Веќе десетина дена спасувачите и нуркачите од целиот свет се борат на слобода да ги извлечат децата од пештерата во Тајланд.

12 деца и нивниот фудбалски тренер биле со денови заробени во пештерата, а моментално закрепнуваат, навеле службениците, кои секогаш анализираат кој е најбезбедниот начин тие да се изведат надвор, а во опција е и нуркање. 

Во меѓувреме, сите се прашуваат каква е таа пештера и зошто е толку тешко децата да се изнесат надвор.

 

Имено, мрежата на премини во пештерата е долга околу 9 километри, а децата се заробени некаде на 1,5 километри од влезот. Внатре е студено, мрачно, а времето само изминува.

Како што може да се види на дијаграмот кој го направил CNN, децата со тренерот по влегувањето во пештерата морале да одат нагоре и надолу додека не дошле до местото каде што се. Меѓутоа, кога почнале силните дождови, бидејќи во тек е сезоната на монсуни, останале заробени.

 

Овој дијаграм е само хипотетички приказ како би можела да изгледа внатрешноста на пештерата, но изгледа дека теренот е посуров бидејќи на нуркачите им било потребно многу време да го минат тој километар. Дури по 10 дена наишле на децата и нивниот тренер, што само по себе било чудо. Инаку, на нуркачите им се потребни 4 часа од влезот во пештерата да дојдат до изгубениот млад фудбалски тим. Тоа што следи ќе биде вистински потфат, бидејќи никој не знае со сигурност како ќе бидат извлечени надвор.

Една од можните опции која најчесто се споменувала до сега е децата да се подготват за нуркање. За жал, ниедно од нив не знае да плива, па поради суровоста на теренот, тоа претставува голем проблем.

 

Водата не е проѕирна, па одвај се гледа, а струите се силни. Исто така, таа делница е преполна со секакви премини, што може да предизвика паника во текот на акцијата за спасување.

Спасувачите на децата редовно ќе им доставуваат храна, а поради тоа се појавиле и прогнози дека тие ќе престојуваат таму 4 месеци, додека не мине сезоната на монсуни. Една од опциите е децата да се преместат на некое повисоко земјиште за да се избегне опасноста од поголеми поплави и давење. Сите планови сепак зависат од времето, бидејќи никој не може да предвиди колкаво ќе биде нивото на водата.

 

ЦИА и американската невладина организација Стратфор прогнозираат распад на денешната ЕУ на неколку групи - стара Европа, нова Европа, која ќе биде свртена кон САД, и сојуз на православни земји.

Западниот блок и стара Европа ќе го сочинуваат Франција, Германија, Велика Британија, Австрија, Шпанија, Португалија, Италија, Шведска, Норвешка и Финска. 

Нова Европа ќе ја сочинуваат Литванија, Естонија, земјите од Вишеградската група, Словенија, а овој блок би се наоѓал под германски економски и американски воен патронат.

Третиот блок би претставувал балканска конфедерација која би ја сочинувале православни држави - Србија, Романија, Бугарија, Македонија и Грција. На овој блок би припаднале и БиХ и Албанија.

 

Многу експерти истакнуваат дека ова предвидување треба да се сфати сериозно и потсетуваат дека ЦИА кон средината на 80-тите години од минатиот век најавила распад на тогашната СФРЈ.

Слични предвидувања изнесува и американската невладина организација Стратфор.

Во оваа невладина организација сметаат дека ЕУ наскоро ќе се распадне на два дела: побогатиот Запад и група од мали земји во Централна Европа, кои воено ќе се завртат кон САД.

 

И тие предвидуваат создавање на православна унија - Византија. За тој сојуз, како што наведуваат, основата на формирањето ќе бидат - парите.

Геополитичките експерти се согласни дека дошло време на повеќе блоковски системи, со неколку центри на моќ, и дека САД и НАТо повеќе нема да имаат главна улога на светската сцена.

Распадот на ЕУ најмногу ќе им одговара на САД и РУсија, наведуваат некои портали за политичка аналитика.

"Брегзит" и доаѓањето на Доналд Трамп на чело на САД многумина го гледаат како јасно забрзување на предвидениот распад на ЕУ.

Министерот Матео Салвини на прес конференција ги презентираше денеска своите приоритети во борбата против мафијата, за наеднаш да скокне во базенот на вилата во Тоскана , што ја конфискувала полицијата од еден мафијаш. Вилата била запленета од мафијашот во 2007 година по 24 години правна процедура , за потоа да биде претворена во луксузен хотел.

Партијата Лига на Салвини , која ги доби гласовите на ланските избори преку ветувањата за борба со организираниот криминал , годинава немаше ниту збор за ова ветување .

Затоа денеска Салвини високо на своите приоритети ја стави борбата против мафијата ,, Мораме овие господа да ги оставиме само во долна облека .”рече министерот од базенот.

Резултат со слика за Siena, Salvini nell'azienda agricola confiscata alla mafia. E si tuffa in piscina

Резултат со слика за Siena, Salvini nell'azienda agricola confiscata alla mafia. E si tuffa in piscina

Новинарите на британски “The Sunday Times” тврдат дека ја решиле мистеријата околу воздушните напади на позициите на сириската армија кои што неодамна беа изведени на истокот на Сирија.

Како што тврди “The Sunday Times”, еден борбен авион на британското воено воздухопловство минатиот месец во близина на границите на Сирија со Ирак и Јордан извел воздушен напад на позициите на сириската армија.

Притоа, во нападот беше убиен еден војник на сириската армија, а ранети уште седмина, а до ден денес не беше познато кој стои зад воздушниот напад.

 

Воздушниот напад бил изведен од страна на британски воен авион „Тајфун“ и тоа со бомба со околу 225 килограми експлозив. Бомбата била фрлена на позициите на сириската армија чии што војници воделе борба со исламистички екстремисти во близина на базата „Танф“ каде што е распоредена американската, но и британската армија.

Овие информации на “The Sunday Times” можеби конечно ја решаваат мистеријата околу нападот на владините сили во Сирија за кој што досега никој не превзеде одговорност, иако секако досега имаше разни нагаѓања.

Секако, веднаш откако се појави веста за нападот, се тврдеше дека истиот е изведен од страна на САД, но од американски Пентагон експресно ја отфрлија одговорноста за изведувањето на воздушниот напад во Сирија.

Покрај тоа, традиционално беше обвинет од Израел од каде што одбија да ги коментираат таквите шпекулации, а сега се чини дека има и трет играч во Сирија кој што делува независно или пак во моментите кога Американците ќе побараат „вклучување во акцијата“.

Иако завладеала огромна радост кога групата млади фудбалери биле пронајдени во пештерата длабока 10 метри на Тајланд, таа набрзо била засенета од грижата за тоа како децата и нивниот тренер ќе се извлечат на површината.

Тие се наоѓаат длабоко во потопената пештера, веќе десет дена седат на "плажа" и чекаат помош. А кога помошта конечно пристигнала, уследиле бројни прашања и проблеми. 

Ниту едно од децата не знае да плива, па така првобитниот план е децата да научат да нуркаат. Имало планови и да се избуши дупка или да се спушти нивото на водата, но тоа е се под знак прашалник. Исто така, ни временската прогноза не им оди на спасувачите во прилог.

На крајот, се размислувало и за тоа групата фудбалери да остане во пештерата до крајот на дождливата сезона, па потоа да се почне со евакуација кога нивото на водата целосно ќе се намали. Секако, во меѓувреме, и децата и тренерот ќе ги добијат сите услови за да преживеат четири месеци во темнината.

Меѓутоа, изгледа дека и тој план е откажан, и сега повторно во игра е планот број 1 - децата да научат да нуркаат и така да се обидат да излезат на површина. Зошто? Одговорот е многу јасен, временската прогноза е катастрофална и тајландските власти се во паника дека нивото на водата ќе се крене до степен да ги поплави и просториите во кои се наоѓаат децата. Па така, почнува голема трка со времето.

"Временската прогноза не ни оди на рака и акцијата за спасување мора да се забрза. Ќе употребиме опрема за нуркање, тоа е дефинитивно. Ако нивното на вода се крене, не чека пекол, многу тешка задача. Мораме што побрзо да ги извлечеме тие деца на безбедно", рекол тајландскиот министер за внатрешни работи, Анупонг Паојинд.

Министерот е свесен дека тоа што следи е многу опасно и ризично.

 

"Нуркањето не е лесно, посебно за луѓе кои никогаш не го правеле. А замислите како е да се нурка во пештера полна со ходници и премини...Едноставно, човек кој сака да мине низ таа пештера, мора добро да знае да ја користи опремата за нуркање. Ако во било кој момент дојде до проблем со опремата, тоа може да биде погубно", рекол министерот, потврдувајќи дека децата не знаат да пливаат, што страшно ја компликува целата операција.

Во меѓувреме, спасувачите на Твитер објавиле дека бараат 15 маски за нуркање за деца.

 
 

 

Италијанската полиција уапси 17 лица во операција за нелегална трговија со мигранти и оружје. Осомничените ги извршувале криминалните акативности во соработка со сицилијанската мафија и со паравоени сили што работат на Балканот, тврдат обвинителите на окружната Дирекција против мафијата во Палермо, кои ја координирале операцијата.

Против уапсените се поднесени различни обвиненија за злосторничко здружување, за трговија со мигранти долж балканската рута, за трговија со оружје и накит и перење пари, информираат од италијанската воена полиција. Налози за притвор се издадени за деветмина италијански државјани од Палермо, како и од северните провинции Комо и Сондрио, додека осуммина се од Балканот. Меѓу нив има и Албанци од Македонија.

Почнувајќи во 2016 година, истрагата открила две различни оперативни структури во рамките на таквата група. Една од нив била фокусирана на фаворизирање на влезот на нерегуларни мигранти од Балканот во Италија и Швајцарија, додека втората истрага била посветена на оружјето за трговија со луѓе и перење на нелегалните приходи добиени од грабежи.

Истрагата е спроведена со судските органи во земјите од каде што потекнуваат приведените лица. Истражителите имаат докази за некои од осомничените кои имале најмалку три средби со двајца членови на сицилијанската мафија помеѓу ноември 2016 и октомври 2017 година.

Што се однесува до обвинението за шверц со оружје, полицијата соопшти дека еден од приведените Македонците, поседувал кратко и долго боево оружје и неколку бомби, од кои некои неодамна биле продадени на други субјекти на Балканот. Најмалку еден од тие субјекти во моментов бил баран од македонската полиција како член на паравоената група – Ослободителна војска на Косово. Паравојните сили беа инволвирани во вооружен напад во градот Куманово во Македонија во мај 2015 година, што резултираше со смртоносни судири со македонските безбедносни сили.

„Таквиот фактор (врските со италијанската банда и осомничени парамилитарци на Балканот) претставуваше најголем алармантен аспект на нашата истрага”, рече шефот на Карабинери во Палермо.

Синоќа во хрватското Собрание обезбедувањето морало да реагира и да го изнесе од салата пратеникот од партијата „Жив ѕид“, Иван Пернар, бидејќи не сакал самиот да ја напушти седницата, откако претседателот на Собранието Синиша Хајдаш Дончиќ го побарал тоа.

Откако добил две предупредувања поради довикување од место и се оглуши на барањето на спикерот да ја напушти седницата, Пернар остана на своето место и побара спикерот да го повлече своето предупредување.

По петминутната пауза, мораше да интервенира собраниското обезбедување и Пернар беше физички изнесен од седницата.

Целиот свет со радост ја дочекал веста дека 12-те деца и нивниот тренер биле пронајдени живи во пештерата на Тајланд, а сега како главен предизвик се поставува прашањето како да ги извлечат од пештерата која многумина ја нарекуваат лавиринт.

Постојат стравови дека условите се премногу опасни за децата да се транспортираат, па војската праќа храна која може да трае четири месеци, до крајот на монсумската сезона. 

Спасувачите засега сметаат дека е попаметно да се почека нивото на водата да се симне, за да се создадат услови за безбедно спасување на групата деца.

Што јаделе и пиеле?

Уште едно прашање за кое многу се зборува е што јаделе и пиеле децата 10 дена.

Се претпоставува дека не јаделе ништо, односно имале само малку храна која можеле да ја понесат со нив во пештерата.

Еден спасувач изјавил дека состојбата на децата е "прилично лоша", а тие неколку пати им кажале на британските нуркачи дека се гладни.

Едно од децата на својот пријател на тајландски јазик постојано му повторувало: "Кажи им дека сме гладни".

Кога станува збор за вода за пиење, веројатно ја пиеле водата која се филтрирала низ карпите или пиеле дождовница.

Во текот на целата акција за спасување и потрагата, властите изразувале загриженост дека децата пијат загадена вода, а приоритет е добивање на чиста вода или систем за филтрирање на вода за децата.

 
 
 
 
 
 
 

Лидерот на “CSU”, Хорст Зехофер синоќа за германските медиуми изјави дека бил постигнат договор со сестринската партија “CDU” околу спорот за мигрантите.

Како што потврди Зехофер, двете партии постигнале договор за спорот со мигрантите и додаде дека ќе продолжи да ја извршува функцијата министер за внатрешни работи на Германија.

„После интензивните разговори на “CDU” и “CSU”, постигнавме договор за тоа како можеме во иднина да ја спречиме илегалната имиграција на границата помеѓу Германија и Австрија“, изјави Зехофер за германските медиуми после повеќечасовните разговори со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин.

Како што е познато, Зехофер претходно понуди оставка на двете позиции, затоа што не можеше да се договори со Ангела Меркел околу контролата на јужната граница на Германија и воведувањето на контроли на границата кои што би опфаќале и единици за враќање на мигрантите од германските граници.

 

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека на синоќешниот кризен состанок со “CSU”, после „тешката борба“ е постигнат компромис за миграцијата кој што предвидува воспоставување на транзитни центри на границата помеѓу Германија и Австрија.

Имено, од тие центри на мигрантите не само што нема да им биде дозволено да влезат во Германија, туку и ќе бидат враќани во земјите од Европската унија каде што биле претходно регистрирани, објасни Меркел.

„Со тоа е сочуван духот на партнерството во Европската унија“, изјави Ангела Меркел и додаде дека истовремено ќе бидат превземени национални мерки со цел државата подобро да управува со миграцијата, тема која што во изминатиов период стана прилично горчива во германското општество.

За овој предлог инаку веќе се разговараше во 2015-та година, но тој тогаш не помина поради противењето на коалицискиот партнер “SPD”. Според информациите на германските медиуми, “SPD” овој пат нема да го кочат таквото решение.

Сликата за јавното здравство не може да се смени преку ноќ, затоа преземавме револуционерни чекори, со поголеми плати за докторите, платени се и специјализантите, а променета е и локацијата на новиот Клинички центар, изјави министерот за здравство Венко Филипче во емисијата „Топ тема“ на тв Телма.

Како прв чекор потврди бесплатно лекување за сите граѓани на РМ од 1 јануари 2019 година, што значи, како што кажа тој, дека нема да се плаќа партиципација без разлика на тоа во која болничка установа се лекуваат и на извршената здравствена услуга.

Во однос на најавата за зголемување на платите на специјалистите од 1 јануари 2019 до 100.000 денари, ресорниот министер рече оти тој процес веќе е почнат.

- Јавното здравство за да расте и да се надградува треба да добие дополнителна сума пари. Првиот чекор за зголемување на платите на специјалистите веќе се направи преку зголемување на сумата за дежурства и за ноќен труд меѓу 20 и 40 отсто, платата на лекарите специјалисти се зголеми во зависност од струката и јавната здравствена институција во која работат. Тоа најмногу го почувствуваа лекарите на Клинички центар, нешто помалку во другите болнички установи ширум земјата, рече тој.

Вели дека се уште има долгови во здравството и само со домаќинско работење и со дополнително финансирање на буџетот на РМ ќе може да се надминат предизвиците и земјава ќе тргне по патот на градење модерен здравствен систем.

Според него, постоечкиот Клинички центар нема инфраструктурна можност да даде интегрирана здравствена услуга. Во реномирани земји, вели министерот, се даваат здравствени услуги во една зграда со дијагноза и лекување во најбрз рок. 

- Ова е една од најзначајните одлуки што ја донесе оваа Влада. Но нема потреба да брзаме со градбата на Клинички центар за да добиеме неквалитетно и нефункционално решение. Според сегашната динамика за година и половина може да почнеме со проектирање, а до пет години и финиширање на градбата со сите стандарди, рече Филипче.

Најави дека ќе има дополнителни инвестиции од Буџетот и тој износ треба да се зголеми за да имаме квалитетно здравство за подобра инфраструктура, поголеми плати и нова опрема.

Во врска со скапата опрема што досега била купувани во болничките центри, тој вели дека за секоја опрема која Министерството планира да ја купи треба точно да се знае каков бенефит ќе имаат пациентите за вредноста што ќе се плати.

На прашање за ПЕТ центарот дека работи со многу мала искористеност, а беше најавуван како главен за регионот, Филипче вели дека треба да се направи нов модел на функционирање.

- ПЕТ центарот сега работи со само пет отсто од капацитетот. Треба да направиме нов модел на функционирање. Главниот апарат е малку искористен, па затоа ќе треба да најдеме странски или надворешен партнер за производство и продажба на изотопи од што ќе имаме голем бенефит, вели тој.

Најави и оти се планираат централизирани набавки без оглед како функционираат сега клиниките, такви модели веќе има во соседството, за да може да набавиме поголема количина, по пониска цена и подобро да ги планираме тие материјали за да нема дефицит на лекови.

Во врска со набавката на ретки лекови, вели дека сите граѓански организации и здруженија на пациенти се поканети да учествуваат не само во тендерските постапки, туку и на претходниот процес, а тоа е планирање на количините, оти тие знаат што им е потребно, со што се соочувале досега да бидат дел од целиот процес. 

Истакна и оти е сменет начинот на кој се евалуира позитивната листа на лекови.

- Досега имавме големи комисии кои беа нефункционални, сега ќе имаме една комбинирана комисија кој ќе ги разгледува сите барања и ќе носи препораки за лековите на позитивната листа, рече тој.

Филипче најави и оти се прави план за отворање национален кол центар за брза помош со што ќе се пружа соодветна услуга за пациентите со што ќе се намали притисокот над болниците, а се инвестира во возилата.

- Треба да се воведе и нова медицинска служба како парамедикс која може да интервенира и во домашни услови. Со таа служба значително ќе ја подобриме патронажата и домашната посета, истакна министерот.

Во врска со селењето на сегашната Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје, на локацијата кај Мајчин дом во Аеродром, Филипче рече дека не може да се биде сигурен оти реконструкцијата на Градска болница ќе даде голем квалитет, таа инвестиција нема да продолжи бидејќи локацијата е преоптоварена и нема услови за повеќе, па затоа ќе се префрли на друго место.

На прашањето за се поголемиот одлив на лекари, и дали  има стратегија за нивно задржување во земјава, Филипче рече дека  лекарите ќе ги задржиме со зголемување на платите, а се работи и на подобра едукација, за што имаат договор со клиниката од Франкфурт и работат со нови врвни методи, а тоа, како што кажа, ќе се спроведе и во сите други области. 

- Медицинските сестри ќе може да ротираат на работа во Германија или Чешка, не е вистина дека сум барал од германскиот колега министер да им забрани издавање дозвола за работа, рече министерот за здравство.