Претседателот на Европската комисија (ЕК), Жан-Клод Јункер во вторникот ја повика Велика Британија што поскоро да го изнесе својот став за излегувањето од Европската унија (ЕУ), истовремено демантирајќи ги гласините дека е болен и дека би можел да се повлече од својата функција, пренесуваат светските агенции.

Во обраќањето пред пратениците од Европскиот парламент, кои во вторникот одржаа вонредна пленарна седница во Стразбур посветена на исходот од британскиот референдум, Јункер истакнал дека се противи на неформалните преговори за излегувањето на Велика Британија, пред да започнат и официјалните преговори за ова.

Британската страна даде до знаење дека би сакала неформално да преговара околу условите за излегувањето и рамките за новите односи со ЕУ пред да започнат официјалните прегоори, кои треба да се одржат во период од две години, од денот на поднесувањето на официјалното барање за напуштање на Унијата.

„Тие неформални преговори не можат да се одвиваат во мрачни простории. Ние го одредуваме дневниот ред. ЕУ изгуби крило, но нашиот лет продолжува. Тоа не е лет во непознатото, туку кон целта која е запишана во договорите“, рекол Јункер. Тој се осврнал и на сé почестите гласини во медиумите дека поради здравствената состојба би можел да поднесе оставка.

„Не сум ниту уморен ниту болен, како што пишуваат германските медиуми. Јас останувам тоа што сум – до последниот ден ќе се борам за обединета Европа“, рекол Јункер.

Одлуката Велика Британија да ја напушти Европската унија би можела да биде "ветер во грбот" за Амстердам да стане нов центар за меѓународни финансии, пишува холандскиот дневен весник "Volkskrant", повикувајќи се на изјава на градски службеници.

"Не можам да ги именувам, но во последните неколку седмици ни се обратија еден број азиски компании кои работат во финансискиот сектор и имаат седиште во Лондон", изјавила заменичката на градоначалникот во Амстердам, Кајса Олонгрен.

Според нејзините зборови, дел од азиските компании сакаат да се преселат во Амстердам, за да ги нудат своите услуги во континентална Европа, и за да избегнат неизвесности поврзани со работното законодавство, даноци, девизни курсеви и стабилност на британската економија.

"Азискиот бизнисмен не прифаќа такви непредвидливи ситуации", изјавила Олонгрен, додавајќи дека излегувањето на Британија од ЕУ ја доведува и холандската економија во опасност на подолги патеки.

"По напуштањето на ЕУ, Британија ќе има шанса самостојно да ги менува прописите за даноци и да им дава поповолни услови на претпријатијата", истакнала таа.

Дури и пред референдумот во Британија, финансиската елита во Париз организирала конференција на која било ветено дека ќе им биде пружен "црвен тепих" на банкарите од Лондон во случај на "Brexit", а Франкфурт исто така е уверен дека ќе ги привлече банкарите од Лондон.

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер денеска во текот на расправата во Европскиот Парламент на лидерот на британската евроскептична партија УКИП и на движењето за Брегзит, Најџел Фараж, му упати прашање - зошто се уште сте тука.

Јункер и Фараж се сретнаа пред почетокот на вонредната седница на ЕП, кога на кратко разменија по некој збор и се прегнаа, пренесоа британските медиуми. Меѓутоа, во текот на говорот во Парламентот Јункер се сврте кон пратениците од УКИП и ги запраша зошто се тука.

-Мораме да ја почитуваме британската демократија и тоа како тие се изјаснија, рече Јункер по што доби аплаузи од британските европратеници.

„Ова е последен пат од овде да аплаудирате... и малку сум изненаден што сте овде. Се борите за излез. Британците гласааа за излез. Зошто сте вие овде?“, праша Јункер. 

По цели 80 години, граѓаните повеќе нема да мора да шетаат по шалтерите на државните институции за да достават потврди, уверенија,изводи, лиценци, одобренија....Од  1 август годинава доказите и документите кои се потребни ќе ги обезбедуваат самите службеници. Доколку во рок од 3 дена не го сторат тоа, ќе бидат казнети со по 25 евра за секој предмет. Граѓаните и компаниите ќе имаат обврска да поднесуваат само лекарски потврди, договори за купопродажба, закуп, градежни елаборати, односно документи кои не произлегуваат од службената евиденција на јавните органи. 

- Оваа новина произлегува од новиот ЗОУП кој ќе започне да се применува од 1 абгуст 2016 година, како и од усогласените 168 материјални закони од сите области кои уредуваат иправни постапки и јавни услуги. Со овој закон се заменува претходниот ЗОУП кој со мали измени беше во рпиемна на овие простори од 1930 година, а кој не соодвествуваше на денешните општествени околности, динамиката на живеењето и новите средства за комуникација, изјави Марта Арсовска Томовска, министер за информатичко општество и администрација.
 
Со новините во Законот за општа управна постапка освен што ќе се заштеди на време и пари, Томовска смета дека администрацијата ќе стане поефикасна, а со тоа ќе се врати довербата на граѓаните кон јавните институции. Дополнителна новина е што документите ќе може да се разменуваат по електронски пат. 
 
- ЗОУП-от ја поедноставува комуникацијата на органите и странките со давање на можност да се комуницира и по телефон, мобилен, како и електронска пошта, преку можност за пренесување електронски барања. За прв пат во правниот поредок дадена е и можност за правна заштита за услугите од општ интерес како што се телекомуникациските услуги, комуналните услуги и слично, изјави Марта Арсовска Томовска, министер за информатичко општество и администрација
 
Граѓаните и компаниите кои нема да бидат задоволни од работата на службеникот, тоа ќе можат да го пријават до Државаниот управен инспекторат, кој потоа ќе поведе прекршочна постапка за непочитување на законските рокови. 

Сè беше во ред и одеднаш се слушна силна експлозија. Луѓето почнаа да врескаат, сите почнавме да бегаме, но не знаевме каде. Трчавме на една страна, а потоа видовме луѓе што трчаат кон нас, па го сменивме правецот и почнавме да бегаме кон другата страна од аеродромот. Тогаш се слушна експлозија.

Ова е едно од сведоштвата на преживеаните од нападот на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, а кое го пренесоа турските медиуми.

Според досегашните податоци објавени од турските власти, во синоќешниот напад на меѓународниот турски аеродром загинале најмалку 36 луѓе, а повредени се околу 150 лица. Турскиот премиер Бинали Јилдирим нагласи дека првите знаци укажуваат дека станува збор за напад извршен од т.н. „Исламска држава“.

Напаѓачите почнале синоќа околу 22 часот по локално време да пукаат на влезот од меѓународниот терминал на аеродромот во Истанбул и подоцна се разнеле со експлозив што го носеле на себе.

На една од снимките се гледа кога одекнала една од две експлозии. На друга се гледа напаѓач облечен во црно како влегува во зградата на терминалот, а потоа паѓа откако најверојатно е погоден од полициски куршум, по што се разнел со експлозив.

Најмалку 36 луѓе загинаа и 147 се повредени во троен самоубиствен напад на истанбулскиот аеродром Ататурк.

Турскиот премиер Бинали Јилдирим нагласи дека првите знаци укажуваат дека станува збор за напад извршен од т.н. исламска држава.

Напаѓачите почнале синоќа околу 22 часот да пукаат на влезот од меѓународниот терминал на аеродромот во Истанбул и подоцна се разнеле со експлозив што го носеле на себе, соопштија турските власти.

Тоа е најсмртоносен од четирите терористички напади во Истанбул од почетокот на годната во кои за два се одговорни џихадисти, а за еден курдска милитантна организација.

Иако засега никој директно не презеде одговорност за синоќешниот наапд, „доказите упатуваат на ИД“, рече Јилдирим.

Тој рече дека меѓу загинатите има и странци, но не даде детали.

Јилдирим изјави дека бомбашите самоубијци дошле на аеродромот со такси, а потоа отвориле оган врз патници од автоматско оружје, по што активирале експлозив.

На една од снимките се гледа кога одекнала една од две експлозии. На друга се гледа напаѓач облечен во црно како влетува во зградата на терминалот, а потоа паѓа откако најверојатно е погоден од полициски куршум, по што се разнел со експлозив.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повика да се покрене меѓународна „заедничка борба“ против тероризмот, додека западни сојузници на Турција меѓу кои и САД остро го осудија нападот.

Повеќе од 60 милиони патници годишно го користат тој аеродром во Истанбул. 

Пратениците на денешното продолжение на 107. седница го донесоа Законот за основање Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“ во Скопје.

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски потенцира дека основната идеја  за основање на Универзитетот е да се зголеми квалитетот на високото образование, пред се во неколку области од исклучително значење за квалитетот на целокупниот развој на РМ. Кога се говори за неговиот почеток од 2016-2017 година, подвлече тој, се однесува на делот кој веќе функционира, а тоа е воената академија, воздухопловната школа и делот на Институтот за командни и штабни функции, кои исто така веќе се функционални, сега ќе се интегрираат во новиот Универзитет.

– Ангажирани пред се професори од странство, а наставата во најголем дел ќе се изведува на англиски јазик и нема да има големи и масовни квоти за запишување. Интенцијата е да се фокусира во насока на зголемување на квалитетот, а не на хиперпродукција на  дипломирани студенти, рече заменик министерот за образование и наука.

За пратеничката Солза Грчева, основањето на Универзитетот, како што рече, е политичи проект без никаква стратегија, што негативно ќе влијание во образованието, а се врши и дополнителен удар на УКИМ.

Илија Димовски, координатор на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ, смета дека намерата со основањето на Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев” во Скопје е да се подобрат состојбите и работите во високото образование.

Според пратеникот од ДПА Орхан Ибраим, со основањето на Универзитетот меѓу другото наместо внатрешна интеграција и соживот се прави сегрегација.

Против основањето на овој универзитет е и пратеничката Роза Топузова Каревска.

Ставот на пратеничката група на СДСМ, која не присуствуваше денеска и вчера на собраниската седница, е дека со повлекувањето и повторно пуштање нов закон за формирање на Универзитетот „Дамјан Груев“, кој опфаќа формирање три факултети повеќе отколку што предвидувал претходниот, ВМРО-ДПМНЕ признала дека интерпелацијата за претседателката на комисијата за образование Олга Најденовска е основана и оти работи незаконски, пренесе МИА.

На дневен ред на седницата се и предлог законите за изменување на законите за високото образование, за основање универзитет во Тетово, за вработувањето и осигурување  во случај на невработеност, сите по скратена постапка.

Пратениците треба да расправаат и за Предлог законот за дополнување на Законот за јавните набавки, по скратена постапка, и за предложените измени и дополнувања на законите за земјоделство и рурален развој, за полиција, за внатрешни работи, за пензиското и инвалидското осигурување, за здравственото осигурување и за минерални суровини, по скратена постапка.

Хилари Клинтон или Доналд Трамп? Американските граѓани ќе треба да се одлучат за кој од овие двајца кандидати ќе биде новиот Претседател на САД. А меѓу нив се и многу познати личности, актери, музичари, модели, кои со јавно искажување на својата поддршка на кандидат, допринесуваат на публицитетот и влијаат на јавното мислење.

Па кои познати личности, за кои знаеме досега, се имаат изјаснето за кандидатот за кој ќе гласаат? Во продолжение прочитајте кои ќе гласаат за Хилари Клинтон, а кои за Доналд Трамп.

Хилари Клинтон

1. Опра

2. Леонардо ДиКаприо

3. Елен Деџенерис

7fe8d3cc6f3e6f7df7c29b965df6df07

4. Шер

5. Том Хенкс

6. Бијонсе

7. Ејми Шумер

8. Ким Кардашиан и Канје Вест

dzordz-i-amal-kluni-1463128561-87336-735x400

9. Бритни Спирс

10. Кејти Пери

11. Мет Дејмон

12. Лејди Гага

01

13. Џорџ и Амал Клуни

Доналд Трамп

1. Кид Рок

2. Кристи Ален

kid-rock-im-not-just-wealthy-im-loaded

6. Џон Војт

7. Хулк Хоган

tila-tequila-at-celebrity-big-brother-2015-uk-vs-usa-elstree-studios-in-borehamwood-08-27-2015_1

8. Тила Текила

Службеници на финансиската полиција веќе еден час се во зградата на општина Струмица, јави „Прес 24“. Според информациите, финансиската полиција во моментов обезбедува наредба од Основното јавно обвинителство за гонење кривични дела од областа на организираниот криминал и корупција за одземање  документација поврзана со криминалните тендери за превоз на ученици во општината раководена од Заев.

Акцијата следи откако деновиве во јавноста беше објавена скандалозна документација според која, општина Струмица плаќа трипати поскапо за превоз во споредба со Битола. Од општината на Заев ги демантираа ваквите информации, но не понудија никаква документација.

Интересно е што Специјалното јавно обвинителство отвори предмет и бараше притвор за битолскиот градоначалник поради наводни злоупотреби на финансиски средства во тендерите за превоз на ученици. Според документите објавени на прес конференциите на пратеникот Васил Пишев, општина Струмица плаќала по неколку пати поскап превоз за учениците, но до овој момент се уште никој не побара кривична одговорност од градоначалникот Заев.

Британци, кои сакаат да останат во европското семејство, ја преплавиле Ирската амбасада во Лондон и поштите во Северна Ирска со прашања како да добијат ирски пасош и со барања за формулари за патни исправи, соопшти ирското Министерство за надворешни работи.

Формуларите, кои можат да се добијат во поштите, биле разграбани, а во амбасадата се добиени повеќе од 4.000 барања за пасош, во споредба со вообичаените околу 200 дневно, истакна дипломатски извор.

Секое лице, кое е родено во Република Ирска или во Северна Ирска, или кое има родител или баба и дедо Ирци, има право на ирски пасош. Околу шест милиони луѓе, кои живеат во Велика Британија, имаат ирски пасош.

– По референдумот во Обединетото Кралство драстично се зголеми интересот за ирски пасоши – изјави ирскиот министер за надворешни работи Чарли Фланаган.

Top