(0 гласови)

Башар ал-Асад и Владимир Путин се изнасмеаја на шегите на сметка на Доналд Трамп кого го пратија на преобратување по Божјиот пат.

Савле бил на мисија да ги гони исусовите ученици и патот го однел во Дамаск. Таму, воскреснатиот Исус за казна го ослепел Савле чиј вид бил вратен во нормала од страна на Ананиј и тоа пред портата на Дамаск. Потоа Савле се преобратил, станал добар христијанин, си го променил името во Павле и станал апостол. Легендата вели дека преобраќањето на Савле во добар човек настанало откако пешачел по патот во сирискиот главен град.

„Доколку Трамп го мине овој пат и тој ќе стане добар“, смеејќи се Асад му рече на Путин додека двајцата беа во православната црква Дева Марија во Дамаск.

„Ќе се поправи... покани го. Ќе дојде“, врати Путин, на што Асад додаде: „Ќе го викнам“.

Со нив беше и Патријархот Антиохиски Јован X кој исто така се изнасмеа.

Сирија е дом на најголемата христијанска заедница на Блискиот Исток која под владеењето на Асад ужива рамноправност со муслиманското мнозинство.

(0 гласови)

Во Зоолошката градина Скопје вчера се роди младенче на патас, а вработените радоста ја споделија на Фејсбук страницата

„Навистина убав ден- Honeyland на Оскари, а во Зоо Скопје се роди првото бебе годинава. Мајката патас и бебето се добри, а ние сме пресреќни и за нив и за Оскарите 
п.с Ако е женско, ќе си го крстиме Атиџе- по добрата душа и главна протагонистка во филмот, која ја сака природата и се грижи за сите живи суштества“, напишаа од ЗОО Скопје во објавата на нивната фејсбук страница.

(0 гласови)

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров денес изјави дека убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани од страна на САД ги минува сите правни и човечки граници.

И речиси две седмици по убиството на првиот човек на елитната единица Кудс при Револуционерната гарда, не стивнуваат реакциите ширум светот. Според шефот на руската дипломатија, убиството на Сулејмани е кулминација на илегалните потези на Вашингтон.

„Русија се противи на обидите за ескалација на ситуацијата, без оглед на тоа од каде доаѓаат“, изјави Лавров.

 

Рускиот министер за надворешни работи порача дека Русија се противи на ескалација на тензиите во Персискиот залив.

„Не можеме да ги затвораме очите пред фактот дека сето тоа започна во моментот кога САД објавија, пред неколку години, дека сите проблеми во регионот настануваат поради активностите на Иран, како и тоа дека Иран треба да престане да влијае на случувањата околу своите граници“, порача Лавров.

(0 гласови)

Познатите канали во Венеција останаа без вода, откако плимата опадна драматично, само два месеци откако беа поплавени градските улици.

Италијанскиот град изграден на лагуна со солена вода често е сведок на осцилации при плимата и осеката, но екстремниот пад неодамна создаде проблеми со транспортот, бидејќи гондолите и другите чамци останаа на суво.

Венеција има над 170 канали по кои пловат гондоли, чамци, мали параброди и моторни бродови. Најголем е Големиот канал на кој се наоѓа познатиот мост „Ријалто“, а околу 380 помали и поголеми мостови служат за премин преку каналот.

(0 гласови)

Американската филмска академија ги објави долгоочекуваните номинации за престижната награда Оскар, чие доделување ќе се одржи на 9-ти февруари во Лос Анџелес.

Нашиот наградуван филм “Медена земја” на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов е официјално номиниран во две категории – најдобар документарен филм и најдобар странски филм. Ова е првпат во историјата на македонската кинематографија еден филм да влезе на листата во две категории. 

Помеѓу петте номинирани за најдобар документарец покрај “Медена земја” се и “Американска фабрика”, “Пештерата”, “Доба на демократија” и “За Сама”, а за најдобар странски филм номинирани се “Корпус кристи” од Полска, “Клетници” од Франција, “Болка и слава” од Шпанија и “Паразит” од Јужна Кореја.

 

 

(0 гласови)

Француската влада е подготвена да ја повлече, од својот план за пензиски реформи, мерката која што поттикнува да се работи до 64 години, а којашто синдикатите едногласно ја отфрлија, наведува премиерот Едуард Филип во писмото испратено до синдикатите и работодавачите.

Тој исто така рече дека социјалните партнери треба да се договорат за мерките што треба да се спроведат за да се обезбеди финансиска рамнотежа на пензискиот систем до 2027 година, во спротивно оваа мерка ќе биде повторно воведена.

Старосната граница за полна пензија од 64 години беше најспорната мерка на планираната пензиска реформа. Целта беше постепено да ги охрабри Французите да заминат во пензија на 64-годишна возраст, или во спротивно пензијата би им била помала. Во моментов, законската граница за во пензија е 62 години.

Најголиот синдикат ЦФДТ го поздрави повлекувањето на старосната граница за пензија од 64 години од нацрт-законот за пензионирање. ЦФДТ, како што е најавено, ќе ги продолжи преговорите во рамките понудени за решавање на нејаснотиите во врска со идниот унифициран систем.

(0 гласови)

Секој осми стан во земјава е под хипотека кај домашните банки. Податоците на Агенцијата за катастар на недвижности покажуваат дека во третиот квартал лани во земјава имало вкупно 1.084.534 станови од кои дури 132.527 биле под хипотека – што практично значи дека преку хипотеките на банките е пренесена сопственоста на дури 12,22 проценти од станбениот фонд во земјава, пишува Денар.мк.

Скопје рекордер – секој петти стан заложен кај банките

Скопје е рекордер по заложени станови-дури половината од хипотеките се во главниот град.

Податоците покажуваат дека на секој петти стан во метрополата „газди“ се банките.

Така во катастарот во Скопје во периодот од јули до крај на септември биле запишани вкупно 317.084 станови, од кои дури 20,28 проценти или 64.301 се под хипотека.

Втор на листата градови со процентуално најмногу хипотеки во споредба со бројот на впишани станови во катастарот е Неготино каде на банките се пренесени имотни листови на 19,06 проценти од становите или од вкупно 12.906 станови во општината, дури 2.460 се под хипотека.

Гевгелија е на третото место според процентот на заложени станови и тоа од вкупно 23.690, хипотека има на 3.893 или на 16,43 проценти.

Целиот текст може да го прочитате на ДЕНАР.мк

(0 гласови)

Претседателот на Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај поднесе оставка од лидерското место во партијата. Тој пред неколку месеци поднесе оставка од премиерската функција.

До изборот на ново раководство на партијата, Харадинај ќе ја извршува функцијата вршител на должност претседател на Алијанса за иднината на Косово.

„Поднесов оставка на лидерското место во партијата. Тоа го направив на последното собрание што го одржавме. Ќе ја извршувам должноста само до партиските избори“, изјави Харадинај.

Тој истакна дека се поставени нови изборни критериуми во партијата на сите нивоа, кои меѓудругото, се однесуваат и на организирање пет одделни ограноци во Приштина.

(0 гласови)

Израелците им помогнале на САД во операцијата во која беше убиен моќниот лидер на иранската елитна единица Кудс при Револуционерната гарда, генералот Касим Сулејмани.

Како што пренесуваат израелските држави, кои се повикуваат и на извештаите на американски „ЕнБиСи“, израелските разузнавачки служби биле вмешани во операцијата изведена на 3-ти јануари, откривајќи им на Американците клучни разузнавачки информации.

Тоа им помогнало на САД да ја утврдат точната локација на Сулејмани кој претходно летал од Дамаск до Багдад. Откако авионот во кој бил иранскиот генерал слетал, нешто подоцна четири ракети биле лансирани од дрон кон возилото во кој бил превезуван Сулејмани.

 

Инаку, американскиот државен секретар Мајк Помпео на 1-ви јануари му се јавил на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да му се заблагодари за улогата на Израел во спротиставувањето на Иран и после нападите на американската амбасада во Багдад. Нетанјаху следното утро пред да отпатува во Атина накратко изјави дека „многу, многу драматични работи“ се случуваат во регионот.

Неколку часа подоцна беше ликвидиран иранскиот генерал заедно со уште неколку команданти на локалните ирачки паравојски кои ги поддржува Иран. Како што пренесува „Њујорк Тајмс“, токму Нетанјаху бил единствениот странски лидер кој однапред знаел за операцијата.

 

Претходно американските медиуми објавија дека голем број на луѓе во Сирија и Ирак се осомничени дека им откриле на САД информации кои довеле до убиството на Сулејмани, меѓу другите и двајца вработени на аеродромот во Багдад и двајца вработени во приватната сириска авиокомпанија „Чам Вингс“.

Тензиите помеѓу Вашингтон и Техеран пораснаа по убиството на Сулејмани, а ескалираа откако Техеран одлучи да се одмазди и да ракетира американски воени бази на територијата на Ирак.

(0 гласови)

Полицијата во Подгорица ги уапси главните и одговорни уредници на црногорските портали „Борба“ и „ИН4С“ под сомнение дека извршиле кривично дело – предизвикување паника и немири. Според надлежните, тие предизвикале паника во јавноста со објавување лажни вести со случувањата во „Вила Горица“ во Подгорица без да ги проверат информациите.

„Вилата Горица“ во Подгорица се користи за прием на високи гости и делегации од странство од страна на претседателот Мило Ѓукановиќ и Владата. Во вилата вчера попладне се запали разводна кутија, но дефектот брзо бил саниран.

„Станува збор за помал електричен дефект, кој брзо е отстранет. Експлозија немаше како што пренесоа некои медиуми со цел да се создаде паника“, наведе вчера полицијата.

„Борба“ и „ИН4С“ објавија дека во „Вила Горица“ се случила експлозија и дека на лице место се упатени противпожарна екипа и полиција.

Top