Британските медиуми пренесуваат приказна која повеќе личи на сценарио за некој шпионски роман, отколку на вистинска разузнавачка операција.

Наводно, шпионите на MI6, CIA и израелски Мосад со заеднички сили прошверцувале тајни руски податоци во кесички чај, и тоа на летот на супесоничниот бомбардер "Blackajck" за Венецуела. 

Сакале да добијат информации за најновата верзија на рускиот стратешки бомбардер "Tu-160", од страв дека би можел да стане недостижна мета за постоечките пресретнувачи во случај на потенцијален судир.

Кога дошле до информациите, агентите на MI6 наводно ги сокриле податоците во пакет руски чај.

Кесичките чај некако дошле на еден од два Tu-160, кои Русија ги пратила во Каракас минатиот декември на вежби со венецуелските воени вежби со венецуелските воздухопловни сили.

Рускиот екипаж наводно го користела тој чај за време не летот за Венецуела и после тоа кесичката била фрлена.

 

Еден анонимен службеник тврди дека агент ја извлекол фрлената кесичка додека авионот полнел гориво на аеродромот во близина на Каракас и му ја предал на офицер на CIA, кој престојувал во еден хотел во близина.

Иако немало официјална потврда за оваа операција од било која разузнавачка агенција, британски "Daily Mail" тврди дека западните воздухопловни сили ги користеле информациите за да ги прилагодат своите пресретнувачи за подобро да се носат со унапредениот руски авион.

Екстремно десничарската партија на Виктор Орбан убедливо победи на домашен терен, со 52 отсто од гласовите и 13 места од унгарските 21 место. Тој ѝ се обрати на толпата пред „Китот“, седиштето на кампањата на Фидес во Будимпешта на Дунав.

„Ние сме мали, но сакаме да ја смениме Европа“, рече тој, опишувајќи ги изборите како „почеток на нова ера против миграцијата“.

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, рече дека „заврши статус квото“ во Европскиот парламент.„До сега, по европските избори, сложувалката беше сосема едноставна, ЕПП и социјалистите се собираа, ги броеја гласовите и имаше удобно мнозинство… Сега никој не може да каже како ќе изгледа конечниот состав на мнозинството“, додаде тој.

По дебаклот на Сириза на европските избори, грчкиот премиер Алексис Ципрас најави предвремени избори во Грција.

Предвремените избори во Грција ќе се одржат на крајот на јуни. Ципрас синоќа во телевизиски говор изјави дека на почетокот на јуни од претседателот на државата ќе побара распишување предвремени избори.

Најавата за предвремени избори доаѓа по лошите резултати постигнати на европските избори. Сириза на Ципрас, според неофицијалните резултати, освои околу 25 проценти гласови, додека опозициската Нова Демократија има 33,5% гласови. Шефот на конзервативците, Киријакос Мицотакис, оцени дека Ципрас веќе ја нема довербата од народот. „Премиерот мора да преземе одговорност и да се повлече за доброто на земјата“, побара Мицотакис.

Марин ле Пен го повика францускиот претседател Емануел Макрон да го распушти националното собрание откако нејзината партија на европските избори го презеде блокот предводен од францускиот претседател.

„Претседателот нема друг избор освен да го распушти националното собрание и да дозволи подемократски гласачки систем, за мнозинското политичко мислење на оваа земја да биде подобро застапено“, рече Ле Пен, додавајќи дека сега битката е меѓу нејзината и Макроновата партија.

„Бледнеењето на традиционалните партии и поделеноста меѓу партијата Национално обединување и ренесансната партија (на Емануел Макрон) потврдуваат дека политичката сцена сега е поделена помеѓу националистите и глобалистите и тоа е она што доминира во нашиот политички живот“.

Партијата Национално обединување на Ле Пен може да добие околу 24 отсто од гласовите, според различни излезни анкети, тесно победувајќи ја партијата на Макрон, која се очекува да постигне околу 22 отсто. Досега немаше коментари од самиот претседател, но официјалните претставници на Елисејската палата наводно ги нарекле резултатите „разочарување“, но не и казна, односно не причина владата да се откаже од својата агенда.

Овие европски избори за пратеници во Евро парламентот ги одбележа највисокиот процент на излезеност досега.

Излезеноста е над 50%, а во 2014 година беше 42,6%. За прв пат двете најголеми партии, Европската народна партија ЕПП и Социјал демократите не успеаа да се изборат за мнозинство во Парламентот и покрај тоа што освоија најмногу столчиња.

Огромен е растот на либералите и партиите на зелените. Тврдо десничарската партија на Мари Ле Пен во Франција го победи движењето на претседателот Макрон.

Партијата на каталонскиот сепаратист, Пуџдемон, кој е во егзил, исто така освои пратенички места.

Во Италија, тврдо десничарската партија на министерот за внатрешни работи Матео Салвини, освои најголем број од гласовите, додека во Велика Британија најголемиот број гласови, или 31%, ги однесе партијата која се залага за Брегзит на европратеникот Најџел Фараж.

 

Изборите за Европскиот парламент, кои во повеќето европски држави беа одржани вчера, покажаа јакнење на вербата на граѓаните во демократскиот процес, изразено преку поголемата излезност, но и подобри резултати на екстремните и популистичките партии, иако под очекувањата од пред изборите.

Според проекциите за идниот состав на Европарламентот, направени врз основа на делумните резултати од државите членки, два најсилни партии остануваат Европската народна партија со 178 мандати (38 помалку од досега) и социјалистите со 153 пратеници (34 помалку отколку во досегашниот состав).

Либералите (АЛДЕ) се трета политичка сила, кои заедно со пратениците од листата на францускиот претседател Емануел Макрон имаат 109 мандати (40 повеќе од досега). Зелените добија 64 мандати, односно 12 повеќе од досега. Францускиот претседател Емануел Макрон, еден од најголемите поддржувачи на продолжување на европскиот проект, загуби во дуелот со екстреманата десница на Марин ле Пен. Ултрадесничарите од Национален собир на Ле Пен победија со мала предност пред партијата на Макрон добивајќи 23,5 отсто гласови наспроти 22,5 отсто на партијата на Макрон.

На изборите излегоа повеќе од 51 отсто од гласачите во ЕУ, што е најмногу од првите директни избори во 1979 година, кога одзивот беше речиси 62 отсто и оттогаш е во опаѓање. Пред пет години на гласачките места излегоа само 42, 61 отсто од Европејците со право на глас.

Резултатите од изборите покажуваат дека пратениците од редовите на ЕПП и социјалистите, кои во претходниот состав можеа да формираат мнозинство во Европарламентот каде има 751 пратеник, значи дека Манфред Вебер, водечки кандидат на ЕПП за претседател на Европската комисија, веќе не е главен кандидат за таа функција. За мнозинство се неопходни 376 мандати, што значи дека на ЕПП и социјалистите им се потребни либералите за да имаат убедливо мнозинство од 440 пратеници.

Евроскептичните партии, иако имаат подобар резултат отколку на претходните избори, не ги оставрија резултатите на кои се надеваа и кои ги најавуваа пред изборите. Неизвесно е дали меѓусебно ќе соработуваат и дали ќе ги задоволат критериумите за формирање нова пратеничка група, за што се потребни најмалку 25 пратеници од најмалку седум земји членки.

Трите најголеми популистички и крајно десни групации можат да сметаат на најмалку 172 мандати.

Промена на повеќе министри во Владата, како и заменици и други функционери најави премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев во изјава за новинарите по вчерашната седница на Централниот одбор на партијата на која беше разрешен Извршниот одбор, потпретседателите на партијата, тројцата секретари и координаторката на Форумот на жени. Заев при тоа кажа дека не гледа никаква причина да понуди оставка од премиерската функција.

-Ќе има промена на министерските позиции, заменици министри и други функционери во владата, како и дректори на ЈП, агенции, АД во државна сопственост, секаде каде буквално нема резултат, односно се покажала ароганција, се немало доблест, се намело демократски капацитет, успешност, ќе се случат промени. Ќе бидат, исто така сериозни какви што се овде во политичката партија, бидејќи само така е во ред, рече Заев.

Запрашан колку министри ќе бидат опфатени со промените, Заев не кажа конкретна бројка, но посочи дека ќе бидат повеќе од тројца без да каже детали за кои министри станува збор.

-Бројката не ја кажувам. Имајќи предвид дека досега се променети шест министри – за култура, правда, образование и тројца без ресор, јас сум блиску до вкупната бројка од една третина. Што значи првпат во јавноста се отвора дебата дека ќе одиме со избор на Влада, зашто ако сменам само двајца или повеќе од двајца го исполнувам лимитот од најмалку една третина за да има реконструкција на влада. Тоа е советот од министерката за правда и правници со кои што разговаравме, што значи ќе има повеќе од тројца и во такви околности секако ќе ги соопштиме навреме кога ќе ги донесеме сите одлуки, рече премиерот Заев.

Очекува да добие фидбек веќе следната недела и од лидерот на ДУИ Али Ахемти, од  Алтернатива на Африм Гаши, Мендух Тачи од ДПА, како  и од сите претставници на коалициските партнери, со кои разговараат, бидејќи како што рече, има слаби функциониери кои треба да бидат заменети и да дојдат нови.

На новинарско прашање Заев рече дека нема да понуди оставка, бидејќи, според него, оваа Влада и тој како премиер може да држат лекции за успешност.

-Ако држиме лекција на успешност овој премиер, оваа влада, оваа владеачка гарнитура тоа го направи. Ги реши сите отворени прашања во државата. Ние сме горди и не гледам никаква причина Зоран Заев да понуди оставка, затоа што го сплотивме нашето мултиетничко општество и се гордееме со тоа и чекориме понатаму кон негово усовршено сплотување заради тоа што новиот концепт на новата структура – новото министерство за политички систем е да завршиме со Рамковен договор и да одиме кон граѓаните. И тој чекор го правиме, рече Заев,

Тој посочи на решавањето на проблемот со Бугарија, со Грција, на економските параметри што кршат нови рекорди, остварените 625 милиони странски инвестиции, раст на БДП  од 3,7 отсто, и очекувањата првиот квартал да биде над четири отсто. -Нема да бидеме задоволни. Очекуваме експанзија и сите земји тоа го постигнале кога влегувале во НАТО  и ЕУ и ние тоа ќе го постигнеме. Тоа ќе биде максимизирано ако ги усовршиме нашите перформанси како човечки капацитети, институциите, невработеноста сега е 19,4 отсто, расте индустриското, извозот….Овие бројки се надежни и ми даваат за право да кажеам дека не ми паѓа на памет Зоран Заев да направи таков чекор. Јас сум доблесен, јас сум релаксиран во многу прашања, овие успеси се само мотивација да се реорганизираме да бидеме уште поуспешни, порача Заев.

Сите заедно на последните избори, додаде, покажавме победа, избравме претседател, со разлика од околу 60 илјади гласови и ние сме горди, истовремено доблесни да кажеме каде сме слаби и тоа е голема предност на СДСМ во однос на опозициските партии кои тоа може да го сонуваат.

Нагласи дека на испразнетите места ќе дојдат, пред се нови кадри, а денешното кадровско решение за нов генерален секретар, како и другите разрешени партиски функционери, рече, се суштински и сериозни одлуки и не се лесни.

Осврнувајќи се на состојбите во  ВМРО-ДПМНЕ, Заев рече дека во опозициската партија состојбата е полоша од времето на Никола Груевски.

-ВМРО-ДПМНЕ нека ги следат овие доблесни примери. Таму се е за менување. Јас работев со Никола Груевски, сега таму состојбата е полоша. Од овој одговор вие заклучете каква е состојбата. Мое не е да работам за подобрување на опозицијата, но мое е да повикам државата да има сериозна и одговорна опозиција, затоа што само на тој начин власта ќе биде поодговорна и поисполнитела, рече Заев

Американскиот дипломат Метју Нимиц, кој беше посредник во спорот со името со Грција, оценува дека на Балканот зборот компромис има лошо значење.

„Зборот компромис во САД е добар збор. Ќе се скараме, па одиме во друга соба, дискутираме за тоа и излегуваме со решение. Постигнавме компромис и сите велат дека тоа е одлично. На Балканот, меѓутоа, компромисот е лоша работа. Никој не победил“ вели Нимиц во интервју за „Дојче веле“.

Тој вели дека се надева и покрај противењата во Северна Македонија и во Грција, ќе се гледа напред а не назад.

„Привремениот назив Поранешна југословенска Република Македонија – ФИРОМ, не беше името на земјата. Тоа беше привремен назив додека се чекаше името…Земјата со тој назив беше закочена“ додава Нимиц.

На прашањето дали спорот е завршен, тој вели дека никој не може со сигурност да зборува за иднината.

„Не верувам дека историјата ќе се спречи. Работите продолжуваат. Несогласувањата кои имаат длабоки корени ја менуваат природата, но не исчезнуваат. Бидејќи историјата на овој регион, македонскиот регион, ако погледнете на времето на Александар Велики, Римското царство, Отоманското царство, Балканските војни и тогаш се што се случило во Првата и Втората светска војна, во грчката граѓанска војна и Титовиот комунистички период до распадот на Југославија, ќе добиете долга историја во која овој регион бил централна точка. И сега постигнавме и резолуција за името. Но, во двете земји, народот смета дека се дало премногу поради тоа што е постигнат компромис“ објаснува американскиот дипломат.

Полицијата употреби солзавец на протестот на белгиското движење „жолти елеци“ во Брисел откако демонстрантите почнале да гаѓаат во згради со разни предмети.

Освен неколку стотици демонстранти со жолти елеци, кои протестираат поради социјалната неправда, на протестот имало и лица облечени во црно со качулки.

Полицијата патролирала во историскиот центар на Брисел, а насилство имало на повеќе места во градот. На протестот биле уапсени неколку лица.

Во Белгија денеска се одржуваат парламентарни избори и избори за Европскиот парламент.

Судири меѓу полицијата и демонстрантите имало и во близина на седиштето на Европската Унија.

Идентитетот на жената која ја глумела внуката на рускиот олигарх во "аферата Ибица" и натаму е мистерија, иако веќе со денови на социјалните мрежи кружи фотографија од атрактивна блондинка за која некои тврдат дека е токму таа "внука". Жената чија фотографија се споделува всушност е руска телевизиска личност и, засега, нема докази дека на било кој начин е вмешана во целата приказна. 

Нејзиното име е Лера Кудрјавчева Макаров. На руската публика и е позната веќе години наназад, со оглед на тоа дека од 90-тите години е пред малите екрани.

 

Лера во својот роден Казахстан завршила уметничко училиште, по што отишла во Москва каде учела за актерка. Иако дошла до големото платно пред десетина години, првите чекори во јавниот живот ги направила како танчарка, за потоа да стане водителка во неколку погледани програми. Во актерските води запловила во 2007-ма година и до денес има снимено десетина филмови.

Како Лера станала дел од аферата која ја уништила кариерата на австрискиот вицеканцелар Ханјц-Кристијан Штрахе? Веројатно поради презимето.

 

Имено, Лера е мажена за рускиот хокеар кој се вика и презива исто како рускиот олигарх чија наводна внука разговарала со Штрахе во вилата на Ибица. Хокеарот Игор Макаров е трет сопруг на Лера Кудрјавчева, а парот во август минатата година ја добил ќерката Марија.

 

 

 

Top