Полека, полека доаѓа и големата новогодишна ноќ, а дечињата се нетрпеливи Дедо Мраз да им ги исполни големите желби. Затоа, оваа недела во игротека “Бајка” ќе ги подготвуваме новогодишните честитки до Дедо Мраз.

Во понеделник (19.12.2016) и среда (21.12.2016) од 18 часот заедно со нашите дадилки ќе ги пишуваме новогодишните желби. Најголемите желби кои посакуваме да ни се остварат.

Во вторник (20.12.2016) имаме роденденска забава од 19:30 до 21:30 часот.
Од четврток започнува специјалната новогодишна претстава “Писмото до Дедо Мраз” која нашите дадилки ја подготвија.

Претставата ќе имаме можност да ја погледнеме во четврток (22.12.2016) и петок (23.12.2016) од 18:30 до 20:30 часот, и во сабота (24.12.2016) и недела (25.12.2016) од 17:00 до 19:00 часот.

Ќе има многу забава, дружење и подароци! Билетот за едно дете за претставата чини 450 денари со вклучено пакетче.

За повеќе информации посетете ја нашата веб страна scjanesandanski.mk, најдете нé на facebook како Спортски центар Јане Сандански, и на инстаграм scjanesandanski. Резервации и повеќе информации на 070-326-072.

bajka

Нема подобар начин за одржување на кондицијата и водење здрав жиот од редовно, барем и рекреативно спортување. А спорт кој според мислењето на стручните лица е најкорисен за здравјето, зачувување на кондицијата и складен психо-физички развој на целиот организам е пливањето.
 
Пливањето опушта, благотворно делува на психата, кардиоваскуларниот систем, белите дробови, развој на мускулниот апарат, помага при отстранување или ублажување на деформитети на ‘рбетниот столб. Затоа оваа активност им се препорачува на сите, без разлика на полот и возраста. Поради тоа, не треба да се ограничи само на летните месеци што е почест случај кај нас туку треба да се практикува во текот на целата година. За среќа, благодарејќи на бројни спа центри и хотели тоа денес е лесно остварливо.
 
 15253525_347502402282026_5178668522991624938_n

 Хотел со дефинитивно најубавиот спа центар во Скопје, кој располага со базен со должина од 22 метра е хотел Руссиа. Во Спа Центар Anne Semonin ја наградуваме вашата одлука да се релаксирате во нашиот базен и да водите здрав живот и во зима. Пливајте и опуштете со чаша шампањ во хотел Руссиа.

Една новинарка, која веројатно сакаше да го испровоцира Воислав Шешељ му понуди од познатите бајадери на Краш. Лидерот на Српската радикална партија не само што се послужи, туку зема три бајадери, а на коментарот на новинарката дека се произведени во Хрватска, Шешељ и објасни дека во Хаг јадел многу хрватски производи.

Евакуацијата на бунтовниците и цивилите од источен Алепо и две шиитски села опкружени со бунтовничките сили на северозападот на Сирија, дефинитивно се одложени на неопределено време.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон извести дека до прекин на евакуацијата дошло откако вооружени напаѓачи ги нападнале автобусите кои што требало да ги превезат жителите на Фуае и Кафраје и поради „немањето на сигурни гаранции за евакуираните“.

Јасер Ал-Јусеф од бунтовничката група Нуредин Ал-Зинки потврди дека евакуацијата е „суспендирана во истиот момент“ кога започнале нападите на автобусите.

Во замена за евакуацијата на бунтовниците, нивните семејства и останатите цивили од источниот дел на Алепо, сунитските бунтовници се согласиле да ги пуштат жителите на шиитските села кај Идлиб, територија која што е под бунтовничка контрола.

Видеоснимките објавени на социјалните мрежи прикажуваат вооружени мажи со долги бради како слават и извикуваат „Господ е голем“, откако ги запалиле автобусите пред да влезат во селата.

Државните медиуми пренесуваат дека за тој инцидент се одговорни „вооружени терористи“, како што ги нарекуваат бунтовничките сили кои што се борат против режимот на сирискиот претседател Башар Ал Асад. Провладините телевизии ја обвинуваат терористичката група Ал Нусра Фронт, група која што е сириски огранок на озлогласената Ал Каида.

Од друга страна, бунтовничките сили тврдат дека за вооружениот напад и палењето на автобусите се виновни радикални групи кои што се тесно поврзани со провладините „оперативци“.

Командант на силите кои што се борат „рамо до рамо“ со сириските војници вчера за сириската државна телевизија порача дека се уште постои шанса, за земјите кои што можат да влијаат на бунтовниците, конечно да пронајдат начин за безбедна евакуација на цивилите.

Во еден од пет напади, американските воени авиони користеле осиромашен ураниум, а половина од 500.000 напади во кои тој бил употребуван биле бомби, покажува статистиката на Пентагон.

Во мај 1999 година, ОН го сокриле целосно од јавноста шокантниот извештај на шефот на првата мисија на УНЕП (Програма на ОН за човековата околина), Сенегалецот Бакари Канти, за еколошките последици од бомбардирањето на СР Југославија. Овој текст никогаш не е објавен од ОН, но некои негови делови „протекле“ во јавноста благодарение на американскиот независен новинар Роберт Парсон, известувачот од меѓународните институции во Женева.

Во наредниот период најмалку 10.000 луѓе ќе умрат од рак во Србија, предизвикан од бомбардирањето со осиромашен ураниум, објавил британскиот биолог Роџер Кофил, а пренесува „Би-Би-Си“.

За оваа тема „Би-Би-Си“ пишуваше уште од 1999 година, а судејќи по зголемениот број на заболени од канцер на овие простори, црните прогнози се покажале и повеќе од точни.

Според Кофил, првиот знак на оваа проблематика е зголемената радијација во речиси сите центри на Балканот непосредно по бомбардирањето.

И додека Пентагон и Министерството за одбрана на Велика Британија и понатаму тврдат дека осиромашениот ураниум не е до таа мера опасен, британскиот биолог со тврди сосем спротивното.

– Она што е најопасно се честиците од прашината, која се подига после бомбардирање со осиромашен ураниум. Станува збор за бета емитери кои можат да „патуваат“ и до 300 километри, а нивното вдишување е смртоносно.

Споменатите честици се задржуваат во плуќата, а неретко завршуваат и во другите ткива, од кои највеќе страдаат бубрезите.

Првите знаци на труење, според британецот, се појавиле шест месеци после бомбардирањето, а првите случаи на леукемија се појавиле во 2000 година.

– Спрема моите пресметки од рак предизвикан од бомбардирање со осиромашен ураниум во наредниот период ќе умрат уште најмалку 10.150 лица. Нема да бидат поштедени ни војниците на КФОР, болничарите… Со еден збор, сите кои во тоа време се затекнале во споменатиот дела на Балканот – објаснил Кофил.

Своите тврдења Роџер ги поткрепува и со укажувањето на децата кои се родени со деформитети, како во Босна, така и во Ирак, каде што НАТО, исто така, користел осиромашен ураниум во бомбардирањето.

Тој додал дека и американските физичари на Универзитетот во Мериленд одамна дошле до истите заклучоци како неговите.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе проглас со кој ги информира сите чии очи се вперени во одбраната на демократијата во Република Македонија, објави партискиот лидер Никола Груевски пред насобраните граѓани на мирниот протест пред Државната изборна комисија.

ПРОГЛАС НА ВМРО-ДПМНЕ

  1. Државната изборна комисија донесе незаконски одлуки со цел изигрување на изборната волја на народот. Работата се претвори во пародија. Имаме информација за вмешување на странски претставници со цел влијание врз некој од членови на Државната изборна комисија во правец на постизборен инженеринг и фалсификување на изборната волја на граѓаните. Некои од независните претставници на Државната изборна комисија не се независни. Незаконските одлуки на ДИК може да ги корегира Управниот суд, повикуваме да не се врши никаков притисок врз Управниот суд од никого. Доколку и Управниот суд подлегне под влијанијата од страна и ги потврди одлуките од Државната изборна комисија и се одземе победата на ВМРО-ДПМНЕ и се фалсификува слободно изразената волја на граѓаните на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ објавува дека нема да учествува во прегласувањето и нема да ги признае резултатите од тоа прегласување.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев, нема да дозволиме да формира Влада со фалсификувана волја на граѓаните на Република Македонија. ВМРО- ДПМНЕ нема да дозволи функционирање на институции со фалсификувана волја на граѓаните и функционирање на институции кои го немаат легитимитетот на граѓаните на Република Македонија.

  1. Државата мора суверено да ги носи одлуките. Некои амбасадори почнаа премногу да се мешаат во внатрешната политика на земјата. Тоа мора да запре. Остануваме отворени за комуникација со сите амбасадори и претставници на други држави, но некои амбасадори кои почнаа премногу да се мешаат во внатрешната политика мора да престанат да го прават тоа. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи понатамошно мешање на амбасадори во внатрешно- политичките прашања на земјата и бараме да останат во рамките на своите мандати и овластувања како дипломати.

ВМРО-ДПМНЕ го напушта форматот на состаноци и преговори со други политички партии во кои учествуваат амбасадори, странски посредници, претставници на други држави, а на кои се преговара или се носат одлуки за кои во секоја држава одлучуваат претставниците избрани од народот.

  1. ВМРО-ДПМНЕ во иднина нема да прифаќа нестандардни или хибридни решенија во било кој сектор доколку истите ги нема во други земји -членки од Европската унија.
  2. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати и нема да дозволи кантонизација и редефинирање на државата под било какви услови и под било какви околности.
  3. Ќе се бориме за ДЕСОРОСОИЗАЦИЈА на Република Македонија и јакнење на независен граѓански сектор кој нема да биде под ничија контрола. Ќе се пристапи кон регулирање на областа на финансирање на фондациите и невладините организации по теркот на најнапредните демократии во светот.

ВМРО-ДПМНЕ, и историски, и во сегашноста, и во иднина била и ќе биде прозападно ориентирана партија, наша ориентација е членство во НАТО и ЕУ и стратешко пријателство со САД. Темелна вредност на НАТО на ЕУ и на САД е демократијата. И овој проглас е проглас за заштита на демократијата во Република Македонија, додаде Груевски пред граѓаните кои протестираат пред Државната изборна комисија.

Вчера во просториите на Град Скопје беше промовиран ,,Планот за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух на подрачјето на скопскиот регион", ,,Краткорочниот план за квалитет на воздухот во скопскиот регион" и ,,Интегрираниот катастар на загадувачите на животната средина".

На истиот беше презентирано дека најголемото загадување со ПМ10 честички во воздухот во Скопје потекнува од загревањето на домаќинствата.

Според Планот за подобрување на квалитетот на воздухот во скопскиот плански регион што го изработија Финскиот институт за метеорологија, Австриската агенција за животна средина, Градот Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање, загадувањето од загревање на домовите е 32 отсто, следуваат сообраќајот со 20 отсто, правот создаден од неуредените површини, уличниот прав и правот од градежните активности – 19 отсто, индустријата – 18 отсто, сулфатните соли – 7 отсто, нитратните соли – 2 отсто, и прекуграничниот пренос на загадувачки супстанции – 2 отсто.

Овие податоци беа објавени на презентацијата на Планот за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух на подрачјето на скопскиот регион, на Краткорочниот план за квалитет на воздухот во скопскиот регион и на Интегрираниот катастар на загадувачите на животната средина што се одржа во петок во просториите на Град Скопје.

– Обврската за преземање мерки за заштита на воздухот од загадување не е само на Град Скопје, туку на сите 17 општини од Скопје и од скопскиот регион. Не може само од Градот Скопје да се чека да ја заврши работата. Затоа, ги повикав сите 17 градоначалници да присуствуваат на оваа презентација и да се вклучат во активностите за намалување на загадувањето, заедно со сите државни институции – рече градоначалникот Коце Трајановски, во своето обраќање пред присутните.

Двајца затвореници киднапирале чувар од најголемиот затвор во земјава „Идризово“ , кај Скопје и го искористиле за да избегаат од таа установа.

Затвореници, кои се осудени за тешки кривични дела на 15 години затвор, земале службено оружје од чуварот и го принудиле да ги изнесе од затворот.

Потоа со неговиот автомобил отишле до селото Незери, откако им се губи секаква трага. Тие се осудени за поседување и трговија со оружје и убиство.

Полицијата издаде потерница за двајцата бегалци.

Полицијата го идентификувала мажот кој во подземната железничка во Берлин турнал жена по скали, но постои сомнение дека тој во меѓувреме побегнал во родната Бугарија.

Германските медиуми пишуваат дека станува збор за 26-годишниот Светослав Стојков, а бугарската телевизија TV Nova потврдила дека споменатото момче има големо криминално досие и во својата татковина.


За него се знае дека се родил во градот Добрич на северот на Бугарија, а моментално живее во Варна на брегот на Црното море.

"Не знаеме ништо за инцидентот и не сме ја виделе снимката", рекла Ибријан, мајката на сопругата на Светослав. Додека Стојков и неговата сопруга Цветанка биле во Германија, таа во нивниот дом ги чувала нивните три деца.

Германските медиуми пренесуваат дека властите од Бугарија ќе бараат екстрадиција на Светослав.

Информациите за неговиот идентитет во полицијата ги дал еден од четворицата мажи, а сите се бугарски националисти, и го испланирале бруталниот напад. Тој бил ослободен од притвор откако платил кауција.

svetoslav-stojanov-najomrazen-berlin-01.png

Бандата прво ја следела жртвата, а потоа Стојков од чиста мира ја удрил со нога во грб. Жената паднала по скалите. Случајните минувачи веднаш притрчале во помош, а напаѓачите побегнале.

Откако снимката од нападот се проширила на интернет, дури и Михаел Кир, поранешен телохранител на Шарлиз Терон и Лејди Гага понудил парична награда од 2.000 евра за било каква информација за напаѓачите.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вчера заедно со партиските функционери Владимир Ѓорчев, Александар Николоски, Никола Тодоров и Никола Попоски оствари средба со амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар.

На состанокот со амбасадорот на Европската Унија Жбогар покрај честитката за успешно спроведените избори, пренесе неколку пораки од Брисел, поточно пренесе дека Брисел цени дека изборите биле слободни и фер, имало голема излезност, дека тоа е многу позитивно примено во Брисел и дека иако имало многу негативни претпоставки во однос на изборите и изборниот ден, сепак имаше мирна кампања и мирен изборен ден.

Амбасадорот додаде дека Брисел очекува парламентот што поскоро да почне да работи и да се избере влада, и потенцираше дека е добро доколку се обезбеди поширока подршка во Парламентот поврзана со реформската агенда која е дел од процесот од зачленување во ЕУ. Тој нагласи дека Брисел повикува на лидерство  со цел протестите пред  ДИК да не излезат од контрола и изрази загриженост од реториката која се користи од дел од говорниците во демострациите. Нагласи и дека ЕУ не се меша во работата на ДИК.

Од страна на партијата се изрази благодарност за честитките за слободните и фер избори.

Се потенцира дека партијата е повеќе од две години загрижена од реториката, но и активностите кои беа превземани при протестите кои се случуваа во Македонија, како што беа палењето на канцелариите на претседателот на државата, кршење и уништување на државен имот, обидите за насилно влегување и палење на штабот на ВМРО-ДПМНЕ, што беше спречено од полицијата, и редица други слични постапки. ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека подржува мирни демонстрации и не подржува говор на омрза, но дека жали што Брисел и меѓународната заедница не изразуваше ваква загриженост и во претходните две години додека се одвиваа демонстрациите.

ВМРО-ДПМНЕ се согласи дека европската агенда треба да е приоритет на новиот парламент и на новата влада.

ВМРО-ДПМНЕ изрази разочараност од некои одлуки на ДИК кој се обидува да изврши постизборен инжињеринг, по што следеа детални информации околу скандалозното гласање на ДИК за поништување на едно избирачко место, базирано на изјава на личност дека не гласала, а истовремено сите членови на изборната комисија потврдија дека на прстот на лицето кое вели дека не гласало имало видливи траги од спрејот кој се става кај секој гласач.

ВМРО-ДПМНЕ информираше дека на  ДИК му беше предочено дека веќе постои судска пракса во Република Македонија, преку веќе донесена судска одлука, со која одлука е одлучено дека во случај ако на некое лице му било ускратено правото на гласање, истото лице имало право да бара заштитата на своето избирачко право, и нема основ за поништување на истото изборно место, посебно ако се земе во предвид, дека тој глас нема влијание на конечните резултати.

Амабасадорот потенцираше дека тие не ги коментираат одлуките на независни државни институции, каква што е ДИК, и колку што разбира конечната одлука треба да ја донесе Управниот суд доколку има жалба на одлуките на ДИК.

На крајот на средбата амбасадорот уште еднаш посочи дека очекува лидерство во правец на неескалирање на состојбите, на што беше одговорено дека неможе да се предвиде што ќе се случи, бидејки има голем број револтирани граѓани чии постапки неможе да се предвидат и целосно контролираат доколку институциите не работат согласно законот.