штип и Факултетот за информатички и комуникациски технологии од Битола.

(0 гласови)

Најголема поддршка од граѓаните за претстојните парламентарни избори има ВМРО-ДПМНЕ со 27,8 проценти по што следува СДСМ со 16,2 проценти, ДУИ со 4,8, БЕСА со 3,2, ДПА со 2,3, Алијанса за Албанците со 1,5, Левица со 0,9 и Коалицијата ВМРО за Македонија со 0,5 проценти, покажува анкетата на Институтот „Павел Шатев“ спроведена во периодот од 30 ноември до 2 декември.

Според резултатите од телефонската анкета, најголем број од испитаниците, односно 28,9 проценти се изјасниле дека нема да гласаат, а 13,9 проценти рекле дека не знаат за кого ќе гласаат.

анкета павел шатев

На прашањето на кој политичар најмногу му веруваат, најголем дел од испитаниците или 28,3 проценти се изјасниле за Никола Груевски, а 10,7 проценти за Зоран Заев. Од вкупниот број испитаници, 26,1 проценти рекле дека не му веруваат на ниту еден политичар, а 23,2 проценти дека не знаат на кого му веруваат. Од албанските партии најголема поддршка има Али Ахмети со 4,7 проценти, по што следува Мендух Тачи со 1,9 проценти, Билал Касими од БЕСА со 1,8 проценти и Зијадин Села од Алијанса за Албанците со 1,5 проценти.

Без испитаниците Албанци, најголем дел од останатите, односно 50,4 проценти за премиер би го избрале Никола Груевски, а 14,1 процент за Зоран Заев. Со „не знам“ одговориле 35,5 проценти.

Подобра изборна програма според испитаниците има ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ, а на прашањето дали би ја поддржале идејата за двојазичност на целата територија на државата со „не“ одговориле 93,5 проценти, а потврдно само 4,9 проценти. Најголем дел од испитаниците или 93,1 процент не би поддржале партија која се залага за концептот на двојазичност и нов рамковен договор.

Со анкетата се опфатени 1.090 испитаници, а истражувањето е спроведено на ниво на државата, односно опфатени се сите шест изборни единици.

(0 гласови)

Во непосредна близина на спортскиот центар Јане Сандански во скопската населба Аеродром наскоро треба да почне изградбата на нов модерен мултифункционален комплекс.

Комплексот ќе содржи затворени и отворени спортски терени, игротека, кафуле... Идејата на инвеститорите е да биде место кое што ќе понуди услуги за спорт, забава и релаксација на сите возрасни групи.

Комплексот ќе се гради како резултат на јавно-приватно партнерство помеѓу рускиот инвеститор Сергеј Самсоненко и општината Аеродром. Во моментов се подготвува документацијата и теренот и наскоро официјално треба да биде означен почетокот на градбата.

Top