Со 43 гласови „за“, професорот Никола Јанкуловски е избран за нов ректор на универзитетот Свети Кирил и Методиј. Претходно, таканаречениот студенстки пленум, кој се толкува како продолжена рака на СДСМ, се обиде да го попречи изборот. 

Одлуката на сенатот е конечна. Противкандидат на Јанкуловски му беше професорот Ненад Новковски, кој е и поранешен министер за образование, освои само шест гласа, а шест ливчиња беа неважечки. Новиот ректор, вети дека максимално ќе се труди да ги оствари плановите од програмата, да го развие универзитетот и да го зајакне неговиот академски развој.   
 
- Во овој момент можам да ветам дека максимално ќе се заложам да ги остварам сите работи што ги имам зацртано во програмата, заедно со сите тела на универзитетот. Ќе направиме сѐ да го ставиме универзитетот онаму каде што му е заслуженото место, изјави по изборот Јанкуловски.  

На иницијатива на ЈСП,се одржа средба меѓу претставници на ЈСП и НаТочак.На средбата претставниците на ЈСП ја презентираа идејата за интегрирање на велосипедскиот и автобускиот транспорт, а НаТочак посочи на други теми кои се допирна точка меѓу овие 2 типа сообраќај во Скопје. Фокусот сепак беше на можноста и потенцијалите на комбинирањето на автобускиот и велосипедскиот превоз.

На средбата беше заклучено дека:

 -Јавниот превоз и велосипедскиот може да функционираат како добра комбинација и алтернатива на автомобилот: јавниот превоз поради својата брзина, а велосипедскиот поради можноста за „превоз до врата“

-Целни групи за комбинирање на превозот би биле:

-Граѓаните од приградски населби кои патуваат за работа, факултет итн. до Скопје кои би допатувале со автобус во Скопје и би го продолжиле патувањето со велосипед низ градот

-Граѓаните на Скопје кои живеат во зони кои не се на пешачко растојание од автобуските линии и поради тоа не ги користат, па би пристигнале со велосипед до соодветната автобуска станица од каде би го продолжиле патувањето со автобус

-Граѓаните на Скопје, но и посетителите, туристите, кои со велосипед би ја продолжиле туристичката прошетка откако со автобус ќе стигнат до крајните дестинации (во насока кон Скопска Црна Гора, Катланово итн.)

-Комбинирањето на превозот е и во полза на Јавното сообраќајно претпријатие (зашто ќе ја зголеми достапноста до автобусите: место само пешки, ќе им се пристапува и со велосипед), во полза е и на велосипедскиот превоз (зашто ќе му ги продолжи прифатливите дистанци), на животната средина (зашто ќе се намалат штетните емисии поради зголемување на привлечноста на овие 2 превозни средства наспроти автомобилите), на туризмот (зашто ќе ја зголеми понудата за дестинации и искуства за туристите) и ваквата идеја очекуваме да наиде на широка поддршка од сите институции и пошироката јавност.

Во насока за реализација на овој проект ЈСП ќе направи истражување дали има техничка можност за монтирање на држачи за велосипеди на нивните автобуси.

Доколку постои техничка можност и се продолжи со развој на идејата, НаТочак сугерираше да се спроведе анкета со цел да се испита интересот и поддршката за одредени автобуски линии на кои ќе се спроведе пилот-проектот и сугестијата беше прифатена.

Во следна фаза би се изготвило упатство за користење на држачите, како за возачите, така и за велосипедистите.

Иницијативата за формирање специјално судско одделение за предметите што ги работи Специјалното јавно обвинителство доби поддршка од Демократската унија за интеграција (ДУИ). Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, во изјава за „Алсат М“ рече дека неговата партија во основа нема ништо против такво решение.

- Ова е сериозна тема, која не може да биде прашање на медиумски разговори. Ако има таква волја, тоа треба да помине институционално, првин преку разговори на релевантните партии потписнички на Договорот од Пржино. Ако во тие преговори се отвори таа иницијатива, ДУИ принципиелно е за формирање канцеларија или посебен оддел што ќе се занимава со случаите на СЈО - вели Османи.

Идејата за специјално одделение во Кривичниот суд првично ја промовираа повеќе припадници на академската заедница, а потоа стана и едно од барањата на Шарената револуција. 

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, претседателот на Советот на Општина Карпош, Сашо Лазаровски и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Душан Авировиќ денеска /27.06.2016 година/ присуствуваа на почетокот на уредувањето на третиот дел на Паркот Македонија, покрај булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов.

- Град Скопје заедно со Општина Карпош ќе го уредуваат третиот дел на Паркот Македонија, покрај булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов. Градот Скопје ќе уредува зелена површина од околу 6.000 квадратни метри, на којашто ќе постави систем за наводнување. При уредувањето на овој парк нема да биде исечено ниту едно дрво од веќе постојните, а дополнително ќе бидат засади уште 61 садници. За реализација на овој проект од Буџетот на Градот се издвоени околу 4 милиони денари. Сакам да истакнам дека Градот Скопје има успешна соработка со Општина Карпош и на други проекти, како што е поставувањето на фекалната и атмосферската канализација во Злокуќани и во Нерези – рече градоначалникот Трајановски.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, истакна дека третиот дела на Прк Македонија ќе биде на површина од околу 10.000 квадратни метри, од кој Општина Крпош ќе уредува партерно околу 4.000 квадратни метри, за кој од буџетот имаат издвоено околу 20 милиони денари. Тој потенцираше и дека досега со Градот Скопје успешно соработувале на 7 проекти.  

На уредувањето на новата зелена површина ќе работат екипите на ЈП „Паркови и зеленило“.

Денеска напладне во резиденцијата на ЕУ во Пржино треба да продолжат преговорите на партиските претставници со амбасадорите на ЕУ и на САД, за излез од политичката криза.

Според најавите амбасадорите Аиво Орав и Џес Бејли со претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА ќе разговараат за Избирачкиот список и реформата на медиумите.

По последната рунда преговори од партиите брифираа дека е постигнато некакво поместување околу избирачкиот список, кој беше главна тема, заедно со медиумската реформа.

Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,18, односно за 0,71 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 63 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 64,50, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 49,50, а  Екстра лесното масло за домаќинство за 38 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,169 деанри за килограм се зголемува малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 21,788 денари за килограм.

Како причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 2,71 отсто пониската просечна цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 1,16 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Два случаи на труење со храна се регистрирани изминатиот викенд од кои во едниот случај се затруени 20-тина деца во детско одмаралиште во Дојран.

Децата на возраст од 7 до 14 години со симптоми на повраќање и дијареа се хоспитализирани, а кујната на летувалиштето е затворена.

При увидот направен од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство констатирани се повеќе недоследности и земени се брисеви и мостри од храната за понатамошна лабораториска анализа.

Во вториот случај двајца сопружници со симптоми на триење се хоспитализирани по конзумирање на слатки од слаткарница во скопско Драчево. 

И во овој случај, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство направиле увид, наредиле мерки и ја затвориле слаткарницата до обезбедување на потребните услови за безбедно подготвување и послужување на храната.

Агенцијата за храна и ветеринарство апелира да се почитуваат препораките како да се ракува и консумира храната во летниот период особено при екстремно високи температури. 

Мандатарот за состав на новата српска влада Александар Вучиќ им забрани на членовите на техничката, но и на идната Владата ан Република Србија да заминуваат на одмор во летот на летото.

Како што дознава “Блиц”, Вучиќ им порачал на министрите дека мора да останат во Белград цело лето оти ги чека важна работа околу продолжувањето на спроведувањето на реформите.

-Можете да одите на море, но од септември, им порача Вучиќ и разочара многумина кои веќе испланирале заминување на одмор.

Исто така, по се изгледа, годинава море нема да видат ниту пратениците од Собранието на Србија. Според весникот, препорака од Вучиќ е да работат цело лето оти има многу преостанати закони кои мора да бидат донесени имајќи предвид дека парламентот не работи веќе неколку месеци поради распишувањето на изборите.

Мандатарот Вучиќ деновиве размислува за кадровски решенија за министерствата за одбрана, полиција и труд, а ако ги разреши дилемите составот на новата влада ќе биде објавен на почетокот од неделава.

Инаку, Вучиќ најави дека постои можност новата влада да не биде формирана до 3 јули, како што претходно најави, поради бројни обврски.

-Го водам вториот круг разговори со потенцијалните партнери, но далеку од камерите, изјави Вучиќ.

Бојан Клачар од Цесид смета дека во овој момент причината за одложување на формирањето на владата може да биде тоа што Вучиќ не ја разрешил дилемата околу коалициските партнери и има недоумица околу одредени кадровски решнија.

-Тоа што владата нема да биде формирана до 3 јули нема да создаде некаков проблем. Оваа влада во технички мандат го работи практично истото како и регуларна влада, освен што нема средби со некои високи странски претставници. Од друга страна, нема причина толку долго да се чека со формирањето нова влада, вели за “Блиц” Клачар.

Пред крајот на неделава ќе се знае дали ќе има намалување цената на струјата од 1 јули годинава, бидејќи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) се уште ги прави деталните пресметки за овој енергенс.Нова цена ќе се применува една година и тоа почнувајќи од 1 јули 2016 до 1 јули 2017 година.

Експертите очекуваат дека пресметките ќе ги израдуваат потрошувачите во Македонија, бидејќи неофицијално се навестува намалување на цената на електричната енергија од 10 до 30 отсто. Тие деновиве анализираа и посочија дека има основа за пониска цена на електричната енергија, бидејќи зголемено е домашното производство, истовремено пониската е цена по која што се увезува струјата.

На пресметките ќе влијае и поволната хидролошка состојба во земјава и зголеменото производство на струја од хидроцентралите, но и топлата зима која не ја зголеми потрошувачката, се дел од аргументи цената да биде намалена. Но како што појаснуваат од РКЕ, според утврдената методологија за пресметка, сепак финаланата одлука ќе зависи од останатите трошоци на енергетските компании. Токму затоа деновиве регулаторите ги прават калкулациите и ги анализираат расходите на ЕЛЕМ, ЕВН и МЕПСО. Цената што ја плаќаат домаќинствата, најголем дел или половина, е наменета за производството, за дистрибуцијата се фактурира 44 отсто, додека за преносниот оператор МЕПСО останува 6 отсто.

Годинава правните и физичките лица можеа на официјалниот сајт на РКЕ да ги видат јавно барањата на компаниите и до 13 јуни годинава до нив да достават мислења и предлози. Токму нивните мислења можат да придонесат во намалување на цената на струјата.

Американската инвестициска банка „JP Morgan Chase“ предупреди дека би можела да го премести бизнисот од Велика Британија бидејќи таа земја се изјасни за излез од ЕУ.

„Во месеците пред нас, можеби ќе мора да направиме измени во структурата на нашиот европски ентитет“, се наведува во дописот на банката.

„JP Morgan Chase“ вработува 16.000 лица во Британија, а претседателот и извршен директор Џејми Дајмон неодамна изјави дека излезот на Британија од ЕУ ќе доведе до преместување на 4.000 работни места.

Top