(0 гласови)

Кинеските власти одлучија да го заострат ограничувањето на движење на цивилите во провинцијата Хубеи чиј главен град е Вухан, ценнтар на епидемијата на смртоносниот Корона вирус.

60 милиони луѓе колку што живеат во провинцијата не смеат да излезат од своите домови освен ако не станува збор за итен случај. Употребата на приватните автомобили е целосно забранета.

Жителите на Вухан мора да останат во своите домови, а на секои три дена, по едно лице може да излезе од домот за да купи храна и неопходни намирници. Во зградите и стамбените комплекси само еден влез е отворен, а често пред влезот стојат вооружени чувари.

Сепак, додека кинеските власти прават големи напори за сузбивање на вирусот, истовремено на социјалните мрежи се појавија снимки на кои може да се види како неколку лица намерно ја шират заразата.

Имено, на снимките може да се видат како лицата намерно кашлаат врз копчињата од лифтовите со цел да се рашири заразата.

Инаку, властите од Пекинг одлучија сите кои ќе влезат во градот 14 дена да поминат во карантин, или во спротивно ќе бидат уапсени. Сите продавници се затворени, освен аптеките, хотелите и супермаркетите. Кинеската централна банка веќе започна и да ги дезинфицира банкнотите за да се спречи ширењето на Корона вирусот.

(0 гласови)

Скопјанката Влера Ѓакова која е пратеничка во Косовското собрание од редовите на владејачкото движење Самоопределување на премиерот Албин Курти ја поддржува македонската јавност која се противи на промена на името и политичката трговија без преседан. Ѓакова денеска на Твитер напиша: “Бидете мирни и останете држава. Никогаш Северна, секогаш Македонија”.

Ѓакова е од Скопје, работеше како шеф на кампањата на кандидатот за претседател на Македонија Блерим Река кој сега е министер за европски прашања на Косово. Предходно Ѓакова напиша дека пред 3 години била дел од студенскиот пленум, протестите и други активности против поранешната влада на Никола Груевски кого го критикуваа на ТВ дебати. Влера Ѓакова вели дека била против референдумот за промена на името а сега не гледа причина да продолжи тоа што се случувало при промена на името.

“Но сега не гледам било каква причина да се продолжи со слична политичка трговија особено за иднината на Специјалното јавно обвинителство. ќе бидам силен противник на: – Политички зависно правосудство

– Непотизам во државната администрација

— нереформирана државна администрација”, пишува Гакова која е една од ретките македонски Албанки/ци кои се против промена на името и отворено се противат на политичкиот пазар во кој учествуваат сите партии на Албанците во Македонија.

(0 гласови)

Поранешниот советник во Министерството за финансии Бранимир Јовановиќ, кој беше еден од главните креатори на финансиските политики на СДСМ во времето на министерувањето на Драган Тевдовски, со ироничен став за Маршот на правдата. Во статус објавен на Фејсбук тој ги повика Заев и СДСМ кога ќе маршираат за правда, да поминат покрај хотелот „Мериот“, болницата „Систина“, но и да свратат кај Крсто Мукоски… веројатно на бацирака.

- Кога ќе марширате утре за правда, не заборавајте да поминете покрај Мериот, да му се заблагодарите на Бате Саше за сесрдната помош. А потоа и до Систина, да го поздравите Газда Орце, новиот борец против корупцијата и неправдата. А потоа и до кај Крсто и другите амнестирани и спасени поради забранава “бомбите” да се користат како докази. До Будимпешта не мора да одите, како што тргнало, Николче наскоро сам ќе се врати, напиша  Јовановиќ.

(0 гласови)

До изборите министерското место за труд и социјална политика во техничката Влада ќе остане празно откако ВМРО-ДПМНЕ до вчерашното распуштање на Собранието не даде нов предлог за оваа позиција по разрешувањето на техничката министерка Рашела Мизрахи.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски на прес-конференција во седиштето на партијата соопшти дека нема да предложат ново име бидејќи, како што рече, не сакаат да учествуваат во игрите на Зоран Заев и Оливер Спасовски.

– Тоа беше една процедура во која слугата на Заев, Оливер Спасовски, на начин на кој ги прекрши сите закони и политички договори, се обиде да го затскрие моментот кога јавноста, а и пратениците слушаа како всушност Зоран Заев го советувал Бојан Јовановски, како објаснува дека знаел за делувањето на Меѓународниот сојуз и ја помагал работата на телевизијата. Сето тоа се обиде да го сокрие со смената на најдобриот министер во Владата Рашела Мизрахи. Ние тој чин не го признаваме и немаме намера да бидеме дел од оваа игра на која основен сценарист е Зоран Заев, а извршител Сапсовски, рече Мицковски, одговарајќи на новинарско прашање.

По разрешувањето на Мизрахи од страна на Собранието, техничкиот премиер Оливер Спасовски испрати барање до ВМРО-ДПМНЕ да назначи нов министер за труд и социјална политика, но до распуштањето на Собранието таков предлог не дојде од страна на опозициската партија.

Во ваква ситуација, со овој ресор до изборите би требало да раководи дополнителната заменик-министерка Санела Шкријељ, која е предлог на СДСМ, а по изборите па се до изборот на новата Влада, раководењето со овој ресор треба да го презеде редовниот заменик-министер во ова Министерство, Ѓонул Бајрактар.

Техничката министерка Рашела Мизрахи беше разрешена на предлог на техничкиот премиер Оливер Спасовски поради непочитување на уставното име на јавните настапи, односно поради таблата со името „Република Македонија“ пред која држеше прес-конференции. Владата соопшти дека Мизрахи носела решенија за кадровски промени и овластувања и на 14 февруари, на денот кога во Собранието беше покрената постапка за нејзино разрешување од функцијата технички министер за труд и социјална политика. Овие решенија беа поништени на последната владина седница.

(0 гласови)

Денеска инстант лозот Мини Макси донесе Среќа Плус на млад брачен од Битола.

Лилјана и Илија Ванчовски, од денес ќе се возат во својот автомобил MINI ONЕ благодарение на СРЕЌА ПЛУС на Државна лотарија.

Со оглед на тоа дека се верни играчи на игрите на среќа на Државна лотарија, среќните добитници чија свадбена прослава се одржала на 25 октомври, на свадбената покана напишале дека наместо цвеќе и бонбониери би сакале да добијат инстант лозови. Од многуте коверти со инстант лозови кои се специјално дизајнирани и наменети за ваков вид на прослави имале помали добивки за кои на продажното место Димпо во Битола, направиле замена исклучиво со инстант лозот Мини и Макси посакувајќи еден од атрактивните автомобили. Денес со клучевите во рака, Лилјана и Илија, среќни ни раскажаа за нивното неизмерно изненадување, возбуда и среќа. Убаво е кога заедничкиот живот ќе го започнеш со СРЕЌА ПЛУС.

kgn img 497969

Приказната на Лилјана и Илија е уште еден доказ за успехот на СРЕЌА ПЛУС на Државна лотарија и потврда дека секому среќните мигови можете да му ги направите уште посреќни со дарување инстант лозови.

Им честитаме на младенците на кои подарените инстант лозови им донесоа вистинска СРЕЌА ПЛУС и им пожелуваме долговечна заедничка среќа.

Денес, на денот на љубовта и виното, ве потсетуваме дека е убаво време за дарување. Во среќни мигови дарувајте инстант лозови и подарете шанса за СРЕЌА ПЛУС на Вашите сакани.

(0 гласови)

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, смета дека Босна и Херцеговина нема да постои на пролет следната година ако не се врати на дејтонската позиција.

Тој порачал и дека Република Српска тргнала на пат за излегување од БиХ, од кој нема враќање. 

"Ние ќе го направиме тоа и нема да не спречат ни САД ни било кој друг, бидејќи сметаме дека Дејтонскиот договор е урнат, пред се со интервенција на меѓународни фактори", рекол Додик пред новинарите во Сараево.

Тој навел дека времето ќе покаже колку Република Српска е сериозна во таа намера, наведувајќи дека Српска има избор меѓу две опции, од кои едната е да си дозволи на себе тивко да исчезне и да биде урната преку "смртоносниот" пакет кој го направиле меѓународната заедница и босанската страна во Сараево.

 

"Во првата фаза тоа беше реализирано преку висок претставник и наметнување на решенија, а сега тоа го прават преку Уставниот суд, сакајќи тоа да го заштитат со приказната за владеење на правото. Ако станува збор за владеење на правото нема тука да одлучуваат странци и амбасади", истакнал Додик.

Тој додал дека е друга работа "Република Српска да го направи тоа што мора", пренесува Sputnik.

"Сакам сите во Република Српска да знаат - работата дојде до ѕид и ние сега мора да одлучиме дали ќе прифатиме американската амбасада и западните амбасади со тие лажни флоскули да не одржат во некоја приказна со некои начела, а во суштина ги поткопуваат нашите права", рекол Додик.

Додик нагласил дека ни тој, ни било кој друг нема право да го занемари фактот дека за Република Српска и слободата на нејзините граѓани загинале 29.000 луѓе.

Тој повторил дека Српска не може да верува во БиХ.

"БиХ е лошо место и место за неслобода на Србите и Српска. Ако нема договор странците да заминат од Уставниот суд и тој да биде ставен во функција, како во сите други држави, тогаш нема ни БиХ. Тоа нека го запаметат", нагласил Додик.

 

Со оглед на последните случувања во БиХ и на пресудата на Уставниот суд за земјоделското земјиште, Додик нагласил дека би било најдобро народите во БиХ да се разделат и да се направи "нешто што би било простор за слободно движење на луѓето и робата", со оглед на тоа дека не е можно да се создаде држава која функционира на принцип на два ентитета и три конститутивни народи.

"Што и да направат, сега мора да знаат дека влегоа во стартната позиција за самостојност на Република Српска. Ние нема да дозволиме, ова е црвената линија која е премината. Уставот на БиХ јасно ги пропишува надлежностите на БиХ, а никаде не пишува дека Имотот влегува во нејзината надлежност", пишува Додик.

(0 гласови)

Новиот коронавирус, сега официјалниот наречен Ковид-19, е сличен на оној кој бил откриен на лилјаци во Кина во 2013-та година.

Меѓутоа, недостигот на постапување во склад со предупредувањата на оние кои го проучувале значи дека сме пропуштиле можност да го заштитиме населението. 

Иако некои сега тврдат дека вирусот Ковид-19 на луѓето се пренел од панголите, веројатно е дека тие животни биле само жртви на инфекцијата, како и луѓето.

"Од досега достапните визуелни докази, вирусот речиси сигурно дошол од еден вид на лилјаци", вели Ендру Канингем од Зоолошкото друштво во Лондон.

Со години Женг Ли Ши и нејзините колеги од Институтот за вирологија во Вухан ги изолирале коронавирусите од лилјаците во пештерите во кинеската провинција Јунан.

 

Во лабораторија во 2013-та година пронашле коронавирус кој може да ги зарази човековите клетки. Минатата недела Женг известила дека тој вирус е 96 проценти идентичен со вирусот Ковид-19, кој сега се шири меѓу луѓето.

Во 2016-та година, Вејн Мараско од медицинскиот факултет на Харвард и неговите колеги откриле дека вирусот кој го откриле Женг и нејзината екипа може да се репродуцира во клетките на човековите дишни патишта. Тие тој вирус го опишале како "предодреден да се појави кај луѓето".

Меѓутоа, понатамошните истражувања на вирусот ги спречила одлуката на американската влада да се забрани работата на промена на вирусите на начини кои би можеле да ги направат поопасни.

 

Работата на екипата насобрана околу Женг исто така открила дека вирусите може да се пренесуваат директно од лилјаци на луѓе кои живеат во близина на нивните пештери. Нејзините забелешки укажуваат дека не е неопходен пангол за вирусот Ковид-19 да се прошири на луѓе, а претходно открила дека и САРС може да мине од лилјаци на луѓе, а претходно да не зарази други животни.

Минатата година предупредила дека постои голема веројатност дека коронавирусот ќе се прошири од лилјаци на луѓе во Кина. "Истражувањето на коронавирусот на лилјаци станува итно прашање за рано откривање на знаците за предупредување", напишала таа тогаш.

Со оглед на тоа дека таа можност била пропуштена, Женг повикала на зголемување на напорите за да се развијат лекови и вакцини.

Потсетуваме, бројот на починати од коронавирусот во кинеската покраина Хебеј скокнал денес за рекордни 242 и вкупно изнесува 1310, а дошло и до големо зголемување на бројот на нови потврдени случаи на зараза по примената на новата дијагностичка методологија.

(0 гласови)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е убеден дека на 12 април ќе има предвремени избори, а ако Собранието не се распушти до недела, според него ќе настапи сериозна политичка криза.

„Убеден сум дека ќе се одржат изборите на 12 април. Ако не се распушти Собранието до недела влегуваме во сериозна политичка криза“, вели Мицкоски, кој вчера гостуваше во емисијата на Алфа „Што не е јасно?“ во одговорот на прашањето дали по барањето за разрешување на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи е можно да се случи престврт и да се доведе во прашање одржувањето на изборите.

Тој рече дека во Собранието се врши пазар за да се обезбеди двотретинско мнозинство за предлог законот за јавно обвинителство.

„Не би сакал да се симнувам толку ниско да откривам како течел пазарот денеска. Но ова е показна вежба што ќе се случува на 12 април, и ден потоа кога ќе изгуби Заев и ќе се види уште еднаш на што сѐ е подготвен“, вели Мицкоски, според кого предлог-законот за ЈО е неуставен и неговата партија нема да го поддржи.

Тој зборуваше и за тоа зошто неговата партија нема да го напушти Собранието, појаснувајќи дека доколку неговата партија се одлучела на таков чекор експресно ќе биле изгласани не само законот за ЈО, туку и  други закони, од кои според Мицкоски ќе профитира семејството на Заев.

„Најсреќен ќе беше Зоран Заев да го напуштевме ние денеска парламентот, сите оние закони за марихуана ќе си поминеа. Најсреќен тој ќе беше ние вчера да завршевме со изјава после ИК на партијата дека го напуштаме парламентот. Сите верувајте денеска на брза трака ќе влезеа сите закони, не закон за обвинителство туку оние закони кои ќе донесеа пари во фамилијата“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

(0 гласови)

На снимката која ја објави сириската новинска агенција „САНА“ може да се види како еден од мештаните со американско знаме во рацете се расправа со тројца американски војници, откако во близина на неговото село дошло до инцидент во кој војниците убиле 14-годишно дете.

 

(0 гласови)

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев до Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднел докази за злоупотреби од вработени во МВР со јавната набавка на обрасци за лични документи.

Издавањето на личните документи доцни и се создава метеж од декември 2019 година поради недостиг на обрасци.

Министерот Чулев вели дека вината за тоа е кај Оливер Спасовски кој четри години не презел мерки за набавка на обрасци за лични документи. Анализите во Министерството покажале дека обрасците место со нов договор се обезбедувале по пат на анекси на стариот договор со компанијата „Веридос“, па договорот од 7,2 милиони евра, со анексите се искачил на 12,8 милиони евра во кои влегла и набавка на хардвер без софтвер.

„Нашите индиции, со докази, дека одговорни лица ја злоупотребиле службената положба и овластување ги доставивме до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Доколку се потврдат ние ќе иницираме дисциплински постапки против вработените“, рече министерот Чулев.

Тој рече дека ќе почека Обвинителството да утврди точно кои вработени кои работеле на јавната набавка ја злоупотребиле службената положба, но дека доказите се главно за комисиите кои се менувале, се откажувале членови, се назначувале нови кои ги одобрувале анексите со кои договорот постигнал речиси двојно повисока вредност од првичната. Иако вредноста била дуплирана, во анексите не бил прецизиран начинот на плаќање, не бил утрвден рокот на плаќање, ниту рокот за доставување на обрасците, немало технички спецификации за изгледот на новите документи, за службените и дипломаттските пасоши и за техничките спецификации место МВР било оставено да одлучи „Веридос’, а имало авансни исплати.

За надминување со настанатиот хаос околу издавањето на личните документи Чулев вели дека одлучиле службите за издавање лични документи во Скопје, Беко и Ѓорче Петров, до изборите да работат и во сабота и со продолжено рабтно време односно од 07.30 часот до 21 часот.

Метежот поради доцнењето во издавањето на лични карти и возачки дозволи, министерот Чулев рече дека веќе се надминува, а за проблемот со пасошите најави дека детално ќе ги информира граѓаните утре.

Минатиот месец на прес – конференција, Чулев рече дека обрасци за пасоши имаат до средината на февруари, а новата набавка е на 28 март. Како ќе го решаваат овој проблем Чулев рече дека ќе соопшти утре.

Top